Pulp

англиска рок-група

Pulp (транскрипција: Палп) ― англиска рок-група основана во Шефилд во 1978 година. Најпознатиот состав на групата го сочинувале: Џарвис Кокер (пејач, гитара, клавијатури), Расел Синиор (гитара, виолина), Кендида Дојл (клавијатури), Ник Бенкс (тапани, перкусии), Стив Меки (бас) и Марк Вебер (гитара, клавијатури).

Pulp
Pulp на настап во Hammersmith Apollo во 2023
Животописни податоци
ПотеклоШефилд, Англија
Жанрови
Период на активност
  • 1978–2002
  • 2011–2013
  • 2022–денес
Издавачи
Мреж. местоwelovepulp.info
Членови
  • Џарвис Кокер
  • Кендида Дојл
  • Ник Бенкс
  • Марк Вебер
Поранешни членови

Групата имала умерен успех во текот на 1980-тите, но стекнале популарност во Обединетото Кралство во средината на 1990-тите по објавувањето на албумите His 'n' Herѕ (1994) и особено со Different Class (1995), кои се искачиле на прво место на Британската топ-листа за албуми. Четири синглови од Different Class се пласирале во топ-10, меѓу кои биле: „Common People“ и „Mis-Shapes/Sorted for E's & Wizz“, кои стигнале до второ место на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство. Во овој период Палп создавале поп-рок песни под влијание на диско-музика, а стиховите се однесувале на британската култура. Кокер и групата станале челници на Бритпоп движењето.[4] Во 1994 година Pulp биле номинирани за музичка награда „Меркјури“ за His 'n' Hers; тие ја освоиле наградата во 1996 година за Different Class и во 1998 година уште еднаш биле номинирани за This Is Hardcore. Палп двапати биле главни изведувачи на Pyramid Stage на фестивалот Гластонбери и биле вклучени во „големата четворка“ на бритпоп-музиката, заедно со Oasis, Blur и Suede.[5][6]

Во 2001 година го издале албумот We Love Life, а потоа заминале на еднодецениска пауза. Pulp повторно се составиле во 2011 година и настапиле на фестивалите: Isle of Wight Festival, фестивалите во Ридинг и Лидс, Похода, Сигет, Примавера Саунд, Егзит и Wireless Festival. Исто така одржале и многу други концерти. Во јануари 2013 година, Пулп ја објавиле песната „After You“, како сингл за дигитално преземање. Ова било прво сингл издание на групата по „Bad Cover Version“ од 2002 година. На 9 март 2014 година, Pulp и режисерот Флоријан Хабихт, на музичкиот и филмскиот фестивал SXSW во Остин, премиерно го прикажале долгометражниот документарен филм „Пулп: Филм за животот, смртта и супермаркетите“. Филмот, по турнејата на меѓународни филмски фестивал, ја имал кино-премиерата во ноември 2014 година.[7][8] Ова бил прв филм за Pulp (и Шефилд) снимен во соработка со групата. По ова, групата повторно заминала на пауза, но во 2022 година, Кокер објавил дека групата повторно ќе се обедини за низа концерти во 2023 година.[9]

Џарвис Кокер на фестивалот Сигет во Будимпешта со Pulp во 2011 година.

Членови на групата

уреди
Сегашни членови
  • Џарвис Кокер  – главен пејач, гитара, клавијатури (1978–2002, 2011–2013, 2022–сега)
  • Кендида Дојл  – клавијатури, оргули, придружни вокали (1984–1986, 1987–2002, 2011–2013, 2022–сега)
  • Ник Бенкс  – тапани, удирачки унструменти (1986–2002, 2011–2013, 2022–сега)
  • Марк Вебер  – гитара, клавијатури (1995–2002, 2011–2013, 2022–денес; музичар на турнеја 1994–1995)
Поранешни членови
  • Стив Меки  – бас (1988–2002, 2011–2013, починал 2023)
  • Расел Сениор – гитара, виолина, вокал (1983–1997, 2011)
  • Питер Далтон – гитара, клавијатури, вокал (1978–1982)
  • Иан Далтон – перкусии (1978–1979)
  • Дејвид „Габа“ Локвуд – бас (1979)
  • Марк Свифт – тапани, перкусии (1979–1980)
  • Филип Томпсон – бас (1979–1980)
  • Џими Селарс – тапани (1980–1981)
  • Џејми Пинчбек – бас (1980–1982)
  • Вејн Фурнис – тапани, гитара, бас (1981–1982)
  • Дејвид Хинклер – клавијатури, оргули, тромбон, гитара (1982–1983)
  • Сајмон Хинклер  – бас, гитара, клавијатури, пијано (1982–1983)
  • Питер Боам – бас, гитара, тапани, клавијатури (1982–1983 година, починал во 2006 година)
  • Магнус Дојл – тапани, клавијатури (1983–1986)
  • Питер Менсел – бас (1983–1986)
  • Тим Олкард – клавијатури, саксофон, поезија, тапани (1983–1984)
  • Мајкл Параморе – тапани, перкусии (1983)
  • Стивен Хевенхенд – бас (1986-1988)
  • Captain Sleep – клавијатури (1986–1987)
  • Антони Ген  – бас (1988) 

Дискографија

уреди
  • It (1983)
  • Freaks (1987)
  • Separations (1992)
  • His 'n' Hers (1994)
  • Different Class (1995)
  • This Is Hardcore (1998)
  • We Love Life (2001)

Наводи

уреди
  1. Erlewine, Stephen Thomas. „Pulp | Biography & History“. AllMusic. Посетено на 17 March 2017.
  2. Gerard, Chris (24 July 2016). „The 100 Greatest Alternative Singles of the '90s - Part 4 (40 - 21)“. PopMatters. Посетено на 2 January 2021.
  3. Larkin, Colin (2011). The Encyclopedia of Popular Music. Omnibus Press. стр. 2005. ISBN 978-0-85712-595-8.
  4. Sheppard, Justin (7 March 2007). „Jarvis Cocker not into 'Britpop'. Prefix. Архивирано од изворникот на 29 October 2013. Посетено на 26 October 2013. I hated that term [Britpop] and never considered Pulp to be a part of that...
  5. Hann, Michael (25 August 2013). „Suede – review“. The Guardian. Посетено на 4 May 2016.
  6. Празен навод (help)
  7. „Oscilloscope“. Oscilloscope Films. Архивирано од изворникот на 12 November 2020. Посетено на 16 September 2014.
  8. Catsoulis, Jeannette (18 November 2014). „Pulp: A Film About Life, Death & Supermarkets“. The New York Times. ISSN 0362-4331. Посетено на 8 March 2016.
  9. „Pulp to reform (again) for 2023 concerts“. The Guardian. 26 July 2022. Посетено на 27 July 2022.

Користена литература

уреди
  • Марк Стурди, Вистина и убавина: Приказната за Пулп (Омнибус прес, 2003) – сеопфатна биографија
  • Жан-Мари Потије, Брит Палп. La britpop selon Pulp, de Thatcher à Blair (Autour du Livre, 2009) – француски есеј за врските помеѓу Пулп и англиската популарна култура од нивно време

Надворешни врски

уреди