Пасха: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Rescuing 1 sources and tagging 0 as dead.) #IABot (v2.0.9.5
 
(Не се прикажани 18 меѓувремени преработки од 4 корисници)
Ред 1:
'''Пасха''' ({{lang-he|פסח}}, '''''Песах'''''{{ОПЈуд}} — „преминување“) е осумдневен празник со кој се слави бегството на [[Евреи]]те од [[Египет]] под водство на [[Мојсеј]]. Празникот секогаш се паѓа во [[пролет]], во [[сабота]], на 15-от ден од месецот [[нисан]], според еврејскиот календар.
[[Податотека:3matzot.jpg|thumb|250px|Маца - обреден леб, симбол на Пасха]]
==Обичаи==
За време на Пасха симболично се подготвува свечена вечера на која се прераскажуваат моменти од последната вечер пред бегството. Самото собирање околу празничната трпеза се нарекува ''седер'' (ред, поредок).<ref>[http://www.patofa.com/serbian/7117/-1064-1090-1072-1112-1077-1057-1077-1076-1077-1088 Шта је седер?], Patofa.com ([[српски јазик|срп.]])</ref>
 
На масата се ставаат најубавите садови и прибор, се ставаат свеќи и три парчиња обреден бесквасен [[леб]] - ''[[маца]]''. Затоа овој обред во Библијата се нарекува и „Бесквасници“.<ref>{{PDF-врска|[http://preminportal.com.mk/pdf/orth1.pdf Исход 12:15-20, Библија на македонски јазик: Стар завет, стр. 78]}}</ref>
Пред главата на семејството се поставува голема чинија, од која не се јаде. На масата се ставаат следните јадења: парче [[јагне]]шко месо како симбол на жртвата во чест на [[бог]]от [[Јахве]]; варено [[јајце]], како израз на тагата за штетата во [[храм]]от во [[Ерусалим]]; горчливи треви, како симбол за горчината на [[ропство]]то; [[јаболко|јаболка]], [[орев]]и, [[цимет]] и [[вино]], кои ја симболизираат глината од која робовите во [[Египет]] изработувале тули за изградба; [[магдонос]], целер или [[зелена салата]], потопени во [[сол]]ена [[вода]], што ја симболизира ограничената храна во пустината и пролеаните солзи. Единствениот производ, за кој во тие денови нема место на празничната трпеза е [[леб]]от (''хамец''), кој за разлика од ''маца'' се прави со квасец.
 
За време на вечерата се врши ритуално миење на рацете и се чита Агада (или Хагада, односно Законот) - талмудска [[книга]] која раскажува за ослободувањето на синовите на [[Израел]] од 200-годишното египетско ропство.
 
Вообичаено едно од децата прашува "Зошто оваа ноќ е различна од сите други ноќи?", а таткото му одговара: "Бидејќи бевме [[роб]]ови на египетскиот [[фараон]] и [[Бог]] не изведе од [[Египет]]". За време на празникот се пеат песни, како благодарност до богот [[Јахве]].
 
==Потекло на името==
==Етимологија==
За значењето на името на празникот постојат различни мислења. Некои припишуваат туѓа [[етимологија]] ([[асирски јазик|асирска]]) од зборот ''паса'ху'' (добива доверба) или [[египет]]ска од зборовите ''па-с'' (сеќавање) и ''це-сах'' (удар), но ниедна од тие претпоставки не е сигурна. [[Библија]]та го поврзува ''Песа'х'' со глаголот ''паса'х'', што значи или да се куца на едната нога, или да се игра ритуален танц околу жртва или пак, во фигуративна смисла, „скокање“„одминување“, „поминување“„прескокнување“, „спасување“.
 
== Поврзано ==
* [[Песах шени]]
 
==Наводи==
{{наводи}}
 
== Надворешни врски ==
{{рв|Passover}}
* [http://www.ezrm.org.mk/index.php/mk/pesah Празници: Песах] {{Семарх|url=https://web.archive.org/web/20150912091539/http://www.ezrm.org.mk/index.php/mk/pesah |date=2015-09-12 }} — [[Еврејска заедница во РМ]] {{mk}}
 
{{Еврејски празници}}
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Пасха| ]]
[[Категорија:Еврејски празници]]
[[Категорија:Празници во април]]
[[Категорија:Празници во март]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Пасха