1450-ти
Изглед
< 1440-ти | 1450-ти | 1460-ти > | |||||||
1450 | 1451 | 1452 | 1453 | 1454 | 1455 | 1456 | 1457 | 1458 | 1459 |
Настани
1450
- 7 февруари - Џон де ла Пол, се оженува со Лејди Маргарет Бофорт.
- 26 февруари - Франческо Сфорца влегува во Милано по опсадата, станувајќи војвода на градот-држава и основајќи династија што ќе владее со Милано еден век.
- 15 април - Битка кај Формини: Француските војници на чело со Жан II Бурбон ја поразуваат англиска војска на чие чело се наоѓа Сер Томас Кирел кај Каен.
- 8 мај - Востание на Џек Кејд.
- 9 мај - Убиен е Абдал-Латиф Мирза.
- 13 мај - Карл VIII Шведски, кој исто така служи и како Карл I Норвешки, е прогласен за соборен од вториот престол, во полза на Кристијан I Дански.
- 6 јули - Каен се предава на Франција.
- 12 јули - Џек Кејд е убиен во престрелка.
- 12 август - Шербур Октевил, последната англиска територија во Нормандија, се предава на Франција.
- 5 октомври - Евреите се протерани од Долна Баварија по наредба на војводата Лудвиг IX.
- 3 ноември - Основан е Универзитет Барселона.
- 23 ноември - Прва опсада на Кроја: отоманската војска е принудена да ја повлечат опсадата.
1451
- 3 февруари - Мурат II, Султан на Отоманското Царство, умира и е наследен (на 18 февруари од неговиот син, [(Мехмед II)].
- 14 февруари - Луј XI се ожени за Шарлота Савојска.
- 11 април - Цеље добива статус и градски права како трговски град по наредба на грофот Фредерик II од Цеље.
- 19 април - Во Делхискиот султанат, авганистанската Династија Лоди ја наследува турската Династијата Сајид.
- 30 јуни - Француски војници на чело со Жан Орлеан го освоиле градот Бордо.
- 20 август - Француските сили го освојуваат Бајон, последното упориште на Англичаните во регионот.
- октомври - По атентатот врз Богдан II, Петру Арон го зазема престолот.
- 28 октомври - Востание во Гент против Филип III Добриот, Војвода од Бургундија.
1452
- февруари - Александар го зазема престолот на Молдавија по неговата долга борба со Петру Арон.
- 22 февруари - Вилијам Даглас го убил шкотскиот крал Јаков II.
- 17 март - Реконквиста - Битка кај Лос Алпорчонес: Комбинираните сили на Кралство Кастиља и Мурсија ги поразуваат силите на Гранадскиот Емират.
- 19 март - Фридрих III станува последен цар крунисан во Рим[1]
- 31 мај - Востание во Гент: Филип III Добриот, Војводата од Бургундија, официјално прогласува војна против Гент.
- 18 јуни - Папа Никола V ја издава папската була Dum Diversas.
- Октомври
- Англиски војници на чело со Џон Талбот, 1. гроф од Шрузберија, повторно го преземаат поголемиот дел од провинцијата Гиен, без борба.
- Отоманско-византиски војни: Османлискиот гувернер на Тесалија, Турахан-бег, по четврти пат го пробива Хексамилеон и го зазема Пелопонез, со цел да го спречи Морејското Деспотство да му помогне на Цариград, кој треба да биде ставен под опсада од Османлиите наредната година[2].
1453
- април - Тарабија и Студиј се преземени од страна на Отоманското Царство, како крајна подготовка за нападот на Цариград.
- 6 април - 29 мај - Опсада и Пад на Цариград: Отоманскиоѕ султан Мехмед II става крај на постоењето на Византија, царство кое постоело повеќе од 1000 години, освојувајќи ја престолнината Цариград, денешен Истанбул[3].
- 22 мај - Затемнување на Месечината, делумно затемнување, видливо за време на опсадата на Цариград.
- 17 јули - Битка кај Кастилон: Во последната битка на Стогодишната војна, француските сили на чело со Жан Биро ги поразуваат англиските на чело со Џон Талбот, кој и бил убиен во битката.
- 23 јули - Битка кај Гавере во Фландрија: Филип III Добриот, војводата од Бургундија, победува над бунтовниците во Гент, што доведува до предавање на градот и крај на востанието на Гент.
- 10 октомври - Сеџо Чосон го убива својот непријател генерал Ким Јонг-сео.
- 19 октомври - Француските сили го враќаат Бордо, завршувајќи ја Стогодишната војна и оставајќи им го на Англичаните единствено Кале во рамките на денешна Франција.
- 28 октомври - Ладислав V е крунисан за Крал на Бохемија.
- Јохан Гутенберг го измислува печатењето со подвижни букви. Ова е, исто така, важен настан според кој оваа година се смета за крај на средниот век.
1454
- 4 февруари - Тринаесетгодишна војна: Тајниот совет на Пруската конфедерација испраќа формален чин на непослушност кон Големиот мајстор на Тевтонските витези, а граѓаните на Торуњ започнуваат бунт против Тевтонските витези.
- 6 март - Казимир IV се откажува од верност кон Тевтонските витези.
- 27 март - Ричард, трет војвода од Јорк) станува заштитник на кралот Хенри VI.
- 9 април - Договор од Лоди: Франческо Сфорца го претставува трјниот сојуз меѓу Војводство Милано, Република Фиренца и Кралство Неапол.
- август - Во Молдавија, Петру Арон го презема престолот од Александар.
- 18 септември - Тринаесетгодишна војна - Битка кај Хојнице: полската армија е поразена од помала, но попрофесионална армија на Тевтонските витези.
1455
- 8 јануари - Папа Никола V ја објавува булата Romanus Pontifex, упатена до кралот Афонсо V Португалски, со кое се санкционира освојувањето на нехристијанските земји.
- 23 февруари - Гутенбергова Библија е првата отпечатена книга.
- 8 април - Папа Каликст III го наследува папа Никола V, како 209-тиот папа.
- Пролет - Во Англија започнува Војна на розите.
- 1 мај - Битка кај Аркинхолм: Силите лојални на кралот Јаков II ги победуваат приврзаниците на Ерлот од Даглас.
- 22 мај - Прва битка јај Сент Олбанс: Ричард Плантагенет го поразува и кралот Хенри VI.
- 15 ноември - Конфликтот помеѓу Владислав II и Јанош Хунади ескалира, па затоа тој следната година одлучува да го поддржи Влад Цепеш за престолот на Влашка.
1456
- 18 мај - Вторa Битка кај Ороник (1456): Отоманските сили од 15.000 војници претрпуваат пораз од силите на Лешката лига на чело со Скендербег.
- 9 јуни - Халеевата Комета е забележана од научникот Платина.
- 7 јули - Повтореното судење на Јована Орлеанка ја ослободува од ерес, 25 години по нејзиното убиство.
- 21 јули - 22 јули - Битката кај Белград: Унгарците на чело со Јанош Хунади против силите на османлискиот султан Мехмед II.
- 20 август - Владислав II, владејачки принц од Влашка, е убиен од приврзаници на Влад Цепеш.
17 октомври - Основан е Универзитет Грајфсвалд, што го прави вториот најстар универзитет во Северна Европа.
1457
- 24 февруари - Карл VIII Шведски е прогласен за соборен од престолот. Архиепископот на Шведска и државникот Ерик Акселсон Тот стануваат ко-регенти на Шведска. Престолот потоа се понудил на Кристијан I Дански и Норвешки.
- 12 април - Стефан Велики го обезбедува престолот на Молдавија, владеејќи со земјата во следните 47 години.
- 23 јуни - Кристијан I Дански е избран за крал на Шведска, завршувајќи ја војната меѓу Шведска и Данска и овозможувајќи враќање на Калмарската унија.
- 14 август - Мајнчкиот псалтир, втора поголема книга отпечатена на Запад, станува прва книга што е целосно завршена механички (вклучувајќи и боја), и прва што носи печатена дата.
- 2 септември - Битка кај Уџебарда: Важната победа на Скендербег против војската на Османлиите.
1458
- 24 јануари - Матија Корвин станува крал на Унгарија, на возраст од 14 години.
- 25 март - Денот на љубовта е изведена во Лондон, со што Хенри VI се обидува да ги обедини завојуваните фракции кои ја започнале Војната на розите
- 19 август - Папата Пиј II го наследува папа Каликс III, како 210-ти папа.
- 24 октомври - Кралот Афонсо V Потугалски го освојува Ксар ес Сегир, во Северна Африка[4]
Непозната дата
- Основан е Магдален колеџ во Оксфорд.
- Јиржи Подебрадски станува крал на Бохемија.
- Алвизе Кадамосто ги открива првите острови на Зелениот ’Рт.
- Престанува да постои Атинското Војводство. Отоманските властите издаваат декрет за заштита на акрополот, по освојувањето на Атина.[5]
- Монтесума I започнал неуспешна воена експедиција.
- Голем вулкан еруптира од Кувае во Тихиот Океан[6].
1459
- 23 септември - Војна на розите - Битка кај Блор Хит: Силите на династија Јорк на чело со Ричард Невил ги поразуваат силите на династија Ланкастер.
- 12 октомври - Војна на розите: Поради напредокот на кралските сили кон неговата тврдина Ладлоу, Ричард побегнува во Ирска, додека неговиот сојузник Ричард Невил оди до Кале.
Непозната дата
- За првпат се споменува градот Букурешт.
- Основан е градот Џодпур во Западна Индија.
- Ричард, војводата од Јорк, се враќа при втората посета на Ирска[7]
Наводи
- ↑ „Historical Events in 1452“. OnThisDay.com (англиски). Посетено на 2017-08-08.
- ↑ Setton, Kenneth M. (1978). The Papacy and the Levant (1204–1571), volume II: The Fifteenth Century. DIANE Publishing. стр. 146. ISBN 0-87169-127-2.
- ↑ „What Happened In 1453“. Hisdates. Посетено на 2017-08-08.
- ↑ Vasconcelos e Sousa, Bernardo. „História de Portugal“ (португалски) (4. изд.). стр. 182.
- ↑ Martin Luther D'Ooge (1909), The Acropolis of Athens (The acropolis of Athens. изд.), New York: Macmillan,
In 1458 the Turkish ruler occupied the Propylaea as a residence, and turned the Erechtheum into a harem, restoring, however, the Parthenon to the Greeks as a place of worship.
- ↑ Connor, Steve (2014-07-07). „The history of the planet's biggest volcanic explosions - deep in the ice of Antarctica“. The Independent. London. Посетено на 2014-07-07.
- ↑ The Oxford Illustrated History of Ireland. Foster, RF. Oxford University Press, Oxford. 1989