Ѓермо
Ѓермо | |
Координати 42°3′6″N 20°58′5″E / 42.05167° СГШ; 20.96806° ИГД | |
Општина | Тетово |
Население | 569 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 28026 |
Ѓермо на општинската карта Атарот на Ѓермо во рамките на општината | |
Ѓермо на Ризницата |
Ѓермо — село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Историја
[уреди | уреди извор]Според турски документи од 1626-1627 година село Гермоној се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 19 македонски семејства (ханиња). Во XIX век Ѓермо веќе било наполно албанско село во Тетовска каза.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ѓермо живееле 165 жители, сите Албанци.[2]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Ѓермо — село во Џепчишка општина (со центар во Порој) и има 80 куќи со 480 жители Албанци.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Албанци.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 962 жители, од кои 960 Албанци и 2 останати.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 569 жители, од кои 538 Албанци и 31 лице без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 165 | — | 673 | 701 | 753 | 951 | 974 | 0 | 991 | 962 | 569 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
[уреди | уреди извор]Ѓермо денес е албанско село.
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:
- Доселеници: Матњан (40 к.) името го добиле по областа од која се доселиле. А тоа е областа Матија во северна Албанија. Од старото место дошле преку Метохија и некои околни тетовски села. Имаат роднини во селото Вешала; Аскалар (19 к.) доселени се од местото Хаса во северна Албанија. Овде се доселени во првата половина на XIX век. Имаат иселеници во Тетово; Топојани (26 к.) доселени се од селото Топојани во Љума, северна Албанија; Вешалар (8 к.) доселени се од селото Вешала. Подалечно потекло од северна Албанија; Зрза (5 к.) името го добиле по селото од кое се доселиле. А тоа било селото Зрза, помеѓу Призрен и Ѓаковица. Подалечно потекло од Албанија; Лучалар (2 к.) доселени се од некое село Луч во северна Албанија; Шеерли (2 к.) доселени се од Тетово. Подалечно потекло од северна Албанија.[11]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1999 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 754 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Од старите православни родови иселени од селото се знае за Терзинци, иселени во Непроштено.[11]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 210.
- ↑ Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр. 22.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 март 2016.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 11,0 11,1 Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|