Википедија:Почетен курс (Разговорни страници)
Почетен курс | Уредување | Форматирање | Викиврски | Википроекти | Надворешни врски | Разговорни страници | Не заборавајте | Зачленување | Заклучок |
Разговорните страници се клучен елемент на Википедија, бидејќи ја нудат можноста за дискусија за статиите и за други проблеми меѓу википедијанците.
Ако сакате да поставите прашање за некоја статија, или имате некоја грижа или коментар, можете да ставите забелешка во делот за разговор на секоја статија. Тоа го правите со кликање на табот „Разговор“ на врвот на страницата. Не грижете се ако врската е во црвена боја; во ред е да ја создадете разговорната страница ако таа веќе не постои.
Кога постирате нов коментар, ставајте го на дното на разговорната страница. Исклучок е кога одговарате на забелешките на некој друг, тогаш го ставате Вашиот коменар под нивниот. Можете да го индентирате коментарот преку внесување на две точки (:) на почетокот на редот.
Потребно е да ги потпишувате Вашите коментари преку внесување на три тилди ~~~ само за Вашето корисничко име или ~~~~ (четири тилди) за Вашето корисничко име и времето кога е поставен потписот (видете ја подолната дискусија за пример). На овој начин, кога ќе ја зачувате страницата, Вашиот потпис автоматски ќе биде вметнат. Во спротивно, Вашите коментари ќе се појавуваат без Вашето име, Повеќето од нас ги употребуваат временските потписи бидејќи постои копче над рамката за уредување со иконата за потпис која автоматски вметнува "-~~~~".
Можете да добиете корисничко име преку создавање на сметка (100% слободна постапка). Ако немате сметка, или имате, но не сте логирани, за потпис ќе биде искористена IP адресата на Вашиот компјутер.
Кориснички разговорни страници
[уреди извор]Секој википедијанец има корисничка разговорна страница на која другите википедијанци можат да остават пораки. Ако некој Ви остави порака, ќе добиете ознака која вели „Имате нови пораки“, со врска до Вашата корисничка страница.
Можете да одговорите на било кој од двата начини. Еден е да ставите порака на разговорната страница на корисникот на кој му реплицирате. Друг начин е да одговорите на сопствената разговорна страница под оригиналната порака. И двата начина се чести на Википедија; сепак, бидете свесни дека со одговарањето на сопствената разговорна страница го носите ризикот дека Вашата реплика нема да биде видена ако другиот корисник повторно не ја отвори Вашата разговорна страница. Ако го одберете овој пристап, добра идеја е да ставите забелешка на врвот на разговорната страница за луѓето да ја набљудуват страницата.
Јас сум: Александар Трпеноски Администратор на бесплатниот интернет клуб на МИОА од Охрид
Јас сум Горан Стојаноски Администратор на бесплатниот интернет клуб на МИОА од Прилеп -Prilepnet (разговор) 19:31, 11 мај 2013 (CEST)
Индентација
[уреди извор]Индентирањето значајно го подобрува изгледот на една дискусија, правејќи ја полесна за читање. Стандардна пракса е да ја индентирате Вашата реплика едно ниво подлабоко од онаа на личноста на која реплицирате.
Постојат неколку начини на индентација на Википедија:
Обични индентации
[уреди извор]Наједноставниот начин за индентирање на текст е преку ставање на две точки (:) на почетокот на редот. Колку повеќе две точки ставате, толку подлабоко ќе биде поместен текстот. Новиот ред (притискање на Enter или Return) го означува крајот на индентираниот параграф.
На пример:
- Ова е сместено на левата страна.
- : Ова малку е индентирано.
- :: Ова е повеќе индентирано.
се прикажува како:
- Ова е сместено на левата страна.
- Ова малку е индентирано.
- Ова е повеќе индентирано.
- Ова малку е индентирано.
Подточки
[уреди извор]Исто така можете да вршите индентација со подточки, обично употребени за листи. За да внесете подточка, употребете ѕвезда(*). Слично на индентацијата, повеќе ѕвезди пред еден параграф значи поголема индентација.
Краток пример:
- * Прв елемент од листата
- * Втор елемент од листата
- ** Елемент-подлиста на вториот
- * Трет елемент од листата
се прикажува како:
- Прв елемент од листата
- Втор елемент од листата
- Елемент-подлиста на вториот
- Трет елемент од листата
Листа со броеви
[уреди извор]Можете да создадете и нумерирани листи. За ова, употребете го симболот за број, или тараба(#). Ова најчесто се употребува за анкети и за гласања. Повторно, можете да влијаете на индентацијата преку бројот на # симболи што ќе го употребите.
Пример:
- # Прв елемент
- # Втор елемент
- ## Елемент под вториот
- # Трет елемент
се прикажува како:
- Прв елемент
- Втор елемент
- Елемент под вториот
- Трет елемент
Пример дискусија
[уреди извор]Еве еден пример на добро форматирана дискусија:
Здраво! Јас имам прашање за оваа статија. Прилично сум сигурен дека портокаловите слонови живеат само во Скопје! Мислам дека тоа е општо познат факт. СтојанчеМајсторот 17:18, 22 јуни 2008 (UTC)
- Па, последниот пат кога бев во Скопје, слоновите кои јас ги видов беа зелени. — Хатори Ханзо 17:32, 22 јуни 2008 (UTC)
- Мислам дека треба да најдете извор за Вашите тврдења.Emogirlz69 18:54, 22 јуни 2008 (UTC)
- Ок, овие журнали за слонови се согласуваат со мене:
- Слоновски журнал
- Дамбо-ролинг-стоун
- — СтојанчеМајсторот 07:14, 23 јуни 2008 (UTC)
- Ок, овие журнали за слонови се согласуваат со мене:
- Мислам дека треба да најдете извор за Вашите тврдења.Emogirlz69 18:54, 22 јуни 2008 (UTC)
- Јас живеам во Австралија, каде слоновите личат на кенгури! Луѓето долу се согласуваат со мојата изјава:-DontUMateMe 12:22, 23 јуни 2008 (UTC)
- Elafantist 01:37, 23 јуни 2008 (UTC)
- ЌеГласамЗаСекој 04:04, 24 јуни 2008 (UTC)
- 1337Hax0rDude 17:58, 24 јуни 2008 (UTC)
Луѓе, вие сте премногу сериозни за слоновите. јас повеќе сакам пајаци
- ВП:ПАЈАК .:!Нинџа!:. 18:54, 24 јуни 2008 (UTC)
Ако сакате да вклучите листа во Вашите коментари треба да додадете две точки пред секој елемент од листата, на пример:
- ::: Ок, овие журнали за слонови се согласуваат со мене:
- ::: * ''Слоновски журнал''
- ::: * ''Дамбо-ролинг-стоун''
- ::: ~~~~
Исто така, потпишувањето на Вашата порака се врши преку:
- Пишување на ~~~ за името (СтојанчеМајсторот), или
- Пишување на ~~~~ за името и датумот (СтојанчеМајсторот 18:54, 24 јуни 2008 (UTC)), или
- Пишување на ~~~~~ само за датумот (18:54, 24 јуни 2008 (UTC)).
Обично треба да се потпишувате и со име и со датум, но гласовите често се потпишани само со име.
Експеримент
[уреди извор]Експеримент! Овoј пат, наместо уредување во песок, оставете порака на разговорната страница. Запомнете да го потпишете Вашето корисничко име. Можете да се обидете и да одговорите на постот на некој друг. Треба да го употребите копчето „Прегледај“ за да видите дали Ви успеало форматирањето пред да зачувате.