Илјо Кејсе
Кејсе на Трката околу Германија 2018 | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Илјо Кејсе | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Прекар | Веселиот скокач (Jolly Jumper) | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 21 декември 1982 Гент, Белгија | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,83 | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 72 кг | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Судал Квик-Степ | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | велодромски и друмски велосипедизам | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | издржливост (велодромски) специјалист за класици (друмски) | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | |||||||||||||||||||||||||||||||||
2004 | Јонг Вландерен 2016 | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||||||||||||||||||||
2005–2008 2009 2010-2022 | Чоколад Жак-Т Интерим Џон Сеј-Дешахт-Хјундаи Квик Степ | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Илјо Кејсе (холандски: Iljo Keisse; р. 21 декември 1982 во Гент) — поранешен белгиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2005-2022. Кејсе настапувал и на велодромски и на друмски трки, специјализирајќи се во возење на трки во траење од шест дена. Седум пати ја има освоено трката Шест дена Гент, а на подиум се има качено 12 пати.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Кејсе е роден во Гент. Заедно со неговиот колега Метју Гилмор, освоил три трки од шест дена во 2005/2006: Гренобл, Гент и Хаселт. По неговата победа на Шест дена Гент 2008, обата примероца А и Б се покажале позитивни на катин и диуретик, кој бил користен за прикривање на присуствово на допинг средства. Бил отпуштен од неговата екипа, Топспорт Вландерен-Меркатор, на 11 јануари 2009 година.[2] Се приклучил на екипата Џон Сеј-Дешахт-Хјундаи во мај 2009 година.[3]
На 2 ноември 2009 година, Кејсе бил прогласен за невин, откако истражувачите пронашле дека позитивните резултати не биле резултат на намерен допинг и најверојатно потекнале од контаминација на додаток во исхраната.[4] На 7 јули 2010 година, Арбитражниот суд за спорт ја потврдил жалбата од Светската антидопинг агенција и му одредил суспензија на Кејсе. Му биле признати 11 месеци суспензија, со што можел да се врати на трките во август 2011 година.[5] Во ноември, одлуката на судот била одбиена од белгискиот Апелациски суд, дозволувајќи му на Кејсе да настапи на Шест дена Гент 2010.[6] Кејсе останал под суспензија во Белгија до 27 јануари 2012 година, но повторно потпишал со Омега Парма-Квик Степ за сезоната 2012.[7]
На 28 април 2012 година, Кејсе ја освоил седмата етапа на Трката околу Турција во драматична завршница: по падот во последната кривина морал да го намести ланецот пред да спринта на целта пред групата. Првите возачи го добиле истото време како неговото.[8] Ова била првата професионална победа во неговата кариера и негова последна во изминатите две години. Негова следна победа била на класикот Шатору во август 2014 година.[9]
Уште една победа остварил во 2015 година, на Ронде ван Зеланд; ја освоил трката од групата на тројца возачи на Етикс-Квик Степ кои претходно се одвоиле.[10] На Џиро д’Италија, Кејсе ја освоил последната етапа во Милано, изместувајќи ги плановите на спринтерите. Се одвоил со возачот на Орика-ГринЕЏ Лук Дарбриџ и го претекнал за победа.[11]
Кејсе објавил дека во текот на сезоната 2022 ќе се повлече и дека негова последна трка ќе биде Шест дена Гент. Возејќи заедно со Јаспер де Бујст, завршил трет на негово 18. учество на трката.[12]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]Велодромски велосипедизам
[уреди | уреди извор]- 2004
- 2. Шест дена Гент (со Андреас Бајкирх)
- 2. Шест дена Фјоренцуола (со Франко Марвули)
- 3. Шест дена Гренобл (со Ваутер ван Мехелен)
- 2005
- 1. Европско првенство - медисон (со Метју Гилмор)
- 3. Светско првенство - медисон
- 1. Шест дена Фјоренцуола (со Метју Гилмор)
- 1. Шест дена Гренобл (со Метју Гилмор)
- 1. Шест дена Гент (со Метју Гилмор)
- 3. Шест дена Амстердам (со Метју Гилмор)
- 3. Шест дена Бремен (со Марко Вила)
- 2006
- 1. Европско првенство - дерни
- 1. Државно првенство - бодовна трка
- 1. Шест дена Хаселт (со Метју Гилмор)
- 2. Шест дена Штутгарт (со Роберт Бартко & Лајф Лампатер)
- 2. Шест дена Цирих (со Роберт Бартко)
- 2. Шест дена Ротердам (со Метју Гилмор)
- 2. Шест дена Минхен (со Франко Марвули)
- 2007
- 1. Шест дена Ротердам (со Роберт Бартко)
- 1. Шест дена Гент (со Роберт Бартко)
- 1. Шест дена Амстердам (со Роберт Бартко)
- 2. Светско првенство - бодовна трка
- 2. Шест дена Мастрихт (со Марко Вила)
- 2. Шест дена Цирих (со Роберт Бартко)
- 2. Шест дена Минхен (со Франко Марвули)
- 2. Шест дена Хаселт (со Марко Вила)
- 3. Шест дена Бремен (со Роберт Бартко)
- 2008
- 1. Европско првенство - медисон (со Кени де Кетеле)
- Национални првенства
- 1. Бодовна трка
- 1. Медисон (со Кени де Кетеле)
- 1. Шест дена Штутгарт (со Роберт Бартко & Лејф Лампатер)
- 1. Шест дена Бремен (со Роберт Бартко)
- 1. Шест дена Гент (со Роберт Бартко)
- 1. Шест дена Минхен (со Роберт Бартко)
- 2. Шест дена Цирих (со Роберт Бартко)
- 2. Шест дена Хаселт (со Кени де Кетеле)
- 2. Шест дена Фјоренцуола (со Франко Марвули)
- 3. Шест дена Амстердам (со Роберт Бартко)
- 3. Шест дена Копенхаген (со Дани Стам)
- 3. Шест дена Ротердам (со Роберт Бартко)
- 2009
- Национални првенства
- 1. Бодовна трка
- 1. Медисон (со Кени де Кетеле)
- 2. Шест дена Гент (со Роџер Клуге)
- 3. Шест дена Гренобл (со Џани Мерсман)
- 2010
- 1. Шест дена Гент (со Петер Схеп)
- 1. Шест дена Ротердам (со Дани Стам)
- 2. Шест дена Бремен (со Роберт Бартко)
- 2. Шест дена Копенхаген (со Роберт Бартко)
- 2011
- 1. Европско првенство - медисон (со Кени де Кетеле)
- Национални првенства
- 1. Дерни
- 1. Медисон (со Герт-Јан ван Имерсел)
- 1. Скреч
- 1. Шест дена Амстердам (со Ники Терпстра)
- 1. Шест дена Гренобл (со Морган Кнајски)
- 1. Шест дена Цирих (со Франко Марвули)
- 2012
- 1. Шест дена Гент (со Глен О’Ши)
- 1. Шест дена Гренобл (со Кени де Кетеле)
- 1. Шест дена Копенхаген (со Марк Хестер)
- 2. Шест дена Амстердам (со Ники Терпстра)
- 3. Шест дена Бремен (со Лајф Лампетер)
- 3. Шест дена Берлин (со Кени де Кетеле)
- 2013
- 1. Шест дена Ротердам (со Ники Терпстра)
- 1. Шест дена Цирих (со Силван Дилје)
- 2. Шест дена Гент (со Вим Струтинга)
- 3. Шест дена Гренобл (со Јаспер де Бујст)
- 2014
- Национални првенства
- 1. Медисон (со Јаспер де Бујст)
- 1. Скреч
- 1. Шест дена Ротердам (со Ники Терпстра)
- 1. Шест дена Цирих (со Марк Кевендиш)
- 2. Шест дена Гент (со Марк Кевендиш)
- 2015
- 1. Шест дена Гент (со Михаел Меркев)
- 1. Шест дена Ротердам (со Ники Терпстра)
- 1. Револушн Коло 2 (со Енди Тенант)
- 1. Револушн Коло 3 (со Вим Струтинга)
- 1. Бодовна трка
- 1. Елиминациска екипа
- 3. Шест дена Лондон (со Гејс ван Хуке)
- 2016
- 2. Краен пласман Лига на прваци Револушн
- 3. Шест дена Гент (со Елија Вивијани)
- 2017
- 1. Шест дена Бремен (со Марсел Калц)
- 2018
- 1. Шест дена Гент (со Елија Вивијани)
- 2019
- 1. Шест дена Бремен (со Јаспер де Бујст)
- 2022
- 3. Шест дена Гент (со Јаспер де Бујст)
Распоред на резултатите на „Шест дена“
[уреди | уреди извор]Трка | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Шест дена Амстердам[13] | 10 | 3 | 4 | 1 | 3 | 4 | 1 | 2 | НСО | трката прекинала | |||||||||
Шест дена Бремен[14] | 3 | 4 | 3 | 1 | 2 | 3 | 1 | 1 | НСО | НСО | |||||||||
Шест дена Гент[15] | 2 | 1 | Can | 1 | 1 | 2 | 1 | 1 | 2 | 2 | 1 | 3 | 1 | НСО | 3 | ||||
Шест дена Гренобл[16] | 3 | 1 | 3 | 1 | 1 | 3 | трката прекинала | ||||||||||||
Шест дена Ротердам[17] | НСО | 4 | 2 | 1 | 3 | 1 | 4 | 1 | 1 | 1 | НСО | ||||||||
Шест дена Цирих[18] | НСО | 2 | 2 | 2 | 4 | 1 | 1 | 1 | трката прекинала |
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала
Друмски
[уреди | уреди извор]- 2004
- 1. Етапа 6 Тур ди Лоар ет Шер
- 5. Краен пласман Триптих на планините и замоците
- 2005
- 9. Брисел-Ингоигем
- 2006
- 4. Флеш Хесбињон
- 6. Краен пласман Трка околу Британија
- 9. Краен пласман Тур де Валони
- 2007
- 1. Текстилпрејс Вихте
- 3. Курне-Брисел-Курне
- 7. Хале-Ингоигем
- 8. Омлоп ван хет Васланд
- 2008
- 1. Текстилпрејс Вихте
- 4. ГП Брик Шоте
- 2011
- 10. Класик Дач Фуд Вали
- 2012
- 1. Етапа 7 Трка околу Турција
- 2013
- 1. Омлоп Мандел-Леје-Схелде
- 3. Минстерланд Џиро
- 2014
- 1. Класик Шатору
- 2. ГП Брик Шоте
- 2015
- 1. Ронде ван Зеланд
- 1. Етапа 21 Џиро д’Италија
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Чешка
- 1. Профронде Дерне
- Награда за борбеност на етапа 5 Вуелта а Еспања
- 2017
- 1. Омлоп Мандел-Леје-Схелде
- 1. Текстилпрејс Вихте
- 3. Ле Самин
- 3. Хале-Ингоигем
- 10. Дварс дор Вест-Вландерен
- 2020
- 2. Национално друмско првенство
Распоред на резултатите на големите трки
[уреди | уреди извор]Голема трка | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | 159 | 139 | 145 | — | 144 | — | — | 122 | 121 |
Тур | — | — | — | 139 | — | — | — | — | — |
Вуелта | — | — | 148 | — | — | — | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Кејсе победи на Гент по петти пат“. Cycling News. Future Publishing Limited. 25 ноември 2012. Посетено на 25 ноември 2012.
- ↑ Велодромскиот велосипедист Илјо Кејсе отпуштен за допинг скандал Архивирано на 24 октомври 2012 г. SI.com, 11 јануари 2009
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-08-01. Посетено на 2015-10-10.
- ↑ Бен Аткинс (2 ноември 2008). „Keisse acquitted and cleared for Gent Six“. VeloNation. Посетено на 6 декември 2009.
- ↑ http://www.velonation.com/News/ID/4796/Quick-Steps-Iljo-Keisse-has-two-year-ban-reinstated-by-CAS-following-WADA-appeal.aspx
- ↑ http://www.cyclingnews.com/news/keisse-free-to-race-gent-six-day-after-doping-suspension-suspended
- ↑ „Кејсе во Омега Парма-Квик Степ во 2012“. Cycling News. Future Publishing Limited. 27 декември 2011. Посетено на 5 јануари 2012.
- ↑ „Кејсе ја освои драматичната седма етапа на Трката околу Турција“. cyclingnews.com. 28 април 2012.
- ↑ „Châteauroux Classic de l'Indre Trophée Fenioux - Classic“. ProCyclingStats. Посетено на 21 март 2015.
- ↑ „Iljo Keisse leads Etixx-Quick-Step sweep at Ronde van Zeeland Seaports“. Velonews. 21 март 2015. Архивирано од изворникот на 2015-09-28. Посетено на 21 март 2015.
- ↑ „Алберто Контадор победи на Џиро д'Италија“. Cyclingnews.com. Future plc. 31 мај 2015. Посетено на 31 мај 2015.
- ↑ „De Vylder, Ghys win Gent Six Day overall as Keisse ends track career on podium“. Cyclingnews.com. Future plc. 20 November 2022. Посетено на 21 November 2022.
- ↑ „6 Jours d'Amsterdam“. memoire-du-cyclisme.eu. Посетено на 25 November 2015.
- ↑ „6 Jours de Bremen“. memoire-du-cyclisme.eu. Посетено на 25 November 2015.
- ↑ „6 Jours de Gent“. memoire-du-cyclisme.eu. Посетено на 3 December 2015.
- ↑ „6 Jours de Grenoble“. memoire-du-cyclisme.eu. Посетено на 25 November 2015.
- ↑ „6 Jours de Rotterdam“. memoire-du-cyclisme.eu. Посетено на 25 November 2015.
- ↑ „6 Jours de Zurich“. memoire-du-cyclisme.eu. Посетено на 3 December 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Илјо Кејсе“ на Ризницата ? |
- Матична страница
- „Достигнувања на Илјо Кејсе“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Илјо Кејсе“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Илјо Кејсе“. ProCycling.