Искра Грабул
Изглед
Искра Грабул ( 1936 - 14 септември 2008) била македонски уметник и архитект. Најпозната е по своето дело, како соавтор на споменикот Македониум во Крушево.
Животопис
[уреди | уреди извор]Грабул е родена во 1936 година. Таа е ќерка на Д-р Борис Спиров, прв потпретседател на президиумот на АСНОМ , вториот претседател на македонското собрание, лекар и хуманист. Грабул била и голем следбеник на Саи-Баба.Има преведено и неколку негови книги. Позната била и како голем хуманист, каде одела и посетувала болни од сида, им помагала на оние на кои им требало и збор и храна.
Починала на 14 септември 2008 година во Скопје, каде е и погребана.[1] Таа била сопруга на македонскиот вајар Јордан Грабул, со кого ја имаат ќерката Лира Грабул, позната македонска кореографка.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ПОСЛЕДЕН ЗБОР“. Утрински Весник. 17 септември 2008, 16:31. Посетено на 2011-11-14. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)[мртва врска] - ↑ Ноневски, Вангел (18 ноември 2008). „ПОЛИТИЧКИ РОКЕНРОЛ: Пропагандна архитектоника“. Глобус магазин. Посетено на 2011-11-14.[мртва врска]