Комас
Регион Комас Khomas Region | |
---|---|
регион | |
Поглед кон меморијалниот центар во Виндхук | |
Местоположба во Намибија | |
Држава | Намибија |
Адм. центар | Виндхук |
Управа | |
• Гувернер | Лора Меклиод Катјируа[1] |
Површина[2] | |
• Вкупна | 36,964 км2 (14,272 ми2) |
Население (2018)[3] | |
• Вкупно | 447,636 |
• Густина | 12/км2 (31/ми2) |
Час. појас | CAT (UTC+2) |
HDI (2017) | 0.740[4] high · 1 |
Мреж. место | https://www.khomasrc.gov.na/ |
Комас (англиски, африкаанс и германски: Khomas) е еден од 14-те региони во Намибија. Името на регионот потекува од висорамнината Комас, географска одлика која е доминантна во овој регион.
Географија
[уреди | уреди извор]Центар на Комас е Виндхук и поради тоа овој регион е со најдобра инфраструктура и најголем развој во државата. Регионот е скоро целосно во висорамнината. На запад и северозапад се наоѓа регионот Еронго, на север Очозондјупа, на исток Омахеке и на југ регионот Хардап. Во регионот има многу долини. Комас е еден од трите региони во државата кои немаат излез на море или делат меѓународна граница. Овој регион има вкупна површина од 36,964 км2 или 4,5% од вкупната површина на Намибија.[5] Во однос на бројот на жителите, овој регион е најнаселен.
Административни единици
[уреди | уреди извор]Регионот е составен од 10 административни единици:[6]
- Џон Пандени
- Централна Катутура
- Источна Катутура
- Северен Комасдал
- Мосес
- Самора Машел
- Тобијас Хајњеко
- Западен Виндхук
- Источен Виндхук
- Рурален Виндхук
Развој
[уреди | уреди извор]Комас е економски, инфраструктурно и транспортно најразвиен во државата. Во регионот има над 100 училишта со околу 73,302 ученици (податоци за 2013 година).[7]
Население
[уреди | уреди извор]Според пописот од 2001 година, Комас имал население од 250,262 жители со годишен раст од 4%. Стапката на плодност во регионот била 4,9 деца по жена. Околу 93% од населението на регионот живее во урбана средина. Густината на населението била 6,8 лица на километар квадратен.[8] Една третина се Белци и „обоени“.
Најчесто говорен јазик во државата е овамбоанскиот (37% од домаќинствата), потоа следуваат африкаанс (24%), намански (13%) и херерски (9%). Покрај овие, во регионот се зборуваат и англиски и германски.[9] Писменоста во регионот е 94%.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „President announces governors“. The Namibian. 10 April 2015. Архивирано од изворникот на 14 April 2015. Посетено на 14 April 2015.
- ↑ „Namibia's Population by Region“. Election Watch. Institute for Public Policy Research (1): 3. 2013.
- ↑ https://cms2.my.na/assets/documents/NLFS_2018_Report_Final_.pdf[мртва врска]
- ↑ „Sub-national HDI - Area Database - Global Data Lab“. hdi.globaldatalab.org (англиски). Посетено на 2018-09-13.
- ↑ Kapitako, Alvine (12 November 2010). „ELECTIONS 2010: Khomas Region profile / New Era - Skills Shortage Worries Govt“. New Era. Архивирано од изворникот на 5 December 2012.
- ↑ Khomas constituencies Архивирано на 28 август 2009 г. at the Electoral Commission of Namibia
- ↑ Miyanicwe, Clemans; Kahiurika, Ndanki (27 November 2013). „School counsellors overstretched“. The Namibian. стр. 1.
- ↑ „Khomas Region – Census Indicators, 2001“. National Planning Commission. 2001. Архивирано од изворникот на 2012-01-11. Посетено на 2008-12-27.
- ↑ Tonchi, Victor L., William A. Lindeke, and John J. Grotpeter, "Khomas Region" Historical Dictionary of Namibia. 2nd edition. Toronto: The Scarecrow Press, Inc, p. 211.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Комас“ на Ризницата ? |
Википатување има туристички водич за Khomas. |
- Комас на TripAdvisor