Мито
Мито, подмитување, поткупување или поткуп – пари, привилегија или финансиска надомест што се дава на лице што е на функција за да заврши некоја нечесна работа.[1]. Митото е дефинирано во „Црниот правен речник“ како понуда, давање, примање или барање на какво било вредно нешто што може да влијае на постапувањето на службено лице или друго лице одговорно за јавна или правна должност.[2] Во суштина, митото нуди да се направи нешто за некого со изразена цел да се добие нешто за возврат.[3] Подароци во пари или други вредни предмети што инаку им се достапни за сите на еквивалентна основа, а не за нечесни цели, не се мито. Нудење попуст или враќање на парите на сите клиенти е законски попуст и не е мито. На пример, легално е вработен во Комисијата за комунални услуги кој е вклучен во регулирање на електричната енергија да прифати попуст на услугата за електрична енергија, кога и на другите потрошувачи на електрична енергија им е достапен истиот. Сепак, да се даде попуст за да се влијае на него да гледа поволно на апликациите за зголемување на цената на електричната енергија ќе се смета за мито.
Митото е дар даден за да се влијае врз однесувањето на примателот. Може да бидат пари, стока, права на акции, недвижен имот, давање приоритет, привилегија, приход, предмети со вредност, предности, или само ветување за предизвикување или влијание врз дејството, гласот или влијанието на лице во службено или јавно својство.[4]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „поткуп“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ What is bribery?, Black's Law Dictionary, Архивирано од изворникот 1 октомври 2015, Посетено на 30 септември 2015
- ↑ Staff, LII (6 август 2007). „Bribery“. LII / Legal Information Institute. Архивирано од изворникот 8 март 2018. Проверете ги датумските вредности во:
|archive-date=
(help) - ↑ See generally T. Markus Funk, "Don't Pay for the Misdeeds of Others: Intro to Avoiding Third-Party FCPA Liability," 6 BNA White Collar Crime Report 33 (January 14, 2011) Архивирано на 16 март 2014 г. (discussing bribery in the context of the Foreign Corrupt Practices Act).
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Мито“ на Ризницата ? |