Остеофит
Коскените израстоци се развиваат по должина на рабовите на коските. Коскените израстоци обично не се болни, но ако притискаат на околните нерви и коски, може да предизвикаат болка. Коскените израстоци, познати уште како остеофити, може да се формираат на секоја коска. Најчесто, се формираат на местата каде коските се поврзуваат, односно на зглобовите. Но, тие може да се најдат и на местата каде лигаментите и тетивите се поврзуваат со коската. Остеофитите може да се најдат и во пршлените.
Симптоми
[уреди | уреди извор]Повеќето остеофити не предизвикуваат никакви знаци или симптоми. Но, некои остеофити може да предизвикаат:
- болка во зглобовите;
- губење на подвижноста на зглобовите.
Причини
[уреди | уреди извор]Остеофитите обично се јавуваат како резултат на болест или состојба, најчесто поради остеоартритис. Како што остеоартритисот ги оштетува ‘рскавиците во зглобовите, организмот се обидува да го поправи дефектот. Ова честопати резултира со создавање на коскени израстоци по должина на рабовите на постоечките коски.
- Остеофитите се поврзани со следниве болести и состојби:
- дифузна идиопатска скелетна хиперостоза;
- плантарен фасциитис;
- спондилоза;
- спинална стеноза.
Дијагноза
[уреди | уреди извор]За да се потврди потоење на коскени израстоци, потребно е да се направат:
- РТГ снимање
- Компјутеризирана томографија
- Магнетна резонанца
Лекување
[уреди | уреди извор]Не постои специфичен третман за остеофитите. Од лековите, се користат нестероидните антиинфламаторни лекови, а доколку коскените израстоци пречат на зглобната подвижност, притискаат на некој нерв или слично, тогаш се пристапува кон хируршко отстранување.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Остеофити – коскени израстоци - „За Здравје“ Архивирано на 25 април 2013 г.
Оваа медицинска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |