Прејди на содржината

Public Enemy

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Паблик енеми)
Public Enemy
Public Enemy на настап во 2000
Животописни податоци
ПотеклоЛонг Ајленд, Њујорк, САД
Жанрови
Период на активност1985–денес
Издавачи
Соработници
Мреж. местоpublicenemy.com

Public Enemy ― американска хип хоп група формирана од Чак Ди и Флејвор Флејв на Лонг Ајленд, Њујорк, во 1985 година.[2][3] Групата станала позната по нивните политички мотивирани пораки во стиховите, а неретко тематиката на песните се однесувала на американскиот расизам и американските медиуми.

Public Enemy често го менувале составот, а Чак Ди и Флејвор Флејв биле единствени постојани членови. Во 2020 година, било објавено дека Флејвор Флејв е отпуштен од групата.[3] Отпуштањето било рекламен трик и групата рекла дека се работи за првоаприлска шега.[4][5] Public Enemy, без Флејвор Флејв, исто така снимала музика и била на турнеи под името Public Enemy Radio.

Критичарот Стивен Томас Ерлевин ги нарекол „највлијателна и најрадикална група во нивно време“.[6] Тие биле примени во Куќата на славата на рокенролот во 2013 година,[7] а во 2020 година ја добиле Греми наградата за животно дело.

Историја

[уреди | уреди извор]
Официјалното лого на Public Enemy

Во 1985 година од Карлтон Рајденаур (Чак Ди -Chuck D) и Вилијам Дрејтон (Флејвор Флејв - Flavor Flav) ја основале групата Public Enemy. Прво име на групата било Spectrum City, и под тоа име ја објавиле плочата „Check Out the Radio“.[8] Чак Ди за да ја промовира радио станицата во која работел во тоа време објавил касета. Касетната лента ја нарекол Јавен непријател број 1 (анг: Public Enemy #1) зошто сметал дека луѓето од локалната сцена се непријателски настроени кон него.[се бара извор]

Флејвор Флејв на настап во Малме во 1991 година.

Првиот албум, Yo! Boom Rush The Show, бил објавен во 1987 година. Албумот добил одлични критики. Во 1988 година, го објавиле револуционерниот It Takes a Nation of Millions to Hold Us Back. Ова бил прв хип-хоп албум кој ја добил наградата „Албум на годината“ од влијателната анкета на критичарите The Village Voice при Pazz&Jop.[9] Исто така, Acclaimed Music го ставиле на 18-то место на нивната листа од 3000 најдобри албуми на сите времиња.[10]

Во 1990 година, групата го издала албумот Fear of a Black Planet. Ова бил нивен најуспешен албум, и во 2005 година бил избран за зачувување во Националниот регистар на записи.[11] На албумот се песните: „Welcome to the Terrordome“, напишана откако групата била критикувана од Евреите за антисемитски коментари, „911 Is a Joke“, со која се критикувала службата за брза помош на која ѝ требало подолго време да пристигне во црнечките квартови и „ Fight the Power“.[12] „Fight the Power“ се смета за една од најпопуларните и највлијателните песни во историјата на хип хопот.[13] Таа била тематска песна на филмот од Спајк Ли, Постапувај исправно.

Чак Ди на настап во Малме во 1991 година

Четвртиот албум на групата, Apocalypse 91... The Enemy Strikes Black, го продолжил овој тренд, со песни како „Can't Truss It“, која се осврнаува на историјата на ропството и за тоа на кој начин црнечката заедница може да се бори против угнетувањето; „I Don't Wanna be Called Yo Nigga“, песна со која се наведува дека зборот nigga (македонски: црнец) се употребува во погрден контекст. На албумот, исто така, се наоѓа и контроверзната песна (за која е снимено и видео спот) „By the Time I Get to Arizona“, во која се опишува фрустрацијата на црнечката заедница поради тоа што некои американски држави не го прифатиле роденденот на Мартин Лутер Кинг како национален празник.[14]

По 1994 г. Public Enemy објавиле уште дванаесет студиски албуми, меѓу кои е и саундтракот за филмот од 1998 година He Got Game; сепак тие не го достигнале успехот на нивните први четири албуми. Пробале и со алтернативни начини на дистрибуција на нивната музика. Тие влијаеле на можноста за дистрибуција на музика преку Интернет, затоа што биле една од првите групи кои издавале албуми во MP3 формат,[15] кој во тоа време бил малку познат.

Public Enemy биле примени во Куќата на славата на рокенролот во 2013 година.

Членови на групата

[уреди | уреди извор]
  • Чак Дi (Карлтон Д. Рајденauр) – МC
  • Флејвор Флејв (Вилијам Дрејтон) – рапер, мултиинструменталист
  • Семи Сем (Семјуел Ким) - MC, музички продуцент
  • Кари Вајн – гитари, музички директор, MD, AMD
  • Диџеј Лорд (Лорд Асвод) – диџеј
  • Дејви ДМХ (Дејвид Френклин Ривс Џуниор) – бас
  • T-Bone Motta – тапани, удирачки инстументи
  • S1W
    • Брат Џејмс (Џејмс Норман)
    • Брат Роџер (Роџер Чилос)
    • Брат Мајк (Мајкл Вилијамс)
    • Џејмс Бомб (Џејмс Ален)
    • Испрашувачот (Шон К. Картер)
    • Големиот Каспер (Трејси Д. Вокер)
    • Поп Дизел

Поранешни членови

[уреди | уреди извор]
  • Терминатор Екс (Норман Роџерс) – диџеј, продуцент
  • Професор Гриф (Ричард Грифин) – министер за информации
  • Диџеј Џони „Џус“ Росадо – диџеј, скречирање, грамофон, продуцент
  • Сестра Суља (Лиза Вилијамсон) – министер за информации (го презела местото на Ричард Грифин откако Грифин ја напуштил групата)
  • Брајан Хардгрув – бас, ритам гитари
  • Мајкл Фокнер – тапани, ударачки инструменти
  • S1W
    • Џејкоб „Биг Џејк“ Шенкл
  • The Bomb Squad
    • Хенк Шокли (Џејмс Хенк Боксли III) *оригинален член
    • Кит Шокли (Кит Боксли) *оригинален член
    • Ерик „Виетнам“ Седлер *оригинален член
    • Гери Џи-Виз (Гери Риналдо) (го зазел местото на Ерик Седлер откако тој ја напушти групата)

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

[уреди | уреди извор]
  • Yo! Bum Rush the Show (1987)
  • It Takes a Nation of Millions to Hold Us Back (1988)
  • Fear of a Black Planet (1990)
  • Apocalypse 91... The Enemy Strikes Black (1991)
  • Muse Sick-n-Hour Mess Age (1994)
  • There's a Poison Goin' On (1999)
  • Revolverlution (2002)
  • New Whirl Odor (2005)
  • How You Sell Soul to a Soulless People Who Sold Their Soul??? (2007)
  • Most of My Heroes Still Don't Appear on No Stamp (2012)
  • The Evil Empire of Everything (2012)
  • Man Plans God Laughs (2015)
  • Nothing Is Quick in the Desert (2017)
  • Loud Is Not Enough (2020) (објавен под името Enemy Radio)
  • What You Gonna Do When the Grid Goes Down? (2020)
  1. Pinn, Anthony (2005). „Rap Music and Its Message“. Во Forbes, Bruce; Mahan, Jeffrey H. (уред.). Religion and Popular Culture in America. University of California Press. стр. 262. ISBN 9780520932579. Посетено на March 1, 2021 – преку Google Books.
  2. „Flavor of the month“. TheGuardian.com (англиски). Посетено на September 26, 2019.
  3. 3,0 3,1 „Public Enemy is 'moving forward without Flavor Flav' after Bernie Sanders rally dispute“. USA Today (англиски). Посетено на March 6, 2020.
  4. „Public Enemy split with Flavor Flav was a hoax, group now says“. Reuters. April 1, 2020.
  5. „On April Fools' Day, Public Enemy reveals Flavor Flav's firing was a hoax“. Los Angeles Times (англиски). April 1, 2020. Посетено на July 9, 2020.
  6. Erlewine, Stephen Thomas. „Public Enemy – Biography & History“. AllMusic. Посетено на March 4, 2017.
  7. „Public Enemy, Rush, Heart, Donna Summer to be inducted into Rock and Roll Hall of Fame“. EW.com (англиски). Посетено на July 16, 2018.
  8. Chang 2005, pp. 239, 241–242.
  9. . New York. Наводот magazine бара |magazine= (help); Отсутно или празно |title= (help); |access-date= бара |url= (help)
  10. „Acclaimed Music“. www.acclaimedmusic.net. Посетено на 2023-10-24.
  11. „Complete National Recording Registry Listing | Recording Registry | National Recording Preservation Board | Programs | Library of Congress“. Library of Congress, Washington, D.C. 20540 USA. Посетено на 2023-10-10.
  12. „Canadian Music – HuffPost Canada“. music.aol.ca. Архивирано од изворникот на September 26, 2018. Посетено на April 19, 2014.
  13. Lee, Spike.
  14. „Public Enemy Look Back at 20 Years of 'By the Time I Get to Arizona'. Spin Magazine. SpinMedia. November 10, 2011.
  15. PRESS, DAVID BAUDER,THE ASSOCIATED. „Artists pioneer sale of music through Internet, to industry's chagrin“. Cape Cod Times (англиски). Посетено на 2023-10-24.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]