Прејди на содржината

Хобит

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хобитите се една од измислените раси кои се населени во пределите на Средната земја, опишани во епско-фантастичните романи на Џ. Р. Р. Толкин.

Хобитите за првпат се појавуваат во романот Хобитот, каде главниот херој е Билбо Багинс. Во романот Господарот на Прстените сретнуваме повеќе хобити како главни карактери, Фродо Багинс, Семвајс Гемџи, Перегрин Тук и Мериадок Брендибак, како и неколкумина останати, помалку важни хобитски ликови. Хобитите се исто така накусо споменати во романите Силмарилион и Недовршените приказни.

Според авторот, во прологот од Господарот на прстените, хобитите се „сродни“[1] со расата луѓе од Средната земја. На други места Толкин ги опишува хобитите како „разновидна“[2] или како посебна „сорта“[3] на луѓе. Во самата приказна, хобитите и другите раси се прикажани како свесни за сличностите (оттаму доаѓаат и неформалните изрази „Големи луѓе“ и „Мали луѓе“ кои се употребуваат во Бри). Но, во приказната, хобитите себеси се сметаат за посебна раса.[4] За време на настаните што се одвиваат во Господарот на прстените, хобитите живеат во Округот (Шаер) и во Бри, на северозапад од Средната земја, но пред крајот на книгата, некои од нив се преселуваат околу Ридовите на Кулата (англ. Tower Hills) и во Гондор и Рохан.

  1. Tolkien: The Fellowship of the Ring. Prologue. "It is plain indeed that in spite of later estrangement Hobbits are relatives of ours: far nearer to us than Elves, or even than Dwarves. [...] But what exactly our relationship is can no longer be discovered."
  2. Tolkien, J. R. R. Guide to the Names of the Lord of the Rings, "The Firstborn"
  3. Carpenter: The Letters of J. R. R. Tolkien, #131
  4. Tolkien: The Fellowship of the Ring. Many Meetings. “If you can’t distinguish between a Man and a Hobbit, your judgement is poorer than I imagined. They’re as different as peas and apples.”

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]