Црна луња
Црна луња | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Соколовидни (или Јастребовидни, q.v.) |
Семејство: | Јастреби |
Род: | Луња |
Вид: | Црна луња |
Научен назив | |
Milvus migrans (Boddaert, 1783) | |
Подвидови | |
5, во текстот | |
Распространетост Портокалово: лето Зелено: преку цела година Сино: зима | |
Синоними | |
|
Црна луња (науч. Milvus migrans) — средноголема граблива птица од семејството јастреби. Се смета за најзастапен вид во светот од сите јастреби, но некои популации имаат драматичен пад или колебања.[2] Моменталната глобална популација е над 6 милиони единки.[3]
За разлика од другите во семејството, црната луња е опортунистички ловец (лесно се прилагодува кон условите) и затоа полесно доаѓа до храна. Тие поминуваат многу време лебдејќи и пловејќи во термалните струења во потрага по храна. Нивните аголни крија и препознатливата чаталеста опашка ги прави лесно препознатливи. Широко е распространет низ умерените и тропските делови на Евроазија и делови од Австралија и Океанија, со мала популација која има тенденција да биде преселничка. Има неколку подвидови. Европската популација на црната луња е мала, но во јужна Азија е многу голема. Оваа птица ја има во Македонија.
Таксономија и систематизација
[уреди | уреди извор]Црвената луња е познато дека се хибридизирала со црната луња на места каде што двата вида биле заедно.[4]
Неодамнешните ДНК-анализи сугерираат дека жолтоклуните африкански раси parasitus и aegyptius, значајно се разликуваат од црната луња од евроазискиот клад, и треба да се сметаат за посебен, алопатичен вид - жолтоклун јастреб M. aegyptius.[5] Тој е застапен низ цела Африка освен басенот на реката Конго и Сахара. Имало сугестии и подвидот M. m. lineatus да се стави во посебен вид M. lineatus, но не било широко поддржано.[6]
Подвидови
[уреди | уреди извор]- Milvus migrans migrans (Boddaert, 1783): европската црна луња;
- се размножува во јужна и источна Европа и на југ до североисточен Пакистан. Зимува во потсахарна Африка. Главата му е белузлава;
- Milvus migrans lineatus (J. E. Gray, 1831): црноушеста луња;
- Сибир, околу Хималаите до северна Индија, северна Индокина и јужна Кина; Јапонија. Птиците од северниот дел се селат зиме во Персискиот Залив и јужна Азија;
- Milvus migrans govinda (Sykes, 1832): мала индиска луња;
- Milvus migrans affinis (Gould, 1838):
- Milvus migrans formosanus (Kuroda, 1920): тајванска луња;
- Тајван, постојан жител.
Распространетост
[уреди | уреди извор]Видот е распространет низ Европа, Азија, Африка и Австралија. Птиците од умерените краишта се преселници, а оние од тропските краишта се постојани жители.
Опис
[уреди | уреди извор]Црната луња се разликува од црвената луња по тоа штоо е малку помала, што има помалку лисеста опашка која се забележува во лет, и претежно темно перје, без пувкасти делови. Половите се слични. Одозгора е кафеав, но главата и вратот се посветли. Дамката зад окото изгледа потемно. Пердувите за летање одозгора се црни, пердувите имаат темни вкрстени линии и се шарени во основа. Долните делови на телото се бледо кафеава боја, кои стануваат посветли кон брадата. Пердувите на телото имаат темни линии, што му дава набразден изглед. Очите му се жолти, а клунот црн. Нозете му се жолти, а канџите црни. Тие имаат карактеристичен писклив свиреж проследен со брз повик како ’ржење.[9]
Поведение
[уреди | уреди извор]Исхрана
[уреди | уреди извор]Црната луња најчесто се гледа како лебди и плови на термалните струења додека бараат храна. Лета стабилно, со леснотија, спретно менувајќи ги насоките. Ќе се насочат надолу со спуштени нозе за да го грабнат пленот: риби, отпадоци од храна и мрши. Опортунисти во исхраната, јадат сè што нуди околината, како птици, лилјаци и влекачи.[10] Ги привлекува чадот и огнот од каде го начекуваат пленот кој бега.[11] Ова поведение го создаде верувањето кај некои австралиски научници дека црната луња намерно зема запалени гранки и ги фрла во сувата трева за да предизвика пожар.[12] Во Индија, видот е многу добро адаптиран за живот во густо населени градови. Голем број од нив може да се видат како лебдат на небото. Некаде, дури, набрзина ќе украдат храна што ја држат луѓето во раце.[9][13]
Јато
[уреди | уреди извор]Во зима, црната луња формира големи колонии со седала. Јатото може прво да лета наоколу, пред да одлучи каде да се смести.[13] Кога се селат, повеќе од другите грабливки имаат тенденција да формираат јато, особено пред да поминат некоја поголема вода.[14] Во Индија, подвидот govinda покажува големи сезонски преселби, со најбројни јата во периодот од јули до октомври. Овие локални движења ги прави заради долгата сезона на дождови.[15]
Размножување
[уреди | уреди извор]Сезоната на парење во Индија започнува на зима, за младенчињата да се оперјат пред монсуните. Гнездото претставува тркалезна платформа од гранчиња и партали, поставена на дрво. Гнездата може да ги користат и по неколку години. Европските птици гнездат лете. Птиците во италијанските Алпи, гнездат близу до вода, на стрмни карпи или високи дрвја.[16] Свртеноста на гнездото зависи од правецот на ветрот и паѓањето на дождот.[17] Некои гнезда ги украсуваат со светли материјали, како бела пластика, а студија од Шпанија сугерира дека тоа го прават за да ги држи понастрана останатите луњи.[18] По спарувањето, мажјакот често копулира со женката. На незаштитените женки може да им пријдат други мажјаци и копулацијата со други женки е честа.
И мажјакот и женката имаат улога во градењето на гнездото, инкубацијата и грижата за малечките. Вообичаено несат 2, а понекогаш 3 јајца.[13][19] Квачењето трае различно, обично од 30 до 40 дена. Во Индија и повеќе, до два месеца.[20] Пилињата на европските популации побрзо се оперјуваат. Грижата за младенчињата е забрзана на местата каде птиците треба се селат.[21][22] Скоро изведените пилиња имаат старински пердувчиња на грбот и црни околу очите, а пувкасти на главата, вратот и одоздола. Тие се заменуваат со кафеавкастосиви втори долни пердуви. Ваквите им изникнуваат по 9 до 22 дена на целото тело, освен на врвот од главата. Пердувите на телото почнуваат да се појавуваат по 18 до 22 дена, а на главата стануваат забележливи од 24 до 29 ден. Младенчињата првично се хранат со храна што ќе падне на дното на гнездото и започнува да го раскинува месото по 33-39 дена. Тие се во состојба да стојат на нозе по 17-19 дена, а започнуваат да мавтаат со крилјата по 27-31 ден. По 50 дена ќе почнат да се движат во близина на гнездото.[23][24] Птиците се способни за размножување по втората година.[20] Родителите го бранат гнездото и агресивно ги напаѓаат натрапниците. И луѓето што се приближуваат до гнездото ќе бидат нападнати со нагли спустови.[25]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Црна луња
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ BirdLife International (2012). „Milvus migrans“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 јули 2012.
- ↑ Ferguson-Lees, J.; Christie, D. (2001). Raptors of the World. London: Christopher Helm. ISBN 0-7136-8026-1.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ „Milvus migrans (Black Kite)“. IUCN Red List. Архивирано од изворникот на 2012-09-19. Посетено на 2013-02-20.
- ↑ Hille, Sabine and Jean-marc Thiollay (2000). „The imminent extinction of the Kites Milvus milvus fasciicauda and Milvus m. migrans on the Cape Verde Islands“. Bird Conservation International. 10 (4): 361–369. doi:10.1017/S0959270900000319.
- ↑ Johnson JA, Richard T. Watson and David P. Mindell (2005). „Prioritizing species conservation: does the Cape Verde kite exist?“ (PDF). Proc. R. Soc. B. 272 (1570): 1365–1371. doi:10.1098/rspb.2005.3098. PMC 1560339. PMID 16006325. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-12-19. Посетено на 2013-06-12.
- ↑ Schreiber, Arnd; Stubbe, Michael & Stubbe, Annegret (2000). „Red kite (Milvus milvus) and black kite (M. migrans): minute genetic interspecies distance of two raptors breeding in a mixed community (Falconiformes: Accipitridae)“. Biological Journal of the Linnean Society. 69 (3): 351–365. doi:10.1111/j.1095-8312.2000.tb01210.x.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Agoramoorthy, G (2005). „Disallow caste discrimination in biological and social contexts“ (PDF). Current Science. 89 (5): 727.
- ↑ Blanford WT (1896). Fauna of British India. Birds. Volume 3. Taylor and Francis, London. стр. 374–378.
- ↑ 9,0 9,1 Whistler, Hugh (1949). Popular handbook of Indian birds (4. изд.). Gurney and Jackson, London. стр. 371–373. ISBN 1-4067-4576-6.
- ↑ Narayanan, E (1989). „Pariah Kite Milvus migrans capturing Whitebreasted Kingfisher Halcyon smyrnensis“. J. Bombay Nat. Hist. Soc. 86 (3): 445.
- ↑ Hollands, David (1984). Eagles, hawks, and falcons of Australia. Nelson. ISBN 0-17-006411-5.
- ↑ Chisholm AH (1971). „The use by birds of tools and playthings“. Vict. Nat. 88: 180–188.
- ↑ 13,0 13,1 13,2 Ali, S & S D Ripley (1978). Handbook of the birds of India and Pakistan. 1 (2. изд.). Oxford University Press. стр. 226–230. ISBN 0-19-562063-1.
- ↑ Agostini N & A Duchi (1994). „Water-crossing behavior of Black Kites (Milvus migrans) during migration“ (PDF). Bird Behaviour. 10: 45–48. doi:10.3727/015613894791748935. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-03. Посетено на 2013-06-12.
- ↑ Mahabal, Anil and Bastawade, DB (1985). „Population ecology and communal roosting behaviour of pariah kite Milvus migrans govinda in Pune (Maharashtra)“. J. Bombay. Nat. Hist. Soc. 82 (2): 337–346.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Sergio, Fabrizio; Paolo Pedrini and Luigi Marchesi (2003). „Adaptive selection of foraging and nesting habitat by black kites (Milvus migrans) and its implications for conservation: a multi-scale approach“. Biological Conservation. 112 (3): 351–362. doi:10.1016/S0006-3207(02)00332-4.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Viñuela J & C Sunyer (1992). „Nest orientation and hatching success of Black Kites Milvus migrans in Spain“. Ibis. 134 (4): 340–345. doi:10.1111/j.1474-919X.1992.tb08013.x.
- ↑ Sergio, F.; Blas, J.; Blanco, G.; Tanferna, A.; Lopez, L.; Lemus, J. A.; Hiraldo, F. (2011). „Raptor Nest Decorations Are a Reliable Threat Against Conspecifics“. Science. 331 (6015): 327–330. doi:10.1126/science.1199422. PMID 21252345.
- ↑ Koga, Kimiya; Siraishi, Satoshi and Uchida, Teruaki (1989). „Breeding Ecology of the Black-eared Kite Milvus migrans lineatus in the Nagasaki Peninsula, Kyushu“. Jap. J. Ornithol. 38 (2): 57–66. doi:10.3838/jjo.38.57.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ 20,0 20,1 Desai,JH; Malhotra, AK (1979). „Breeding biology of the Pariah Kite Milvus migrans at Delhi Zoological Park“. Ibis. 121 (3): 320–325. doi:10.1111/j.1474-919X.1979.tb06849.x.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Bustamante J. & Hiraldo F. (1989). „Post-fledging dependence period and maturation of flight skills in the Black Kite Milvus migrans“. Bird Study. 56 (3): 199–204. doi:10.1080/00063658909477025.
- ↑ Bustamante, J (1994). „Family break-up in Black and Red Kites Milvus migrans and Milvus milvus:is time of independence an offspring decision“ (PDF). Ibis. 136 (2): 176–184. doi:10.1111/j.1474-919X.1994.tb01082.x. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-20. Посетено на 2013-06-12.
- ↑ Desai, J. H. and Malhotra, A. K. (1980). „Embryonic development of Pariah Kite Milvus migrans govinda“. J. Yamashina Inst. Ornith. 12: 82–86.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Koga, Kimiya; Satoshi Shiraishi, Teruaki Uchida (1989). „Growth and Development of the Black-eared Kite Milvus migrans lineatus“. Japanese Journal of Ornithology. 38 (1): 31–42. doi:10.3838/jjo.38.31.[мртва врска]
- ↑ Malhotra, AK (1990). „Site fidelity and power of recognition in Pariah Kite Milvus migrans govinda“. J. Bombay Nat. Hist. Soc. 87 (3): 458.
Литература
[уреди | уреди извор]- Desai, J. H.; Malhotra, A. K. (1982). „Annual gonadal cycle of Black Kite Milvus migrans govinda“. J. Yamashina Inst. Orn. 14 (2–3): 143–150. doi:10.3312/jyio1952.14.143.
- Hardy, J. (1985). „Black Kite capturing small passerines“. Australasian Raptor Association News. 6: 14.
- American Ornithologists' Union (2000). „Forty-second supplement to the American Ornithologists' Union Check-list of North American Birds“. Auk. 117 (3): 847–858. doi:10.1642/0004-8038(2000)117[0847:FSSTTA]2.0.CO;2.
- Crochet Pierre-André (2005). „Recent DNA studies of kites“. Birding World. 18 (12): 486–488.
- Forsman Dick (2003). „Identification of Black-eared Kite“. Birding World. 16 (4): 156–60.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Црна луња“ на Ризницата ? |
„Црна луња“ на Викивидовите ? |
- Black Kite videos, photos & sounds Архивирано на 25 април 2013 г.
- Black Kite - Species text in The Atlas of Southern African Birds
- Ageing and sexing (PDF; 4.9 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Архивирано на 18 април 2013 г.