1960
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1960 MCMLX |
Ab urbe condita | 2713 |
Ерменски календар | 1409 ԹՎ ՌՆԹ |
Асирски календар | 6710 |
Бахајски календар | 116–117 |
Балиски календар | 1881–1882 |
Бенгалски календар | 1367 |
Берберски календар | 2910 |
Будистички календар | 2504 |
Бурмански календар | 1322 |
Византиски календар | 7468–7469 |
Кинески календар | 己亥年 (зем. свиња) 4656 или 4596 — до — 庚子年 (мет. стаорец) 4657 или 4597 |
Коптски календар | 1676–1677 |
Етиопски календар | 1952–1953 |
Еврејски календар | 5720–5721 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 2016–2017 |
- Сачка ера | 1881–1882 |
- Кали-југа | 5060–5061 |
Холоценски календар | 11960 |
Игбоански календар | 960–961 |
Ирански календар | 1338–1339 |
Исламски календар | 1379–1380 |
Јапонски календар | Шова 35 (昭和35年) |
Јавански календар | 1891–1892 |
Џуче-календар | 49 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4293 |
Мингуо-календар | Тајван 49 民國49年 |
Нанакшахи | 492 |
Тајландски сончев календар | 2503 |
Тибетски календар | 阴土猪年 (женска земја-свиња) 2086 или 1705 или 933 — до — 阳金鼠年 (машко железо-стаорец) 2087 или 1706 или 934 |
1960 (MCMLX) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1960 година од новата ера, 960. од вториот милениум, 60. од XX век и прва од 1960-тите.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7468 и 7469 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6710 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5720 и 5721 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2713.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1960 година се протега во 4596 и 4597, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4656 и 4657 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2503. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1379 и 1380 исламска година.
Настани
[уреди | уреди извор]јануари
[уреди | уреди извор]- 1 јануари – Камерун станува независен.
- 9 јануари – Започнува изградбата на Асуанската брана во Египет.
- 23 јануари - Батискафот на САД „Трст“ постигнал рекордна длабочина од 10.911 м во водите на Тихиот Океан.
февруари
[уреди | уреди извор]- 18 февруари – Во Скво валеј, САД, се отворени Зимските олимписки игри.
март
[уреди | уреди извор]април
[уреди | уреди извор]- 21 април – Бразилија е прогласен за главен град на Бразил.
- 27 април – Того добива независност од Франција.
мај
[уреди | уреди извор]- 11 мај – Израелски агенти во Буенос Аирес го киднапираат нацистичкиот злосторник од Втората светска војна, Адолф Ајхман.
- 27 мај – Во Турција е извршен воен удар.
јуни
[уреди | уреди извор]- 20 јуни – Федерацијата Мали добива независност од Франција.
- 26 јуни – Британски Сомалиленд добива независност од Британија.
- 30 јуни – Белгиско Конго добива независност од Белгија.
јули
[уреди | уреди извор]- 1 јули - Британски Сомалиленд и Италијански Сомалиленд се обединуваат во Сомалија.
- 11 јули – Моис Чомбе со белгиска помош ја прогласува конгоанската провинција Катанга за независна држава.
- 20 јули – Сиривамо Бандаранаике е избрана за премиер на Шри Ланка и станува прва жена премиер во светот.
август
[уреди | уреди извор]- 1 август – Бенин добива независност од Франција.
- 5 август – Буркина Фасо прогласува независност од Франција.
- 6 август – Како одговор на ембаргото од САД, кубанската влада ги национализира американските и другите фирми на Куба.
- 7 август – Брегот на Слоновата Коска добива независност од Франција.
- 11 август – Чад добива независност од Франција.
- 13 август – Централноафриканската Република добива независност од Франција.
- 15 август – Конго-Бразавил добива независност од Франција.
- 16 август – Кипар добива независност од Британија.
- 17 август – Габон добива независност од Франција.
- 20 август – Сенегал се отцепува од Федерацијата Мали.
- 25 август – Во Рим се отворени Летните олимписки игри.
септември
[уреди | уреди извор]- 14 септември – Мобуту Сесе Секо извршува воен удар во Конго.
- 14 септември – Венецуела, Ирак, Иран, Кувајт и Саудиска Арабија го формираат ОПЕК.
октомври
[уреди | уреди извор]- 1 октомври – Нигерија стекнува независност од Британија.
- 5 октомври – Белците во Јужноафриканската унија гласаат земјата да стане република.
ноември
[уреди | уреди извор]- 8 ноември – На претседателските избори во САД победува демократот Џон Кенеди.
- 28 ноември – Мавританија добива независност од Франција.
декември
[уреди | уреди извор]- 14 декември – Во Париз е формиран ОЕЦД.
Без датум
[уреди | уреди извор]- Започнува производството на автомобилот Застава 750, популарно наречен „Фиќо“.
Родени
[уреди | уреди извор]- 7 март – Иван Лендл, чешки тенисер
- 21 март – Ајртон Сена, бразилски автомобилист
- 2 април – Линфорд Кристи, британски атлетичар
- 2 мај - Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија
- 10 мај – Боно, ирски пејач
- 6 јуни - Стив Ваи, американски гитарист, композитор и продуцент, добитник на Греми награда
- 4 август – Хосе Луис Запатеро, шпански премиер
- 10 август – Антонио Бандерас, шпански глумец
- 9 септември – Хју Грант, британски глумец
- 30 октомври – Диего Марадона, аргентински фудбалер
- 18 ноември – Ким Вајлд, англиска пејачка
- 27 ноември – Јулија Тимошенко, украински премиер
Починале
[уреди | уреди извор]- 4 јануари – Албер Ками, француски писател, Нобеловец
- 30 мај – Борис Пастернак, руски поет и писател
- 16 ноември – Кларк Гејбл, американски глумец