Clostridium tetani
Clostridium tetani | |
---|---|
Clostridium tetani | |
Научна класификација | |
Царство: | Bacteria |
Колено: | Firmicutes |
Класа: | Clostridia |
Ред: | Clostridiales |
Семејство: | Clostridiaceae |
Род: | Clostridium |
Вид: | C. tetani |
Научен назив | |
Clostridium tetani Flügge, 1881 |
Clostridium tetani е право тенко стапченце со перитрихијални флагели. Капсула нема, спорите му се наоѓаат терминално и се бои по Грам.
Токсичност
[уреди | уреди извор]Clostridium tetani лачи вистински егзотоксин. Тој се состои од две компоненти:
- Тетаноспазмин, кој предизвикува грчеви на напрешно пругастите мускули;
- Тетанолизин, кој ги хемолизира еритроцитите.
Епидемиологија
[уреди | уреди извор]Живее како сапрофит во цревата на домашните животни. Се исфрла соизметот во тревата, земјата и предметите. На тетанусна инфекција се изложени физичките работници-земјоделците. Кај нас се јавува спорадично поради ниска здравствена просветеност и нехигиенски навики кога на тетанусните повреди(длабоки убоди,убод од шајка, дрва и др.) не се обрнува доволно внимание.
Форми на тетанус
[уреди | уреди извор]Има повеќе форми на тетанус но ние ќе ги спомнеме само основните две форми.
Гиниколошки тетанус
[уреди | уреди извор]Се јавува при вршење на криминални абортуси од нестручни лица со нестерилни инструменти(предмети)
Неонатален тетанус
[уреди | уреди извор]Кај новороденчиња како резултат на нехигиенско сечење на папочната врска со нестерилни предмети.
Патогенеза
[уреди | уреди извор]Спорите навлегуваат во раната при повреда или подоцна кога таа е отворена. Секоја повреда не подразбира појава на тетанус. Тука на влезното место го излачува својот егзотоксин кој дифундира кон периферните нерви на ЦНС, а потоа по лимфен пат до целата мускулатура.
Инкубацијата изнесува од 7-14 дена, ретко до 2 месеци. Во зависност од локализацијата на местото на повредата имаме:
- Локален тетанус, кај лица кои биле некомплетно вакцинирани, се јавува грч на рацете и нозете.
- Генерализиран тетанус, е потешка форма на тетанус која започнува со грч на мускулите на лицето(челото,очните и мускулите околу устата), која дава карактеристичен изглед наречен Facies tetanicus (болниот како да се смее, а околу очите како да плаче). Потоа тоничниот грч го зафаќа вратот, градниот кош и абдоменот. Грчевите се многу болни, се повторуваат иако нападите се зголемени. Ако ги зафатаат меѓуребрените мускули настапува смрт. Ова трае 10 дена, а мускулите се опуштаат после 1-2 месеци од почетокот на болеста.
Терапија
[уреди | уреди извор]Терапијата е долготрајна и тешка. Се состои од:
- серотерапија;
- обработка на раната;
- седативи и хипнотици;
- снтибиотици;
- симптоматска терапија;
- рехидратација;
- исрхана(лесна и калорична).
Профилакса
[уреди | уреди извор]Активна имунизација е задолжителна за сите деца до две години, ученици и војници. Се почнува во четвртиот месец со DI-TE-PER вакцина во три дози, субкутано на растојание од 4-6 недели. Првата ревакцинација се врши по три години. Втората ревакцинација е со DI-TE вакцина на 7 години. А понатаму на секои 5-7 години до наполнети 20 години. Пасивна имунизација се спроведува со серум во текот на првите 6-12 часа од повредата, а истите луѓе примаат теталпан.