Papers by Jasmina Runevska
Во првиот дел од текстот „Краток есеј, задолжителен влез во текстот“ уште во цитатите што ги издв... more Во првиот дел од текстот „Краток есеј, задолжителен влез во текстот“ уште во цитатите што ги издвоив си ги поставив следните прашања: (преку цитатот на Браидоти, стр.3) „До кој степен академскиот/научниот или школскиот дискурс е фалоцентричен?“ и (преку цитатот на Котеска, стр. 3) „Дали пишаниот текст е родово обоен, или пак интерпретацијата на текстот го бои писмото?“ Односно, најшироко, проблемот што ме водеше во овој труд е „Колку многу родови слоеви се натрупале во јазикот и во сите негови функции?“
И одговорите на овие проблеми ги барам повторно во јазикот, во следните делови од трудот „Жена“, „За женскиот дискурс. И за машкото читање на писмата. Многузначен, полн со метафори, неразбирлив, празен, хистеричен, или пак, еднозначен и разбирлив? Неколку зборови за читањето на женското писмо/ дискурс воопшто“, „За универзална гледнa точка на Витиг“, каде што ќе налетате на расправии помеѓу самите писател(к)и или помеѓу нив и мене, за на крај во последниот дел од овој текст „Наивен излез од текстот (проблемот)“ да стигнам до најлогичкиот одговор или излез за моите прашања преку „Номадскиот субјект“ на Браидоти (стр. 14).
Факултет за драмски уметности Семинарски труд по предметната програма историја на уметноста [курс... more Факултет за драмски уметности Семинарски труд по предметната програма историја на уметноста [курс: 7] (Пост)модернизам Најпрвин чувствувам потреба да испишам неколку реченици каде се прави остра граница помеѓу модернизмот и постмодернизмот, особено кога станува збор за македонската уметничка сцена, зашто исчитувајќи некои текстови сретнав некои двосмислености. За да си помогнам со дефинирањето, најпрвин ќе го цитирам Џепаровски кој ја испишал графата за Постмодернизмот во поимникот на книжевната теорија: "Филозофко и уметничко движење од втората половина на ХХ век оформено како своевидно продолжување на дејноста на уметничките авангарди од првата половина на ХХ век, со претежирање на идеите за радикален плуризам и критички однос кон идеите на модерната и модернизмот, означени како есенцијалистички "големи приказни". Наспроти ова постмодернизмот ги фаворизира "малите приказни", случајностите." (прир. Ќулавкова, 2007:416). Оваа дефиниција е за глобалната слика на одделувањети на модернизмот од постмодернизмот и како ваква не може да функционира во овој контекст каде што станува збор за македонската ликовна сцена, зашто како што знаеме, и самиот модернизам се појавува многу подоцна во спредба со светстките трендови и случувања во уметноста воопшто.
Uploads