І македонски конгрес
Првиот македонски конгрес на македонската друштва се одржал во Софија. Со својата работа започнал на 19 март 1895 година, и притоа бил формиран
Заседание и дневен ред
уредиМакедонскиот комитет. На конгресот присуствувале 60 делегати со него претседавал Трајко Китанчев.На првите три дена се расправало за целта, на дневен ред биле две прашања:
- Автономија на Македонија или нејзино присоединување кон Бугарија.
Бил прифатен првиот предлог со мнозински гласови на делегатите, за вториот предлог гласале само тројца делегати предводени од Димитар Македонски[1][2].
На овој конгрес дошло до обединување на македонската емиграција во рамките Македонскиот комитет, подоцна познат како Врховен македонско-одрински комитет.
Решенија
уредиДел од темата „Македонски комитет“ |
---|
Основачи
|
Ментори
|
Противници
|
Сојузник
|
Конгреси
|
Востанија
|
Органи
|
Фракции
|
Поврзано
|
Конгресот донел одлуки кои добиле формата на Устав, а потоа следеле конкретните решенија:
„ | Цел на македонските друштва е придобивање за населението во Македонија и Одринско политичка автономија, приложена и гарантирана од Големите сили | “ |
а тоа можело да се постигне преку:
„ | Влијание врз бугарската влада и општествено мнение во Бугарија и Европа преку: а) Печатно слово, б) во другите балкански држави за заедничко дејствување во корист на автономија, в) агитација и митинзи, г) поддржување на избор за пратеници во Народното собрание на лица коисе обврзуваат да дејствуваат за постигање на целта на македонските друштва, д) испраќање на делегати и меморандуми до Големите сили, е) воопшто преземање мерки диктирани од силата на условите[3] | “ |
Некои од позначајните членови:
Член 3. Сите македонски друштва во Бугарија претставуваат единствена организација на чело со 2-член комитет со седиште во Софија.
Член 4. Македонските друштва во бугарија да се именуваат како македонски,а во Романија како Македонско Благотворително друштво.
Член 13. Член на македонските друштва можел да биде секој што сочувствува со со нивната цел доколку е препорачан од 3 членови на друштвото кон коесака да се запише.
Член 14. Секој член од македонските друштва по прашањето за автономија на Македонија и Одринско се задолжува да ја поддржува секоја бугарска влада,која дејствува за постигање на таа цел и да настојува да влијае врз онаа влада која би ја игнорирала.
Член 36. Комитетот бил оплномошен од Конгресот да влегува во односи и договори за заеднички дејства со асоцијации од други народности,кои проследуваат слична цел македонските друштва [4].
На крај од конгресот било решено да се испратат телеграми до рускиот цар Николај II, грофот Игнатиев, кнезот Фердинанд I и Вилјам Гладстон за да се заблагодарат за дотогашната поддршка за населението во Македонија.[4]
Извори
уреди- ↑ П. Константин Национлнотоослободително движение в Македония и Тракия 1893-1093, София, 1979
- ↑ К. Битовски, Македонија и кнежевството Бугарија
- ↑ Решения на I - и македонски конгрес, Право, I / 25, София, 9.05.1893.3; В. Георгиев и С. Трифонов, История на българите ...., 360-361
- ↑ 4,0 4,1 Решения на I - и македонски конгрес, Право, I / 25, София, 9.05.1893.3