Прејди на содржината

Саси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 17:49, 17 август 2023; направена од Buli (разговор | придонеси) (Наводи)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Татковината на Сасите, по која денешните германски држави Саксонија и Саксонија-Анхалт ги добиле своите имиња

Саси или Саксонцигерманско племе чија татковина се наоѓала на територијата на денешна северна Германија. Помеѓу III и V век под притисок на Франките тие се селат кон западна Европа, а век подоцна заедно со Англите и Јитите се селат на Британскиот Остров, така сочинувајќи ги Англичаните. Англиските грофовии Есекс и Сасекс се именувани по нив.

Сасите се доселиле во североисточна Македонија во XIII век и се занимавале со рударство. Со време се претопиле со Македонците, но оставиле низа топоними.[1]

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Најприфатена претпоставка е дека името на Сасите потекнува од зборот сакс (анг. seax), вид на нож по кој тие биле познати. Овој нож е од големо симболично значење за англиските грофовии Есекс и Мидлсекс. Неговото име, покрај во овие две покраини, се појавува и во Сасекс и Весекс.

Историја

[уреди | уреди извор]

Рана историја

[уреди | уреди извор]

Континентална историја

[уреди | уреди извор]

Општествена структура

[уреди | уреди извор]

Нортамбрискиот теолог и историчар Беда Многупочитуваниот околу 730 г. запишал дека „континенталните Саксонци немаат крал, но имаат неколку елдормани (анг. elder man, старешница) кои за време на војна имаат голема власт, но се еднакви со останатите во мирно време.“

Религија

[уреди | уреди извор]

Сасите на почетокот биле пагани, но во седмиот век под влијание на Јутите се конвентирале во Христијани.

Сасите и Балканот

[уреди | уреди извор]

Сасите се познати по нивните развиени рударски вештини, така што во средината на XIII век благодарение на нив доаѓа до развој на рударството во средновековна Србија и Македонија. Таму ги нарекувале Саси, додека кај Дубровчаните се сретнуваат како Алемани, Алмани, Теотонци и Тедеши. Не се разјаснети околностите поради кои тие се населуваат на овие простори, но се претпоставува дека повикот на српскиот крал Стефан Урош I (1243-1276), како и монголската наезда од 1241 ги принудила на преселба. Бугарскиот цар Иван Шишман ги вика на македонската планина Осогово, каде што го отвораат рудникот Саса. Во нивна чест, таму денеска се наоѓа и селото Саса.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1302. ISBN 978-608-203-024-1.