Прејди на содржината

ФК Коло Коло

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 23:36, 28 декември 2023; направена од P.Nedelkovski (разговор | придонеси) (поправка на правопис - „дваесет“ наместо „двадесет“)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Коло Коло
Целосно имеClub Social y Deportivo Colo-Colo
ПрекарЛос Албос, Ел Касике
Основан19 април 1925
СтадионСтадион Давид Арелјано
Сантјаго, Чиле
Капацитет45,935
МенаџерЧиле Марио Салас
ЛигаПримиера Дивисион
2023Примера Дивисион, 3-и
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Коло-Коло (шпански: Club Social y Deportivo Colo-Colo) е фудбалски клуб од Сантјаго, Чиле. Името го носи по индијанскиот поглавар.

Тимот е еден од иницијаторите на чилеанската професионална лига. Исто така, основач е и на јужноамериканскиот куп, кој денес е познат под името Копа Либертадорес.

Освојувач е на многубројни трофеи во Чиле и единствен клуб од оваа земја кој некогаш триумфирал во Копа Либертадорес (1991). Истата година играл во Интерконтиненталниот куп на Олимпискиот стадион во Токио, кадe е поразен од Црвена Ѕвезда.

Соперници

[уреди | уреди извор]

Традиционален најлут соперник на Коло Коло е екипата на Универсидад де Чиле, со кого го играат познатото дерби во Чиле наречено како Superclásico (Супер Класико), и тоа воедно е најпопуларното фудбалско дерби во Чиле. Првиот натпревар помеѓу двата клуба се одиграл во 1935 година. Соперништво започнало помеѓу 1940-тите и 1950-тите. На 11 ноември 1954 година, била кулминација на серијата несогласувања помеѓу двата клуба. Таа средба завршила со победа за Универсидад де Чиле со 2-1, и со овој резултат ќе започне серијата на добри резултати на "блуз" против Коло Коло.

Коло Коло успеал да го поништи овој тренд во текот на следната дваесет и една година, кога 50-те натпревари од Првата дивизија одиграни во периодот помеѓу 1970 и 1991 година, се завршени со биланс од 26 победи на Коло Коло, 15 нерешени, и само 9 победи на Универсидад де Чиле.

Двата врвни клубови се сретнале 167 пати со 73 победи за Коло Коло, 49 нерешени натпревари и 45 победи за Универсидад.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]