Прејди на содржината

Portishead

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 15:55, 5 октомври 2024; направена од Dentedeleone (разговор | придонеси) (проширување)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Portishead
Portishead во 2013
Животописни податоци
ПотеклоБристол, Англија
Жанрови
Период на активност1991 - сега
Издавачи
Мреж. местоportishead.co.uk

Portishead (транскрипција: Портисхед) ― англиска трип-хоп група, основана во 1991 година во Бристол. Групата е составена од: Бет Гибонс (пејачка), Џеф Бароу (повеќе инструменти, продукција) и Ејдријан Јутли (гитара). Дејв Мекдоналд, аудио аранжер кој помогнал во продукцијата на нивните први два албума, понекогаш се смета за четврти член.[8][9] Именуван е според град оддалечен 13 километри западно од Бристол.

Нивниот прв албум Dummy бил издаден во 1994 година и забележал огромен успех во САД и Европа. Албумот во 1995 година ја освоил музичката награда Меркур,[10] а истата година групата била номинирана за „Најдобар британски дебитант“ на Британските музички награди. Албумот бил рангиран на 419-то место на списокот од 500 најдобри албуми на сите времиња објавен од списанието Ролинг Стоун.[11] Албумот често се смета за еден од најдобрите трип-хоп албуми досега и е пресвртница во дефинирањето на жанрот. Нивните два други студиски албуми, Portishead (1997) и Third (2008), исто така биле пофалени од критиката. Портисхед го објавиле и албумот во живо Roseland NYC Live (1998) и албумот Third (2008).

Историја

[уреди | уреди извор]

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

[уреди | уреди извор]
  • Dummy – 1994
  • Portishead – 1997
  • Third – 2008

Концертни албуми

[уреди | уреди извор]
  • Roseland NYC Live – 1998
  1. Erlewine, Stephen Thomas. „Biography“. AllMusic. Посетено на 25 July 2016.
  2. Staff (10 April 2008). „Bristol Time: The return of a trip-hop legacy“. The Independent. Посетено на 25 July 2016.
  3. Miriello, Ralph A. (24 September 2012). „Casting for Gravity: Donny McCaslin's Adventure into Electronica“. Huffington Post. Посетено на 25 July 2016.
  4. Taylor, Steve (27 September 2006). The A to X of Alternative Music. Continuum International Publishing Group. ISBN 0826482171. Посетено на 26 November 2012.
  5. Brandle, Lars (1 March 2008). „Coming (Back) Together“. Billboard. том 120 no. 9. стр. 29. ISSN 0006-2510. Посетено на 26 November 2012. The trend will continue this year when two of Britain's most important '90s alternative bands-The Verve and Portishead-make their respective U.S. returns for the first time in nearly a decade.
  6. Wheaton, RJ (December 2011). Portishead's Dummy. A&C Black, 33 1/3. стр. 179.
  7. Palmer, Elle (27 June 2013). „Portishead discuss their favourite albums“. Посетено на 12 July 2023.
  8. „The Rock Hard Times: Dave McDonald“. Trht.net. Архивирано од изворникот на 2016-03-16. Посетено на 4 June 2011.
  9. „A Portishead Fansite: Dave McDonald“. Kotinetti.suomi.net. Архивирано од изворникот на 12 June 2011. Посетено на 4 June 2011.
  10. Mercury Music Prize Winners BBC.
  11. Празен навод (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]