Прејди на содржината

Јохан Елерт Боде

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јохан Елерт Боде
Johann Elert Bode
Јохан Елерт Боде
Роден(а)19 јануари 1747(1747-01-19)
Хамбург, Свето Римско Царство
Починал(а)23 ноември 1826(1826-11-23) (возр. 79)
Берлин, Кралство Прусија
НационалностГерманец
Полињаастрономија
Докторски менторЈохан Георг Биш
ДокторандиЈохан Пфаф
Познат поТициус-Бодеов закон

Јохан Елерт Боде (германски: Johann Elert Bode; 19 јануари 174723 ноември 1826) — германски астроном познат по неговата улога во Тициус-Бодеовиот закон. Ја открил орбитата на Уран и го предложил нејзиното име.

Живот и работа

[уреди | уреди извор]

Боде е роде нво Хамбург. Како млад имал тешка очна болест која му го оштетила десното око; сиот живот имал проблем со очите.[1]

Неговиот талент за математика бил забележан од Јохан Георг Биш, кој му ја дал својата библиотека на располагање. Кариерата ја започнал со кратко дело за затемнувањето на Сонцето на 5 август 1766 г. По ова во 1768 г. следела основна расправа за астрономијата под наслов „Водич за спознаање на ѕвезденото небо“ (Anleitung zur Kenntniss des gestirnten Himmels). Делото било успешно, и Боде бил поканет во Берлин од Јохан Хајнрих Ламберт[2] во 1772 г. да ги пресмета ефемеридите на усовршен план. Таму во 1774 г. го основал познатиот „Астрономски годишник“ (Astronomisches Jahrbuch) и со време издал 51 број.[3]

Станал директор на Берлинската опсерваторија во 1786 г. и се задржал на тоа место до неговото пензионирање во 1825 г.[3] Таму во 1801 г. ја објавил познатата „Уранографија“ (Uranographia) — небесен атлас со научно прецизни положби на ѕвездите и другите небесни тела, како и уметнички толкувања на соѕвездијата според нивниот изглед. Ова дело се смета за врв на уметничките претстави на соѕвездијата. Во подоцнежните атласи се среќаваат сè помалку ликовно обработени фигури сè додека не престанале да се објавуваат во вакви табели.

Боде објавил уште еден мал ѕвезден атлас предвиден за аматерскиот астроном, наречен „Претстава за ѕвездите“ (Vorstellung der Gestirne). Се смета за откривач на Бодеовата Галаксија (M81). По него се наречени кометата Боде (C/1779 A1), астероидот 998 Бодеја, откриена на 6 август 1923 г. од Карл Рајнмут во Хајделберг (завршната буква „а“ го следи обичајот на астероидите да им се даваат женски имиња).

Познат е и по „законот“ откриен од Јохан Даниел Тициус во 1766 г. Боде за првпат го спомнува во фунсота на „Водич за спознаање на ѕвезденото небо“. Иако официјално се нарекува Тициус-Бодеов закон, чест се нарекува само Бодеов закон. Овој закон ги објаснува далечините на планетите од Сонцето, но претстанува да важи за Нептун кој бил подона откриен во Берлин. Уран бил откриен на местото предвидено од оваа закономерност и затоа наишла на интерес во стручната јавност. Боде забележал дека има празен интервал меѓу Марс и Јупитер и собрал астрономи за да ја бараат таа планета. Преда да започне потерата по оваа планета, во 1801 г. Џузепе Пјаци од Палермо ја открил џуџестата планета Церера (тогаш сметана за астероид) на местото предвидено од Боде.

Подоцна законот бил напуштен кога астрономите увиделе дека Церера е само еден од мал број астероиди, а Нептун не е на положбата предвидена со законот. Во поново време законот е повторно се разгледува со откривањето на планети околу други ѕвезди.

Насловна страница на „Водич за спознаање на ѕвезденото небо“ во издание од 1772 г.

Самиот Боде зел непосредно учество во потрегата по планети, започната по октивањето на Уран во 1781 г. Иако Уран е првата планета откриена со телескоп, таа е видлива со голо око (иако многу слабо). Боде консултирал постари ѕвездени карти и открил дека таму се водат положбите на разни планети под грешна претпоставка дека се ѕвезди. На пример, англискиот астроном Џон Флемстид во неговиот каталог од 1690 г. го води Уран како ѕвезда 34 Бик. Овие претходни набљудувања овозможиал точна пресметка на орбитата на новата планета.

Боде е одговорен за именувањето на Уран. Нејзиниот откривач Вилијам Хершел предложил да биде наречена по кралот Џорџ III, но ова не било прифатено во други земји. Боде се решил за Уран, по логиката дека Сатурн бил татко на Јупитер, па затоа новата планета треба да биде наречена по таткото на Сатурн.[4] [5] Предложени се и други алтернативи, но предлогот на Боде превагнал. Во Британија ова име е официјално признаено дури во 1850 г. кога морепловниот алманах го сменил името Георгиева Ѕвезда (Georgium Sidus) во Уран (Uranus). Во 1789 г. колегата Мартин Клапрот од Кралската академија го зел примерот на Боде за да го нарече новооткриениот елемент „ураниум“.[6]

Од 1787 до 1825 г. Боде бил дирекетор на Институтот за астрономски пресметки при Хајделбершкиот универзитет. Во 1794 г. бил избран за странски член на Кралската академија на науките од Стокјолм. Во април 1789 г. станал член на Кралското друштво од Лондон.[7]

Боде починал во Берлин на 23 ноември 1826 г. на возраст од 79 години.

Избрани дела

[уреди | уреди извор]
„Општи разгледи за устројството на светот“, 1808 г.
  • 1768: „Водич за спознаање на ѕвезденото небо“ (Anleitung zur Kentniss des Gestirnten Himmels) — најзпонато негово дело каде го најавил Бодеовиот закон
  • 1774–1957: „Берлински астрономски годишник“ (Berliner Astronomisches Jahrbuch für 1776–1959) — астрономскиот годишник на Берлинската опсерваторија
  • 1776: „Зборник на астрономски таблици“ (Sammlung astronomischer Tafeln, 3 тома)
  • 1776: „Објаснување на астрономијата“ (Erläuterung der Sternkunde) — вовед во соѕвездијата и приказните за нив, печатен повеќе од десет пати
  • 1782: „Претстава за ѕвездите“ (Vorstellung der Gestirne ... des Flamsteadschen Himmelsatlas) — преработено и проширено издание ба Фортеновиот мал ѕведен атлас Флемстид
„Каталог“ (Verzeichniss) — го содржи гореспоменатиот ѕвезден атлас со 5.058 ѕвезди забележани од Флемстид, Хавелиј, Т. Мајер, де Лакај, Месје, ле Монје, Даркје и самиот Боде
  • 1801: Uranographia sive Astrorum Descriptio — голем ѕвезден атлас илустриран со дваесет бакрорези
„Општ опис и откривање на ѕвездите“ (Allgemeine Beschreibung und Nachweisung der Gestirne) — каталог со 17.240 ѕвезди

Неговите дела во голема мера биле одговорни за популаризацијата на астрономијата во Германија.[3]

  1. „Johann Elert Bode (19 January 1747 – 23 November 1826)“. Посетено на 20 мај 2008.
  2. Hockey, Thomas (2009). The Biographical Encyclopedia of Astronomers. Springer Nature. ISBN 978-0-387-31022-0. Посетено на 22 август 2012.
  3. 3,0 3,1 3,2  „Bode, Johann Elert“ . Encyclopædia Britannica. 4 (11. изд.). 1911. стр. 108.
  4. Littmann, Mark (2004). Planets Beyond: Discovering the Outer Solar System. Courier Dover Publications. стр. 10–11. ISBN 0-486-43602-0.
  5. Daugherty, Brian. „Astronomy in Berlin“. Brian Daugherty. Архивирано од изворникот на 8 октомври 2014. Посетено на 24 мај 2007.
  6. James Finch (2006). „The Straight Scoop on Uranium“. allchemicals.info: The online chemical resource. Архивирано од изворникот на 21 декември 2008. Посетено на 30 март 2009.
  7. „Library and Archive Catalogue“. Royal Society. Посетено на 17 декември 2010.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]