Англиканска заедница
Англиканска заедница (англиски: Anglican Communion) — меѓународна асоцијација на национални англикански цркви. Не постои единствена „Англиканска црква“ со универзален правен авторитет и секоја национална и регионална црква има своја автономија, но се во целосно канонско единство со Црквата на Англија. Статусот на целосно канонско единство значи дека меѓу овие цркви постои заемна согласност за најважните доктрини и Причеста во секоја месна црква е возможна за секој англиканец.
Со приближно 77 милиони следбеници, Англиканската заедница е една од најголемите христијански заедници во светот.[1][2] Некои од црквите на оваа заедница се познати како англикански (т.е. јасно ја препознаваат нивната историска поврзаност со Англија (Ecclesia Anglicana е латински за „англиска црква“); други, како што се Американската и Шкотската епископална црква, или Црквата на Ирска, претпочитаат посебни именувања. Секоја црква има своја доктрина и литургија, и е управувана од местен примат.
Архиепископот од Кантербери, примат на Англиканската црква, нема службена канонска или административна власт надвор од неа, но е признат како симболичен поглавар на Заедницата. Во однос на приматите на другите месни англикански цркви, тој ужива на првенство на честа (primus inter pares — „прв меѓу еднаквите“).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Jack Miles. Anglicans of the World Disunite: IHT Feb 28, 2007
- ↑ „Major Branches of Religions“. Архивирано од изворникот на 2015-03-15. Посетено на 2009-06-12. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Англиканска заедница“ на Ризницата ? |