Анета Тасова
Анета Тасова | |
---|---|
Роден/а | 28 јануари, 1982 Кочани, Македонија |
Анета Тасова – македонска писателка, поетеса и новинарка
Животопис
[уреди | уреди извор]Анета (Василева) Тасова е родена на 28.1.1982 г. во Кочани. Како дете се истакнувала во своите награди од областа на физиката, математиката и литературата. Сите мислеле дека живее во Жиганци, а таа постојано талкала по планетите на разумот и неразумот. Исклучена од секаква реалност, верува во Љубов, а за неа тоа е помалку судбина, повеќе Поезија, а најмногу Господ. Затоа целиот нејзин живот била активен безработник и чекала подобри времиња.
Дипломирала на Филолошкиот факултет (Македонска книжевност и јужнословенски книжевности). Членувала во поетските клубови „Копнеж” – Кочани и „Мугри” – Скопје и во драмскиот аматерски театар „Чекори”. Дел од нејзиното творештво видел бел ден во алманасите на претходно споменатите клубови; прозните списанија „Лоза” и „Маргина”; дневните весници „Вечер”, „Време” и „Дневник” и во електронското издание на конкурсот на „Електролит“[1].
Творештво
[уреди | уреди извор]- „Умри женски“[2], поетска збирка („Силсонс“, 2015)
- „Сите авиони летаат над моето село”[3], збирка раскази (Фондација "Рамковски", 2007)
Награди
[уреди | уреди извор]- Награда „Живко Чинго“ (фондација „Рамковски“) во 2007 година, за збирката раскази „Сите авиони летаат над моето село”
- Награда „Караманов” во 2004 година, за најдобра необјавена поетска збирка
- Награда на весникот „Студентски збор”, за најдобар краток расказ на конкурсот објавен во 2003 година
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Elektrolit“. www.kapka.arno.mk. Посетено на 2023-11-12.
- ↑ „УМРИ ЖЕНСКИ - Клуб Матица“. matica.com.mk. 2021-08-17. Посетено на 2023-11-12.
- ↑ „СИТЕ АВИОНИ ЛЕТААТ НАД МОЕТО СЕЛО - Фондација Рамковски“. matica.com.mk. 2021-08-17. Посетено на 2023-11-12.