Прејди на содржината

Антили

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на Антилите.
Лос Рокес како дел од Антилите

Антили (англиски: Antilles, фр. Antilles, шп. Antillas, хол. Antillen) — голема група острови помеѓу Атлантскиот Океан, Мексиканскиот Залив и Карипското Море. Антилите се делат на две групи: Големи Антили (Куба, Јамајка, Хиспаниола, Порторико) и југоисточно од нив, Мали Антили. Големите и Малите Антили заедно со Бахамите го сочинуваат Карипскиот Архипелаг. Географски, Антилите се дел од американскиот континент. Геолошки, Големите Антили се дел од американскиот континентален бедем, додека пак Малите Антили се острови од вулканско и корално потекло.

Големи Антили

[уреди | уреди извор]

Мали Антили

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]