Антоан Вато
Антоан Вато | |
---|---|
Антоан Вато | |
Роден(а) | Жан-Антоан Вато 10 октомври 1684 Валансјен, Франција |
Починал(а) | 18 јули 1721 Ножен на Марна, Франција | (возр. 36)
Националност | Француз |
Познат(а) по | сликарство и архитектура |
Правец | рококо |
Жан Антоан Вато (француски: Antoine Jean Watteau; Валансјен 1684 – Ножен на Марна 1721) бил француски сликар, основач на уметноста рококо во Франција. Во периодот од 1704 до 1708 година учел кај К. Жило во Париз. На уметнички колекции на палати во Луксембург и неговиот патрон преку Пјер Коза стапиле во контакт со Венецијанското и фламанското сликарство од 16 век (особено делата на Тицијан, Рубенс и Антонис ван Дајк) кои влијаеле на стилот на неговите рани дела. Во 1717 година станал член на Академијата. Во својот престој во Англија (1719/20) тој заболел од тешка болест и не се опоравил. Ватовиот стил, кој се вовел во епохата на рококото, карактеризира јак ама сепак нежен колорит, мирисна атмосфера како и лесни елегантни фигури. Негови главни теми биле интимните свечености на дворското друштво (Fêtes galantes) во слободен простор како и сцени од комедија дел арте (на пример Жил, 1718/19).
Иако од француските сликари на рококо кај него учел само Ж. Б. Патер, Ватовиот начин на сликање и неговите теми имале многу следбеници (како што се Н. Ланкре, Ф. Буше или Ж. О. Фрагонар). Сочувана е отприлика една третина од неговите дела, но големиот број на цртежи и гравури сведочат за обемот на неговата работа.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Антоан Вато на Ризницата ?
- Рококо-сликарство
Оваа биографска статија за личност од Франција е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |