Апо
Апо | |
---|---|
Планина Апо, 2015 | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 3143 м [1][2] |
Истакнатост | 3143 м [1] Ranked 98th |
Заведена како | |
Координати | 6°59′15″N 125°16′15″E / 6.98750° СГШ; 125.27083° ИГД [1] |
Географија | |
Место | Минданао |
Земја | Филипини |
Regions | |
Провинција | |
Нас. места | Давао, Дигос и Кидапаван |
Матичен венец | Апо–Таломо |
Геологија | |
Старост на карпата | Плиоцен[3] |
Вид | стратовулкан |
Вулкански лак/појас | Централен Минданајски лак |
Последен избув | непознато |
Искачување | |
Прво освојување | 1880 Хоакин Раџал.[4][5] |
Најлесен пат | Кидапаван-Магпет[6] |
Апо — голема фумарола, потенцијално активен стратовулкан на островот Минданао, Филипини. Со надморска височина од 2954 метри надморска височина, таа е највисока планина во Филипинскиот архипелаг и се наоѓа помеѓу Давао и провинцијата Јужен Давао во Регионот XI и провинцијата Котабато во Регионот XII. Од Давао се наоѓа на 45 километри на североисток, Дигос на 25 километри на југоисток, а Кидапаван на 20 километри (12 милји) на запад.
Првите два обиди да се стигне до врвот од планината завршиле со неуспех: оној на Хосе Ојангурен (1852) и Сенор Реал (1870). Првата евидентирана успешна експедиција ја предводел Дон Хоакин Раџал во 10 октомври 1880 година. Пред искачувањето, Раџал морал да ја обезбеди дозвола од водачот на народот Багобо, Дату Маниг. Се вели дека Дату побарал човечка жртва да се направи за да му угоди на богот Мандаранган. За среќа, Дату се согласил да се откаже од ова барање, а искачувањето започнало на 6 октомври 1880 година, пристигнувајќи пет дена подоцна. Оттогаш следеле бројни експедиции.
На 9 мај 1936 година, планината Апо била прогласена за Национален парк од страна на претседателот Мануел Л. Кесон.
Планината Апо е именувана по благородник по име Апонг, кој бил убиен додека посредувал во битката помеѓу двајца додворувачи на неговата ќерка Сарибу. Друго предложено потекло на името е од зборот Апо, кој на филипински јазик значи „господар“.
Кон крајот на март-април 2016 година, поради екстремните ефекти на Ел Нињо, на падините на планината се појавиле масовни шумски пожари предизвикувајќи туристите на планината да го запрат нивното искачување. Туризмот во регионот бил загрозен поради големата магла која ги зафатиле падините на планината.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Philippines Mountain Ultra-Prominence“. peaklist.org. Посетено на 2009-06-19.
- ↑ (2011-04-06). "The World Factbook - Philippines" Архивирано на 19 јули 2015 г.. Central Intelligence Agency. Посетено на 2011-03-14.
- ↑ „Tentative Lists; Mount Apo Natural Park“. UNESCO World Heritage Centre. Архивирано од изворникот на 11 March 2011. Посетено на 9 March 2016.
- ↑ Montano, Dr. Joseph. "Voyage Aux Philippines et en Malaisie", p. 246. Labrairie Hechette, Paris, 1886.
- ↑ Maso, Miguel Saderra. "Volcanoes and Seismic Centers of the Philippines", p.27. Department of Commerce and Labor, 1904.
- ↑ (2007-10-08). "Mt. Apo/Kidapawan-Magpet Trail". Pinoy Mountaineer. Посетено на 2011-04-23.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Апо на Ризницата
- Global Volcanism Program: Apo Архивирано на 14 ноември 2020 г.
- Philippine Institute of Volcanology and Seismology (PHIVOLCS) Mount Apo Page Архивирано на 18 февруари 2012 г.
- PinoyMountaineer: Mt. Apo Kidapawan-Magpet Trail[мртва врска]
- PinoyMountaineer: Mt. Apo Kapatagan-Kidapawan Traverse Trail[мртва врска]
- Mount Apo on Summitpost
- UNESCO Tentative World Heritage List
- Climbing Mount APO, Our Turn
- Mt. APO, the End of an Expedition
- Mt. Apo: Hiking Through the Boulders and Sulfur Vents Архивирано на 15 август 2015 г.