Прејди на содржината

Асафа Пауел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Асафа Пауел
Пауел

Асафа Пауел (англ. Asafa Powell; Света Катерина, 11 ноември 1982) е спринтер од Јамајка, специјалец за дисциплина на 100 m.

Бил еден од фаворитите во трката на 100 m, на Летните олимписки игри 2004 во Атина, но во финалето завршил како петти. Подоцна се искупил со рушење на рекордот на 100 m во Атина, на 14 јуни 2005 година. Неговото време било 9.77, а дотогаш најбрзото истрчано време било 9.78 секунди од страна на Тим Монтгромери. Резултатот на Монтгомери не бил признат за светски рекорд заради допингот. Својот најдобар резултат Паул го повторил уште двапати во 2006 година. Со својот најдобар резултат од 9.72 секунди, се наоѓа на четврто место на списокот на првите најдобри на сите времиња.[1]

На Светското првенство во Осака 2007 доживеал неуспех, кога изгубил од американскиот спринтер Тајсон Геј. Само седум дана подоцна, на 9 септември 2007 година, на атлетскиот митинг во Риети, Италија, поставил нов светски рекорд во трката на 100 метри, со резултат 9,74 секунди.