Аша
Дел од серијата за |
Зороастризмот |
---|
основно |
ангели и демони |
текст и верување |
записи и легенди |
историја и култура |
следбеници |
Аша е авестиски израз за „вистина“ и главен концепт на теологијата и доктрината во зороастризмот.[1][2] Спротивно на аша е друј, „лага“. Всушност значењето на овој збор е сложено, и иако вообичаено се користи со значење „вистина“, може да означува и „ред“ и „вистинска работа“.[3][4]
Значење
[уреди | уреди извор]Аша не може да се преведе само со еден збор на друг јазик,[3] но може да се објасни на следниве начини:
Најпрво, значи „вистинска изјава“.[5][j] Оваа космичка сила е проткаена со морал и праведност како морален чин.[6]
Поврзаноста меѓу „вистина“, реалност и сеопфатниот космички принцип, наликува на концептот логос.[7]
Сличноста на аша и „постоење“ се среќаваат во објаснувањето за Ахура Мазда како творец, кој сам по себе постои. Според етиката на зороастризмот („добри мисли, добри зборови, добри дела“), Воху Мана е активен во добрите мисли, Сраоша во добрите зборови, а Аша Вахишта во добрите дела. (Денкард 3.13-14). Според тоа, аша е „активност и ефект“.[8]
Со значење „вистинска работа“, изразот аша е употребен кога Ахура Мазда ги создава патеките на сонцето, месечината и ѕвездите (Јасна 44.3), и се вели дека преку аша растат растенијата (Јасна 48.6). Ова исто така сугерира на хармонија и соработка.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Duchesne-Guillemin 1963, стр. 46 .
- ↑ Lommel 1930, стр. 48 qtd. in
Boyce 1987, стр. 389 . - ↑ 3,0 3,1 Boyce 1975, стр. 27 .
- ↑ Zaehner 1961, стр. 34ff .
- ↑ Duchesne-Guillemin 1963, стр. 47 .
- ↑ Boyce 1970, стр. 29 .
- ↑ Duchesne-Guillemin 1963, стр. 48–49 .
- ↑ Boyce 1987, стр. 390 .
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Играта на Аша Архивирано на 27 септември 2007 г.