Жута е роден во струшкото село Велешта на 22 септември1935 година. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1962 година и докторирал од областа на финансиите на темата „Системот на финансирањето на станбената изградба во СР Македонија“. Бил на разни раководни функции во Општината Струга, член на Извршниот совет на Собранието на СРМ од 1967 до 1969 година, помошник на секретарот за урбанизам (1970-1975), судија на Уставниот суд на СРМ од 1975 до 1983 година[1], вицегувернер на Народната банка на Македонија од 1986 до 1992 и потпретседател на првата Влада на суверена Македонија во два наврати од 20 март1991 до 4 септември1992 и од 4 септември 1992 до 30 октомври1998 како кандидат на ПДП и ПДП-НДП. Пензионерските денови ги поминувал во родното Велештаи Скопје.Беќир Жута почина на 30 август 2010 година во Скопје после долго боледување. Погребан е на Градските гробишта Бутел во Скопје[2].