Прејди на содржината

Бил Брант

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бил Брант
Роден(а)Херман Вилхелм Брант
2 мај 1904(1904-05-02)
Хамбург, Германско Царство
Починал(а)20 декември 1983(1983-12-20) (возр. 79)
Лондон, Англија
НационалностГерманско-Британско
Познат(а) пофотографија
Мреж. местоbillbrandt.com
Фотографија од засолниште од воздушни напади во Северен Лондон, сликана од Брант во 1940 година

Бил Брант (роден Херман Вилхелм Брант 2 мај 1904, Хамбург, Германија - 20 декември 1983, Лондон, Англија) — британски фотограф роден во Германија.

Во 1929 година работел во студиото на Мен Реј во Париз. Се вратил во Англија во 1931 година и почнал да се занимава со фоторепортерство документирајќи ги англиските индустриски работници во 30-тите години на 20 век и покривајќи го домашниот фронт за време на Втората светска војна. Неговата работа го открива влијанието на Јуџин Атгет, Брасаи и на Хенри Картие-Бресон. Најмногу е познат по своите фотографии од животот во Британија и особено по своите неконвенционални акти; ја ставал својата камера со широк агол блиску до човековото тело предизвикувајќи нарушеност што го претворала човековото тело во серија апстрактни форми.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Користена литература

[уреди | уреди извор]