Прејди на содржината

Бобтеил

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во дамнешно време, според англиските обичаи, луксузните кучиња се разликувале од обичните по тоа што им ги сечеле опашките. На Бобтеил му ја сечеле опашката веднаш по раѓањето, и тој обичај се задржал до ден денес. Затоа и го нарекле Бобтеил, што значи: без опаш.

Овие кучиња првобитно биле чувари на овци и најмногу ги имало на југот на Англија и во Шкотска. Потоа Бобтеил станал домашно милениче и фантастичен чувар на деца, па така во Америка го нарекуваат дадилка.

Многу е сладок, кадрав, оди како некоја мечка. Поради својата милост станал милениче во семејството. Така престанал да го чува стадото.

Влакната му се густи и долги и често му паѓаат преку очите, па ништо не гледа. Мора да се четка барем трипати неделно. Понекогаш луѓето ги собираат неговите влакна и ги користат за правење ќебиња. Одлично го поднесува животот во стан и главно е многу милостив и верен. Ако не е навикнат на друштво може да биде помалку агресивен кон странци, но сака луѓе и дружење.

Нјамногу сака да си игра, а бидејќи сѐ уште го има инстинктот на чувар во стадото, понекогаш така се однесува и кон деца. Не е посебно активен и сака да се излежува на каучот. Ако се изнесува редовно на шетање, животот во стан совршено му одговара. Сепак, на ова друштвено суштество понекогаш му е потребна самотија. Ако предолго го оставите сам, ќе се обиде да ви се одмазди така што ќе ви го расфрла станот и долго ќе ви лае. Она што понекогаш исто така ги лути сопствениците се каменчињата и валканиците кои му се закачуваат за влакната, како и водата на тепихот и паркетот по капењето.