Прејди на содржината

Воен чин

Од Википедија — слободната енциклопедија

Воен чин претставува обележје со кое се означува рангот, односно позицијата во воената хиерархија, со која се поврзани одредени должности, одговорности и права[1].

Системот на рангирање е речиси идентичен секаде во светот, иако постојат бројни разлики, како на пример бројот на степени кај пооделни категории или имињата на одредени чинови, што предизвикува проблеми при преведувањето.

За секој чин е обично е пропишана посебна ознака, со која визуелно е претставен тој чин. Ознаките на чиновите, вообичаено се наоѓаат на посебни ленти на рамениците на униформите (пагони), или се пришиени на униформата во пределот на градите (обично кај работните униформи), како и на ракавите на униформите во морнарицата.

Воените чинови обично се поделени на:

  • Чинови за војниците, морнарите и кадетите
  • Подофицерски (виши и нижи)
  • Офицерски (виши и нижи)
  • Генералски или адмиралски

Можна е и поделба на:

  • Чинови во копнената војска
  • Чинови во военото воздухопловство - (обично идентични со чиновите на копнената војска)
  • Чинови во воената морнарица

Систем на старешинство, освен во вооружените сили (армијата), има и во полицијата, противпожарната и цивилната заштита, судската полиција, службата задолжена за безбедност во пловењето (пристанишна капетанија), крајбрежната стража и слично.

Внатрешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. Military Rank, www.militaryspot.com