Гаруа
Гаруа Garoua | |
---|---|
Пазарот во Гаруа | |
Земја | Камерун |
Регион | Северен |
Департман | Бенуе |
Надм. вис. | 249 м |
Население (2005) | |
• Вкупно | 235,996 |
Гаруа (француски: Garoua, германски: Garua) — град во Камерун и седиште на Северниот регион. Претставува центар на текстилната и памучната индустрија и важен сообраќаен центар за речната пловидба. Во 2005 г. населението броело 235.996 жители.
Историја
[уреди | уреди извор]Градот го основал фуланскиот емир Модибо Адама во првата половина на XIX век. Во времето на паробродовите станало важно речно пристаниште.[1]
Географија
[уреди | уреди извор]Гаруа е сместена на северот на Камерун, на бреговите на реката Бенуе. Од неа се пристапува во Националниот парк Бенуе.[2] Има повеќе населби, и тоа Трговскиот центар, Лопере, Маруер и Јелва на северозапад, недалеку од меѓународниот аеродром.
Клима
[уреди | уреди извор]Просечната температура во градот се движи од 26 °C во јануари до 33 °C во април.
Климатски податоци за Гаруа | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 34.4 (93.9) |
37.3 (99.1) |
39.8 (103.6) |
39.5 (103.1) |
36.5 (97.7) |
33.2 (91.8) |
31.1 (88) |
30.7 (87.3) |
31.5 (88.7) |
34.2 (93.6) |
36.0 (96.8) |
34.8 (94.6) |
34.9 (94.8) |
Сред. дневна °C (°F) | 26.0 (78.8) |
28.9 (84) |
32.2 (90) |
33.0 (91.4) |
30.7 (87.3) |
28.2 (82.8) |
26.6 (79.9) |
26.4 (79.5) |
26.7 (80.1) |
28.1 (82.6) |
27.3 (81.1) |
26.0 (78.8) |
28.3 (82.9) |
Прос. ниска °C (°F) | 17.5 (63.5) |
20.5 (68.9) |
24.7 (76.5) |
26.4 (79.5) |
24.9 (76.8) |
23.2 (73.8) |
22.2 (72) |
22.0 (71.6) |
21.9 (71.4) |
22.2 (72) |
19.2 (66.6) |
17.3 (63.1) |
21.8 (71.2) |
Прос. врнежи мм (ин) | 0.0 (0) |
0.0 (0) |
2.0 (0.079) |
44.1 (1.736) |
108.4 (4.268) |
134.8 (5.307) |
205.3 (8.083) |
247.9 (9.76) |
190.0 (7.48) |
63.3 (2.492) |
1.6 (0.063) |
0.0 (0) |
997.4 (39.268) |
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 1.0 мм) | 0 | 0 | 1 | 5 | 9 | 11 | 14 | 17 | 24 | 6 | 1 | 0 | 88 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 275.0 | 252.6 | 260.1 | 245.4 | 256.7 | 224.4 | 194.0 | 187.2 | 204.5 | 261.5 | 279.2 | 286.5 | 2.927,1 |
Извор: НОАА[3] |
Население
[уреди | уреди извор]Според пописот од 2005 г. Гаруа има 235.996 жители кои му припаѓаат на народот Фулани.[4] Во градот има и значаен број на доселени Чаѓани и конзулат на Чад.[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Градот има пристаниште на четврто место по обем во земјата,[5] и има улога на важен трговски центар.[6] Најтргувани стоки се нафтата, цементот, кожата, кикиритките и памукот, кои се превезуваат на бродови по реката Бенуе до Буруту во Нигерија.[1] Памучната индустрија има долга историја и во градот има неколку тексилопреработувачки погони.[7] Тука е сместена една од главните експозитури на памучното претпријатие „Содекотон“.[8] Од важност се и кожарството и риболовот.[1]
Знаменитости
[уреди | уреди извор]Меѓу позначајните знаменитости во градот се Големата џамија и стадионот „Румде Адиџа“ со 35.000 седишта, дом на ФК Котон Спорт.[9] Има неколку банки и осигурителни друштва, болница и средно училиште.[1]
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Гаруа има добра сообраќајна поврзаност со сопствен меѓународен аеродром[10]. Низ градот минува и Државниот автопат 1, на крстосница на патиштата за Маруа и Нгаундере.[1] Главниот месен пат низ градот и до аеродромот се нарекува „Ри де Жандермери“.
Познати личности
[уреди | уреди извор]- Ахмаду Ахиџо (1924-1989) — прв претседател на Камерун[11]
- Елдриџ Мохамаду (1934-2004) — историчар и професор на Универзитетот во Мајдугури (Нигерија).[12]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Garoua“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 29 октомври 2016.
- ↑ 2,0 2,1 Ham, Anthony (2009). West Africa. Lonely Planet. стр. 207. ISBN 978-1-74104-821-6.
- ↑ „Нормални вредности за климата во Гаруа, 1961–1990“. Национална океанска и атмосферска управа на САД. Посетено на March 8, 2015. (англиски)
- ↑ Drønen, Tomas Sundnes (31 August 2009). Communication and Conversion in Northern Cameroon: The Dii People and Norwegian Missionaries, 1934-1960. BRILL. стр. 40. ISBN 978-90-474-3098-8.
- ↑ Trillo, Richard (2 јуни 2008). The Rough Guide to West Africa. Rough Guides Limited. стр. 3028. ISBN 978-1-4053-8068-3.
- ↑ Georgia (Republic) Export-Import Trade and Business Directory. International Business Publications. октомври 2005. стр. 97. ISBN 978-0-7397-3267-0.
- ↑ Ndenecho, Emmanuel Neba (2011). Decentralisation and Spatial Rural Development Planning in Cameroon. African Books Collective. стр. 76. ISBN 978-9956-717-66-8.
- ↑ Raimond, Christine (8 октомври 2013). Ressources vivrières et choix alimentaires dans le bassin du lac Tchad. IRD Editions. стр. 202. ISBN 978-2-7099-1576-2.
- ↑ Parrish, Charles; Nauright, John (21 April 2014). Soccer around the World: A Cultural Guide to the World's Favorite Sport. ABC-CLIO. стр. 58. ISBN 978-1-61069-303-5.
- ↑ Africa Review 2003/04: The Economic and Business Report. Kogan Page Publishers. 2003. стр. 44. ISBN 978-0-7494-4065-7.
- ↑ Appiah, Anthony; Gates, Henry Louis (2010). Encyclopedia of Africa. Oxford University Press. стр. 73. ISBN 978-0-19-533770-9.
- ↑ „Eldridge Mohammadou (1934-2004)“. Africanistes. 29 октомври 2016. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|