Георги Гонгаѕе
Георги Гонгаѕе Георгій Русланович Ґонґадзе გიორგი ღონღაძე | |
---|---|
Георги Гонгаѕе | |
Роден(а) | 21 мај 1969 Тбилиси, Грузиски ССР, Советски Сојуз |
Починал(а) | 16 септември 2000 (31) (датум на исчезнување; не е познат точниот датум на смртта) непознато место, Украина |
Народност | Грузиец, Украинец |
Образование | Универзитетот во Лавов |
Занимање | Новинар |
Сопружник | Мирослава Гонгаѕе (вдовица) |
Деца | 2 ќерки |
Георги Гонгаѕе (украински: Георгій Русланович Ґонґадзе, Heorhiy Ruslanovych Gongadze, грузиски: გიორგი ღონღაძე; 21 мај 1969 — 17 септември 2000) — украински новинар од грузиско потекло кој бил киднапиран и убиен во 2000 година.[1] Според наводи од вештаците, тој бил грабнат во центарот на Киев, а потоа обезглавен и фрлен во една шума во близина на главниот украински град.
Околностите кои довеле до негово убиство предизвикале државен скандал во Украина, како и големи протести против владата и тогашниот претседател Леонид Кучма. За време на „Скадалот со касетите“ во јавноста биле пуштени фонограмски записи каде можело јасно да се слушне разговорот помеѓу Леонид Кучма, Владимир Литвин и други влијателни лица од политичкиот живот во Украина како коментираат дека „Гонгаѕе треба да биде замолчен“ поради неговите текстови во кои отворено зборува за корупцијата во високите политички кругови.
На 4 март 2005 г. бил убиен Јуриј Кравченко со два истрели во главата. Тој бил поранешен министер за внатрешни работи, а бил застрелан само неколку часови пред да ја положи заклетвата како сведок во случајот Гонгаѕе. Кравченко бил претпоставен на четворицата полицајци за кои се мислело дека се извршители на убиството на Гонгаѕе. Официјалното соопштение за смртта на Кравченко било дека тој се самоубил, но медиумите ја оспориле неговата веродостојност.[2]
Тројца вработени во тајната полиција, Валериј Костенко, Никола Проташов и Александар Попович биле уапсени под сомнение дека се извршители на злосторството во март 2005. Четвртиот приведен бил шефот на полициската единица Алексеј Пукач, во јули 2009 година. Судот ги прогласил тројцата агенти за виновни и им доделил затворски казни во времетраење од 13 години за Проташов, и по 12 за Костенко и Попович. Казните биле изречени во март 2008, а судењето започнало во јануари 2006.
Семејството на Гонгаѕе искажало револт поради тоа што судскиот процес не ги казнил нарачателите на делото. До ден денес, никој не е обвинет дека издал наредба за погубување на новинарот Гонгаѕе.[3]
Сопругата на Георги, Мирослава Гонгаѕе и нивните две деца добиле политички азил од САД, и живеат таму од 2001 година. На 23 август 2003 г. Гонгаѕе бил прогласен за национален херој од страна на претседателот Виктор Јушченко.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ По извршената истрага и заклучок на судот. Види случај Гонгаѕе (2000–2008): Стручен осврт на д-р Вјачеслав (Славик) Бихун – (мрежното место на Бихун) Архивирано на 27 јули 2009 г.
- ↑ Уапсен главниот осомничен во случајот Гонгаѕе; Пукач бил извршителот, но кој ја издал наредбата?, Киев Пост, (22 јули 2009)
- ↑ Големиот судски процес во Украина започна, известување на Би Би Си; (9 јануари 2006)
- ↑ Претседателот му го доделува признанието „Херој на Украина“, Официјално мрежно место на Врховната Рада (украински)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Георги Гонгаѕе“ на Ризницата ? |
На македонски:
- Фатени убијците на Гонгаѕе Архивирано на 5 март 2016 г.; преземено од Дневник (сабота, 18 март 2006)
- Кравченко двапати се застрелал во главата Архивирано на 5 март 2016 г.; преземено од Дневник (сабота, 18 март 2006)
- Се самоуби министерот што требаше да сведочи за случајот "Гонгаѕе"[мртва врска]; преземено од Дневник (сабота, 18 март 2006)
- Поранешниот украински министер за внатрешни работи се самоуби[мртва врска]; преземено од Вест (сабота, 3 мај 2005)
- Поранешниот украински министер за внатрешни работи Јуриј Кравченко изутрината е пронајден мртов во неговата викендичка[мртва врска]; преземено од Канал 5 (4 март 2005)
- На Кучма му се заканува затвор за вмешаност во убиство Архивирано на 5 март 2016 г.; преземено од Утрински Весник (понеделник, 16 октомври 2006)
- Американски адвокат ќе го претставува екс претседателот на Украина на суд; преземено од Радио Слободна Европа (петок, 28 март 2011)
На англиски:
- Книга за приказната на Гонгаѕе: JV Koshiw, Убиството на новинар Архивирано на 28 септември 2007 г.
- BBC известува за развојот на истрагата за убиството на Гонгаѕе
- "Убивајќи ја приказната", репортажа на BBC за напредокот на истрагата во случајот Гонгаѕе
- Збирка на фотокопии од документите од криминалната истрага за убиството на Гонгаѕе Архивирано на 23 јуни 2006 г.
- Убиството на Георги Гонгаѕе: Нечовечно злосторство (времеплов на настанот со Г. Гонгаѕе, пренесува Киевски Пост)
- Случај Георги Гонгаѕе: Извештај на судските вештаци (септември 2010 времеплов на настанот со Г. Гонгаѕе, пренесува Киевски Пост)
На украински:
- Случајот Гонгаѕе (2000–2008): Правен осврт – истрага на д-р Вјачеслав (Славик) Бихун Архивирано на 27 јули 2009 г. (септември 2008 YurGazeta осврт, подредена хронологија на настаните, интервју со судиите И. Григорјева, судските правници В. Чевгуз, М. Лаптиев, В. Телченко (адвокатот на М. Гонгаѕе), Мирослава Гонгаѕе, итн.)
- Клучен сведок во процесот за Гонгаѕе Архивирано на 27 јули 2009 г. (март 2005 Украинска Правда статија за смртта на Кравченко, вклучувајќи ја неговата улога во смртта на Гонгаѕе – плус фрагменти од сведочењето на Мелниченко)
- Како течела истражната постапка во случајот Гонгаѕе Архивирано на 12 март 2007 г. (јуни 2005 Украинска Правда статија за историјата на споменатата судска постапка)
- Мрежно место на украинска Правда посветено на случајот Гонгаѕе Архивирано на 4 август 2004 г.
Литература
[уреди | уреди извор]- "Ukraine: Radio station accuses authorities of bullying tactics", BBC набљудувачите (од "Ден", Киев), 27 октомври 1999
- "Journalists seek freedom on the net", Киевски Пост, 4 мај 2000
- "Outspoken Ukraine journalist missing", BBC вести, 19 септември 2000
- "Corpse of missing journalist found in Ukraine", Interfax, 16 ноември 2000
- "Opposition leader blames Ukrainian president for "ordering" reporter's disappearance", Интерфакс, 28 ноември 2000
- "Ukraine's 'censorship killing'", BBC News, 14 февруари 2001
- "Judge denies journalist's murder solved", BBC вести, 17 мај 2001
- "Ukraine official sentenced over journalist murder", BBC вести, 7 мај 2003
- "'Killer admits' Gongadze murder", BBC вести, 21 јуни 2004
- "'Gongadze killers' held by police", BBC вести, 1 март 2005
- "Former intelligence chief alleged to have personally strangled Gongadze Архивирано на 24 мај 2005 г.", International Freedom of Expression Exchange, 19 април 2005
- "Key Ukraine murder trial begins", BBC вести, понеделник, 9 јануари 2006