Прејди на содржината

Гнездо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Птичје гнездо

Гнездо или седело[1] — живелиште за животни кое служи за несење јајца, нивно квачење, ведење подмладок и негово одгледување. Вообичаено е направено од органски материјали како: гранчиња, листови, кал, трева и сл., но може да биде и едноставна дупка во земјата, во дрвјата, карпите или на згради. Материјалите изработени од човекот, како што се: пластика, хартија, платно, коса, може да се искористат за правење гнездо. Секој вид има сопствен стил на градење гнездо. Може да се сретнат во различни живеалишта. Примарно, гнезда градат птиците, но може да бидат изградени и од други животни: цицачи (на пр. верверици), риби, инсекти (оси, термити, пчели), влекачи (змии, желки) итн. Поривот за создавање и градење гнездо произлегува од инстинктот за размножување кај животните.

Птичји гнезда

[уреди | уреди извор]

Повеќето видови птици градат разни видови гнезда, но има и такви кои ги снесуваат јајцата незаштитено, директно на земја. Видовите гнезда варираат од многу едноставни, речиси воопшто необложени дупки во земјата, до совршено изградени сложени конструкции. Некои птици градат гнезда на дрвја, други на гребени и карпи, трети на вода, итн. Може да ги содржат некои или сите елементи: структурен слој, сврзувачки материјали, надворешна декорација и постава.

Сателитски гнезда

[уреди | уреди извор]

Покрај основното гнездо, некои организми градат и сателитски гнезда. Тие можат да бидат сместени на променливи растојанија. Овие гнезда се користат како обезбедување од грабливците и паразитите. Ако основното гнездо е нападнато, ќе има некои членови на гнездото коишто може да преживеат во сателитското гнездо.

Гнездото како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  1. „седело“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Јован Дучић, Сабрана дела II, Песме љубави и смрти. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 22-23.
  3. Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 101.
  4. Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 123.
  5. Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 17-18.
  6. Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 143-144.

Литература

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • Гнезда — Еаrthlifе
  •  Ernest Ingersoll (1920). „Nidification (англиски)“. Encyclopedia Americana.
  •  Ernest Ingersoll (1920). „Fishes, Nest-making by (англиски)“. Encyclopedia Americana.