Прејди на содржината

Горнолужички јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Горнолужички
Hornjoserbsce
Застапен воГерманија
ПодрачјеСаксонија
Говорници40 000  
Јазично семејство
Статус
Службен воГерманија
Јазични кодови
ISO 639-2hsb
ISO 639-3hsb
Знак за Бауцен на германски и горнолужички (како Будишин)

Горнолужички јазик (hornjoserbsce) — јазик од западнословенската група на јазици. Заедно со долнолужичкиот јазик, горнолужичкиот јазик опстанал како словенскојазична оаза во германско говорно подрачје. Горнолужички зборуваат некаде околу 15.000 луѓе во околината на градот Будишин (Бауцен на германски). Во германската покраина Саксонија, овој јазик е заштитен со закон.

Поради блискоста на овие два идиома, тука ќе направиме една глобална дијалектна поделба. Лужичките јазици се делат на три поважни групи:

  1. Дијалекти на горнолужичкиот -околу Бауцен
  2. Преодни дијалекти во околината на Слепо
  3. Дијалекти на долнолужичкиот -околу Котбус

Навистина е изненадувачки како овие два јазика опстанале низ вековите. Мора да се каже и тоа дека областа Горна Лужица поделена на две верски заедници: католичката и евангелско-протестантската заедница. Горнолужичкосрпскиот јазик е најмногу зачуван во католичка Лужица. Горнолужичкиот јазик има своја иднина. Постојат повеќе институции: MAĆICA SERBSKA, DOMOWINA и Лајпцишкиот институт за сорабистика итн., кои се грижат за опстојувањето на овој јазик. А, тука можат да се споменат и гимназиите, основните училишта и медиумите. На телевизија и радио има одреден број часови кои се емитуваат на горнолужички јазик. Меѓу пишаните медиуми се: SERBSKE NOWINY, световен (секуларизиран) весник, KATOLSKI POSOŁ кој ја претставува католичката заедница и POMHAJ BÓH кој информира за евангелската заедница. Имајќи ги предвид горенаведените факти, и фактот дека постојат сè уште деца чиј прв јазик им е горнолужичкиот, може да се заклучи дека горнолужичкиот јазик ќе биде уште долго време член на европското семејство на јазици. Поважни места во кои се зборува овој јазик се Будишин, Панчици-Куков, Крошчици, итн.

Одлики и граматички црти

[уреди | уреди извор]

Пред да прејдеме на детаљниот преглед на граматичкиот систем на горнолужичкиот јазик, ќе дадеме некои општи одлики за него. Овој јазик ја има зачувано двоината. Морфолошкиот систем му е доста архаичен. Има седум падежи: номинатив, генитив, датив, акузатив, локатив, инструментал и вокатив. Фонетски е доста изменет. Синтаксички гледано овој јазик е доста приклонет кон германскиот. Според некои граматики (таа на Хинц Шеуц (Hinc Šewc) двата, словенски и германски, реченични реда се прифатени.

Граматика Горнолужичкиот јазик има 7 падежи:

  • Номинатив
  • Генитив
  • Датив
  • Акузатив
  • Инструментал
  • локатив
  • Вокатив
Obersorb. Niedersorb. Obersorb. Niedersorb. Obersorb. Niedersorb.
  • Nom. nan nan štom bom wokno wokno
  • Gen. nana nana štoma boma wokna wokna
  • Dat. nanej nanoju štomej bomoju woknu woknoju, woknu
  • Akk. nana nana štom bom wokno wokno
  • Instr. z nanom z nanom ze štomom ze bomom z woknom z woknom
  • Lok. wo nanje wo nanje w štomje w bomje na woknje na woknje
  • Vok. nano - štomo - - -

Конјугација -а група

:čita

еднина
1. čita-m
2. čita-š
3. čita
множина
1. čita-my
2. čita-će
3. čita-ja