Девичка Црква
Девичка Црква
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Бродско |
Парохија | Бродска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Девич |
Општина | Македонски Брод |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | непознат |
Изградба | XIV век |
Архитектонски опис |
Девичка Црква — средновековна црква во урнатини, во тврдината Девини Кули близу селото Девич во областа Порече. Не е познато на кој христијански светец бил посветен храмот.
Во јужното подножје на ридот веднаш до самите карпи под ѕидините на Девини Кули, постои и голема градба на средновековна црква со купола во рушевини, околу која се наоѓаат и селските гробишта на селото Девич. Близу до последната кула, која мештаните ја нарекуваат „Занданот“ стои една црква, украсена со керамо-декорација, несомнено од 14. век[1]. До половина е урната, со делумно запазен тамбур што ја носел главната купола. За црквата која е доста забележителна според архитектонскиот стил на градба (налик на Св. Андреја и Св. Никола - Шишевски на Матка) може да се претпостави дека е изградена во 14 век, додека меѓу мештаните на Девич, постои предание дека нејзините најстари темели потекнуваат од 7 век<[2]. Црквата е прекрасно градена. Градбата на црквата е доста голема, таа е трикорабна со форма на впишан крст, кружна купола и апсида, со ѕидови високи до 4 метри. За жал, не се зачувани никакви фрески, дел од покривот е веќе срушен под дејство на атмосферските влијанија и е неопходна интервенција за зачувување на ова културно наследство. Од живописот останале минимални остатоци[1], односно е забележлив многу мал слој на остатоци од црвена боја по рабовите ѕидовите околу олтарот кон куполата.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на средновековната црква од југозапад
-
Поглед на средновековната црква од југозапад
-
Поглед на средновековната црква од југозапад
-
Поглед на средновековната црква од југозапад
-
Поглед на средновековната црква од југоисток
-
Поглед на средновековната црква од југоисток
-
Поглед на средновековната црква од југоисток
-
Поглед на средновековната црква од југоисток
-
Поглед на средновековната црква со селските гробишта
-
Поглед на средновековната црква со селските гробишта
-
Поглед на средновековната црква со селските гробишта
- Внатрешност
-
Поглед кон олтарниот дел во внатрешноста на средновековната црква
-
Поглед кон куполата од внатрешноста на средновековната црква
-
Поглед во внатрешноста на средновековната црква

Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Микулчиќ, Иван (1996). Средновековни градови и тврдини во Македонија. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 154.
- ↑ Според кажување на жители од с.Девич. Забележале Марио Шаревски и Дарко Стојчески, на 20.10.2019
Оваа статија за црква или сличен христијански објект е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |