Доктор (звање)
Доктор[1][2] (латински: docere „да поучува“ или doctus „учен“; скратеница: д-р) — највисоко академско звање што ја има лице кое одбранило докторат во одредена област на науката.
Во Република Македонија, докторските студии траат 3-6 години (6-12 семестри) и завршуваат со одбрана на докторска дисертација. Во минатото, пред да започне докторски студии и да ја брани докторската дисертација, докторандот морало да магистрира во сродна област. На пишувањето на докторска дисертација денеска му претходи исполнување на обврските пропишани со докторските постдипломски студии.
Докторатот е највисокото ниво на постдипломски студии, кое обично се состои од семинарско -образовен дел и непосредна работа на изработка на докторска дисертација.
По успешното завршување на студиите и завршената, поднесена, позитивно оценета и одбранета докторска дисертација се стекнува со највисок степен на академско образование: доктор на науки.
Со цел овој академски наслов да стане валиден, обично е потребно целосно или делумно објавување на дисертацијата.
Наводи
[уреди | уреди извор]
|