Елизабета Јончиќ
Елизабета Јончиќ | |
---|---|
Занимање | поет |
Државјанство | македонско |
Образование | Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола |
Елизабета Јончиќ е родена на 19 мај, 1976 год. во Прилеп, таа е македонска поетеса, книжевен критичар, како и активист во здруженијата за книжевнст и култура.
Биографија
[уреди | уреди извор]Елизабета Јончиќ свието детство и младост ги поминала во родниот град Прилеп. Дипломира на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола на студиска програма - Македонски јазик и книжевност. Пишува поезија, проза, книжевна китика и драмски пиеси за деца и возрасни.
Основач и претседател е на Културно иновативен клуб Новаци. Иницијатор и основач е на фестивалот за детско творештво „Мост меѓу две срца“. Член е на Друштво на писатели Битолски книжевен круг[1], а од 2018 и негов претседател. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2013 год, и Македонското научно друштво – Битола (одделение за лингвистика и литература)[2] од 2020 год.
Живее и работи во Новаци.
Објавени дела
[уреди | уреди извор]Објавени книги поезија:
- „ Гола кожа и одблесок“ ( 1996)
- „Лулки од стремеж“ ( 2012 )
- „Неука филозофија“ ( 2013 )
- „Love the place where You live. A bridge betwen two hearts ; Сакај го местото каде што живееш“ Јончиќ Елизабета, Траскот Хана, Стојановска Билјана, (2015)
- „Вода, плот и оган“ (2018)[3]
Објавени книги книжевна критика:
- „Книжевен зборопис““ (2020)
Објавени пиеси за деца:
- „Предновогодишна шумска случка“(2021)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2021-06-03. Посетено на 2021-06-03.
- ↑ https://mnd-bitola.mk/%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%B1%D0%B5%D1%82%D0%B0-%D1%98%D0%BE%D0%BD%D1%87%D0%B8%D1%9C/
- ↑ https://www.cooltura.mk/tag/elizabeta-jonchik/