Калемегдан
Белградска тврдина | |
---|---|
Београдска тврђава Beogradska tvrđava | |
Паркот Калемегдан и тврдината | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Белград Србија" does not exist | |
Калемегдан | |
Општи податоци | |
Вид | тврдина |
Место | Белград, Србија |
Земја | Србија |
Координати | 44°49′24″N 20°27′01″E / 44.82333° СГШ; 20.45028° ИГД |
Почната | 279 п.н.е. |
Сопственик | Завод за заштита на спомениците на културата на градот Белград |
Портал | |
beogradskonasledje.rs |
Калемегдан (српски: Калемегдан / Kalemegdan) е парк - тврдина, и урбана, но ненаселена населба на Белград, главниот град на Србија. Се наоѓа во белградската општина Стари Град, на десниот брег на Сава, на местото каде оваа река се влева во Дунав. Основните ѕидини гледаат кон Земун и Нов Белград. Тврдината е градена во периодот од 13 до 19 век, при што секој од освојувачите градел сопствен дел.
Името Калемегдан се однесува на висорамнинката на која се наоѓа тврдината, додека тврдината била главно воено упориште на Белград, служело за надбљудување на непријателот при борба, затоа неговото име потекнува од турските зборови кале - поле и мегдан - борба. Турците го нарекувале и Фиќир-бајир што значи „брег за размислување“.[1]
Тврдината е трансформирана во парк во 19 век. Денес, таа е важен историско-културен комплекс.
Историја
[уреди | уреди извор]Преуредувањето на паркот започнало по предавањето на тврдината на Србите во 1867 година, по наредба на кнезот Михајло Обреновиќ III. Идејните скици за уредување на Калемегдан ги направил првиот белградски урбанист, Емилијан Јосимовиќ. Зеленилото било засадено меѓу 1873 и 1875 година, кога со тврдината командувал полковникот Драгутин Жабарац, некогашен прв аѓутант на кнезот Михаило Обреновиќ.
Планското уредување на Калемегдан започнало во 1890 година. Тогаш војската го предала паркот на белградската општина. Тогашниот претседател на општината, Никола Пашиќ, го одобрил првиот кредит за уредување на Калемегдан, во износ од 10.000 тогашни динари. Во 1905 година започнало проширувањето на паркот со уредувањето на Мал Калемегдан, што се протегал од павиљонот „Цвијета Зузориќ“ до Зоолошката градина.
Пред Првата светска војна Калемегданскиот парк завршувал на местото каде денес има камени скали кои водат кон долната тераса. Земјиштето зад овие скали сè до 1929 година било потполно неуредено и обраснато со коров. По 1931 година, паркот бил проширен и на Горниот град. Во паркот се поставени многу споменици.
На Калемегдан се наоѓаат: Воениот музеј, уметничкиот павиљон „Цвијета Зузориќ“, Градскиот завод за заштита на споменици на културата, Зоолошката градина, римскиот бунар, детски забавен парк, Гробница на народните херои на Калемегдан, голем број на спортски игралишта и угостителски објекти и Музејот на природата.
Во септември 2010 година на Калемегдан поставена е јапонска чешма како благодарнсот на народот на Јапонија.
Калемегдан како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Калемегдан“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[2]
- „На Калемегдан“ (српски: Na Kalemegdanu) — песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.[3]
- „На Калемегдан“ (српски: На Калемагдану) — песна на српскиот поет Владислав Петковиќ - Дис.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Калемегдан Архивирано на 5 јули 2015 г. - BG-Info.org
- ↑ Блаже Конески, Стерна. Скопје: Мисла, 1966, стр. 13-14.
- ↑ Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 14.
- ↑ Владислав Петковић-Дис, Песме. Београд: Рад, 1960, стр. 83-84.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Споменик за благодарност на Франција
-
Караѓорѓев топ
-
Калемегданска тврдина
-
Разгледница од Калемегдан, 1930 година
-
Паркот Калемегдан
-
Победник
-
Шеталиште
-
Поглед од тврдината
-
Шеталиште во бедемите
-
Макета од древниот град на Деспот Стефан Лазаревиќ
-
спомен-табла за одбрана на Белград од 1456 година која ја водел Јанош Хуњади
-
Калемегданска тврдина
-
Калемегданска тврдина
-
Калемегданска тврдина
-
Поглед на Калемегдан од новобелградската страна
-
Јапанска чешма на Калемегдан – стилизован шиши-одоши.
-
Биста на Јанко Веселиновиќ на Калемегдан
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Калемегдан“ на Ризницата ? |
- Калемегдан Комплетен водич низ Србија
- Калемегдан Архивирано на 31 декември 2011 г. Виртуелна прошетка низ Калемегдан