Кеплер-452
Уметнички приказ на системите Кеплер-452 и Кеплер-186 споредени со внатрешниот Сончев Систем, со нивните животопогодни појаси. | |
Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 19ч 44м [1] | 00,8861с
Деклинација | +44° 16′ [1] | 39,1704″
Прив. величина (V) | 13,426[2] |
Особености | |
Развојна фаза | Главна низа |
Спектрален тип | G2V |
Астрометрија | |
Сопствено движење (μ) | Рект: 9,974 ± 0,029[1] млс/г Дек.: 9,012 ± 0,042[1] млс/г |
Паралакса (π) | 1.7838 ± 0.0169[1] млс |
Оддалеченост | 1.830 ± 20 сг (561 ± 5 пс) |
Податоци | |
Маса | 1,037+0,054 −0,047 M☉ |
Полупречник | 1,11+0,15 −0,09 R☉ |
Површ. грав. (log g) | 4,32 ± 0,09 |
Сјајност | 1,2 L☉ |
Температура | 5.757 ± 85 K |
Старост | 6 ± 2 Гг. |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
Архив на вонсончеви планети | — податоци |
Кеплер-452 — жолто џуџе на растојание од 1.402 светлосни години од Земјата[1] во соѕвездието Лебед.[3] Иако слична по температура со Сонцето, таа е 20% посјајна, 3,7% помасивна и за 11% поголема.[4][5] Покрај овие податоци, ѕвездата е приближно е со старост од 6 милијарди години и поседува висока металичност.[6] Сепак, Кеплер-452 може да се смета за сончеволика ѕвезда, исто така може да се смета за сончеволика ѕвезда и поради својата старост.[б 1]
Номенклатура и историја
[уреди | уреди извор]Пред да биде набљудувана о мисијата Кеплер, Кеплер-452 имала 2MASS каталошки број 2MASS 19440088+4416392. Во внесниот Кеплеров каталог, ја имала ознаката KIC 8311864 кога се одредило дека има планетарен кандидат, ја добила ознаката занимливо Кеплерово тело со број KOI-7016.
Планетарните кандидати биле забележани околу ѕвездата од страна на вселенското летало Кеплер, дел од мисиите на НАСА, со цел да се забележат планети во премин околу матичните ѕвезди. Методот на премин кој го користи Кеплере се забележува како намалување на сјајноста на ѕвездите. Овие падови на сјајноста може да се протолкуваат како планети кои во својата орбита минуваат пред ѕвездата гледано од Земјата, иако постои можност и други појави да се причина, па затоа се користи поимот „планетарен кандидат“.[9]
По прифаќањето на научниот труд за откривањето на планетата, екипата на Кеплер на ѕвездата и ја додели ознаката Кеплер-452, што е воспоставената процедура за именувањето на вонсончевите планети забележани од страна на самата мисија.[6][10] Сепак, ова еименувањето ќе го користи јавноста за да ја именува ѕвездата и нејзината планета.
Планетарните кандидати кои се дел од ѕвездите цел на мисијата Кеплер се означуваат со ознаките „.01“, „.02“, „.03“ итн.. по името на ѕвездата, по редослед на забележување.[2] Ако планетарните кандидати се забележани едновремено, подредувањето следи по редоследот на орбиталните периоди од најкусиот кон најдолгиот орбитален период.[2] Следејќи ги овие правила, била забележана само една планета, со орбитален период од 384,843 денови. Името Кеплер-452 произлегува од фактот што ѕвездата е 452-та забележана ѕвезда од сстрана на Кеплер околу која има планети.
Ознаката b, произлегува од редоследот на откритијата. Ознаката b се задава на првата планета во системот околу ѕвездата, по што следат и другите мали букви од латинската азбука.[11] Во случајот на Кеплер-452, постои само една планета, па се употребува само ознаката b.
Ѕвездени одлики
[уреди | уреди извор]Кеплер-452 е жолто џуџе со приближно 104% од масата и 111% од полупречникот на Сонцето. Има температура од 5.757 K и има старост од околу 6 милијарди години. За споредба, Сонцето е со старост од 4,6 милијарди години[12] и има температура од 5.778 K.[13]
Ѕвездата е богата со метали, односно металичност (Fe/H) од околу 0,21, или за околу 162% има повеќе железо и други потешки метали од Сонцето.[6] Сјајноста на ѕвездата е нормала за ѕвезда како Кеплер-452, со сјајност 120% од онаа на Сонцето.
Со привидна величина од 13,426, истата не може да се забележи со човеково око.
Планетарен систем
[уреди | уреди извор]Ѕвездата е домаќин на една вонсончева планета, Кеплер-452b, забележана во јули 2015 година од страна на вселенското летало Кеплер. Оваа планета е позната по тоа што има одлики слични на Земјата, од кои најзначајни се нејзината големиа, орбита и ѕвезден тек. Таа е првата потенцијална суперземја[14] која е во орбита во животопогодниот појас и абиогенезна зона на ѕвезда слична на Сонцето.[4][15] Можно е да има и површинска температура слична со онаа на Земјата (планетата има рамнотежна температура од приближно 265 K (−8 °C; 17 °F) (рамнотежната температура на Земјата е за само 10 K поладна). Сепак, матичната ѕвезда е со старост од 6 милијарди години (скоро 1,5 милијади години постара од Сонцето). Од оваа причина, Кеплерr-452b прифаќа околу 10% повеќе ѕвездено зрачење отколку што прифаќа Земјата денес. Доколку Кеплер-452b е стеновита планета, можно е да е подложена на бесконтролен стакленички ефект. Сепак, поради својата маса (шроценет на околу 5 M🜨), можноо е да го спречи ова за одреден период (околу 500 милиони години). Без разлика на се, планетата е една од најземјоликите планети откриени досега од страна на екипата на Кеплер.
Придружници | Маса | Голема полуоска (ае) |
Орбитален период (денови) |
Занесеност | Наклон | Полупречник |
---|---|---|---|---|---|---|
b | 5 ± 2[17] M⊕ | 1,046+0.019 −0.015 |
384,843+0.007 −0.012 |
— | 89,806+0.134 −0.049° |
1,5+0.32 −0.22 R⊕ |
Споредба со Сонцето
[уреди | уреди извор]Оваа табела го споредува Сонцето со Кеплер-452.
Ознака | J2000 Координати | Растојание (ly) |
Ѕвездена класа |
Температура (K) |
Металичност (dex) |
Старост (Gyr) |
Белешки | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Ректасцензија | Деклинација | |||||||
Сонце | — | — | 0.00 | G2V | 5.778 | +0.00 | 4,6 | [8] |
Кеплер-452 [18] | 19ч 44м | 00,89с+44° 16′ | 39,2″1,400 | G2V | 5.757 | +0,21 | 6,0 | [19] |
Белешки
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Brown, A. G. A.; и др. (Gaia collaboration) (август 2018). „Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties“. Astronomy & Astrophysics. 616. A1. arXiv:1804.09365. Bibcode:2018A&A...616A...1G. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Запис на DR2 од „Гаја“ за овој извор на VizieR.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Kepler Input Catalog search result“. Space Telescope Science Institute. Посетено на 25 July 2015.
- ↑ Witze, Alexandra (23 July 2015). „NASA spies Earth-sized exoplanet orbiting Sun-like star“. Nature. Посетено на 23 July 2015.
- ↑ 4,0 4,1 (23 јули 2015). "NASA’s Kepler Mission Discovers Bigger, Older Cousin to Earth". Соопштение за печат. посет. 23 јули 2015 г
- ↑ Rincon, Paul (23 July 2015). „'Earth 2.0' found in Nasa Kepler telescope haul“. BBC. Посетено на 23 July 2015.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Jenkins, Jon M.; Twicken, Joseph D.; Batalha, Natalie M.; Caldwell, Douglas A.; Cochran, William D.; Endl, Michael; и др. (2015). „Discovery and validation of Kepler-452b: A 1.6 R⨁ super Earth exoplanet in the habitable zone of a G2 star“. The Astronomical Journal. Institute of Physics. 105 (2): 56. arXiv:1507.06723. Bibcode:2015AJ....150...56J. doi:10.1088/0004-6256/150/2/56.
- ↑ „Solar Variability and Terrestrial Climate - NASA Science“. Посетено на 8 January 2013.
- ↑ 8,0 8,1 Williams, David R. (2004). „Sun Fact Sheet“. NASA. Посетено на 23 June 2009.
- ↑ Morton, Timothy; Johnson, John (23 August 2011). „On the Low False Positive Probabilities of Kepler Planet Candidates“. The Astrophysical Journal. 738 (2): 170. arXiv:1101.5630. Bibcode:2011ApJ...738..170M. doi:10.1088/0004-637X/738/2/170. Посетено на 2 March 2014.
- ↑ NASA (27 January 2014). „Kepler – Discoveries – Summary Table“. NASA. Архивирано од изворникот на 2017-04-01. Посетено на 1 March 2014.
- ↑ Hessman, Frederic V.; Dhillon, Vikram S.; Winget, Donald E.; Schreiber, Matthias R.; Horne, Keith; Marsh, Thomas R.; Guenther, Eike W.; Schwope, Axel D.; Heber, Ulrich (2010). „On the naming convention used for multiple star systems and extrasolar planets“. arXiv:1012.0707 [astro-ph.SR].
- ↑ Williams, Matt (9 May 2016). „Life Cycle of the Sun“. Universe Today. Посетено на 17 August 2016.
- ↑ Cain, Fraser (23 December 2015). „What Color is the Sun?“. Universe Today. Посетено на 17 August 2016.
- ↑ „The Habitable Exoplanets Catalog – Planetary Habitability Laboratory @ UPR Arecibo“. upr.edu.
- ↑ „Super-earth 'most likely' candidate for hosting alien life“. Sky News (англиски). Посетено на 2018-08-03.
- ↑ „NASA Exoplanet Archive – Confirmed Planet Overview – Kepler-452b“. NASA Exoplanet Archive. 2015. Посетено на 23 July 2015.
- ↑ „NASA's Kepler Mission Discovers Bigger, Older Cousin to Earth“. National Aeronautics and Space Administration. 23 July 2015. Архивирано од изворникот на 2016-08-20. Посетено на 10 June 2016.
- ↑ Кеплер-452 at SIMBAD - Ids - Bibliography - Image.
- ↑ „Planet Kepler-452 b (sic)“. Посетено на 6 July 2016.