Кирил Пенушлиски
Кирил Пенушлиски | ||
Роден | 15 ноември 1912 Солун, Егејска Македонија | |
---|---|---|
Починал | 23 мај 2004 Скопје, Македонија |
Кирил Илиев Пенушлиски (15 ноември 1912 - 23 мај 2004) — истакнат македонски фолклорист, основоположник на оваа наука во Македонија.
Роден е во Солун на 15 ноември 1912 година. Татко му Илија бил трговец а мајката Катерина домаќинка. Завршил основно образование во родниот град, потоа гимназија во Скопје во 1931 година. Во 1938 година завршил Филозофски факултет, група Југословенска книжевност и докторирал на тема: "Стефан Верковиќ - собирач на македонски народни умотворби" (1956 г.). За време на окупацијата активно бил вклучен во НОБ, (бил претседател на илегалниот НОО одбор на Скопје), а по војната работел на повеќе важни функции, во Министерството за трговија, генерален секретар на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", професор на Филозофскиот (подоцна Филолошкиот) факултет, Декан на овој факултет, Ректор на Скопскиот универзитет, член на Советот на републиката и др. Доктор по филолошки науки и основоположник на македонската фолклористика. Почесен член на ДПМ.
Пенушлиски е татко на ликовниот уметник Илија Пенушлиски.
Творештво
[уреди | уреди извор]- Пословици со Харалампие Поленаковиќ (1954),
- Марко К. Цепенков, Македонски народни приказни, три книги, (1958-9),
- Стефан И. Верковиќ, Македонски народни песни (1961),
- Миладиновци, Зборник, заедно со Димитар Митрев и Александар Спасов (1962),
- Книга за Миладиновци, заедно со Димитар Митрев и Александар Спасов(1962),
- Народна поезија (1964),
- Народни приказни (1964),
- Црвен се бајрак развева (1965),
- Македонско народно творештво, во десет книги, (1968-1973),
- Волшебни приказни (1968),
- Јуначки песни (1968),
- Обредни и митолошки песни (1968),
- Ајдутски и револуционерни песни , соработник Јован Бошковски, (1969),
- Пословици и гатанки (1969),
- Преданија и легенди (1969),
- уредник на Љубовни народни песни, избор и редакција Душко Наневски (1971),
- Приказни за животни (1973),
- Битови приказни и анегдоти (1973),
- Трудови, семејни и хумористични песни (1973),
- Марко К. Цепенков, Македонски народни умотворби во десет книги (1972), главен уредник, Блаже Ристовски, одговорен уредник и Томе Саздов, член на редакцијата,
- Малешевски фолклор (1980),
- Македонски еротски приказни (1981),
- Македонски фолклор(1981),
- Светот на приказните на Марко К. Цепенков (1982),
- Гоце Делчев во фолклорот, заедно со Танас Вражиновски (1983),
- Марко Крале, легенда и стварност (1983),
- Македонски народни балади (1983),
- Стефан И. Верковиќ, Македонски народни умотворби во пет книги (1985),
- Болен Дојчин (1986),
- Богови и попови, заедно со Танас Вражиновски (1987),
Одбрани фолклористички трудови, четири книги, (1988),
- Васил Икономов, Старонародни песни и обичаи од Западна Македонија, со Блаже Ристовски и Блаже Петровски, (1988),
- Марко К. Цепенков, Македонски народни приказни во пет книги (1989),
- Народната култура на Егејска Македонија (1992),
- Фолклорни поетски мотиви (1992),
- Зборникот на Панајот Гиновски од Галичник (1995),
- Митот и фолклорот (1996),
- Ѓорѓи Милошев, Галички свадбарски народни песни (1996),
- Приказни за лисицата (1997),
- Македонски фолклор, историски преглед, (1999)
Книги за деца:
Јуначки мегдан (1964)
Итри, будалести и секакви (1964).
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Статија во Утрински весник Архивирано на 19 август 2011 г. .
- Статија во Дневник .
- Кратка биографија Архивирано на 30 септември 2010 г. на страницата на Друштвото на писателите на Македонија.
Извори
[уреди | уреди извор]- Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје 2009, стр. 1132
|
|