Корана (река)
Реката Корана извира кај Плитвичките Езера (национален парк). Нејзината должина изнесува 134,2 км, а се влева во реката Купа кај Карловац. Припаѓа на црноморскиот слив и не е пловна. Многу делови од Корана минуваат низ, сликовити, варовнички кањони високи и над сто метри. Овие кањони се обраснати со букова шума или се оголени. Во горниот ток на реката се наоѓаат сликовити пештери.
Не се знае точно од каде потекнува името на Корана. Споре некои „Корана“ е извадок од зборот „Кора“ (билка или растение), а според некои „Корана“ таканаречена „Горана“, означува вода која тече од горе. Во Слуњ во Корана се влева Слуњчица. Овдека настанале водопадите Растоки. Кај Карловац во Корана се влева Мрежница.
Мал дел од реката протекува н низ Босна и Херцеговина (низ селото Тржац и Тржачка Раштела, во општината Казин). Во Тржац е направена плажа. Во неа се влева реката Мутница.
„Корана (река)“ на Ризницата ? |
|