Кралски марш
макед. Кралски марш | |
---|---|
1761 партитура | |
национална химна на Шпанија | |
Друг наслов | Marcha Granadera Marcha Real Española |
Текст | нема |
Музика | непознат автор |
Усвоена | 1770 г. |
Звучен извадок | |
Marcha Real | |
Кралски марш (шпан. La marcha real) е државна химна на Шпанија. Таа е позната и како Marcha Granadera или Marcha Real Española.
Химната нема текст, туку само музика.[1] Постојат две верзии: кратка и долга, а со посебен пропис е одредено која верзија кога ќе се користи.
Шпанската државна химна е една од најстарите во Европа. За првпат се спомнува во 1761 година во документот Libro de Ordenanza de los toques militares de la Infantería Española ("Книга на правила за воената музика во шпанската пешадија"). Наречена е Marcha Grenadera, а името на композиторот останало непознато.
Во 1770 година кралот Карлос III ја прогласил Marcha Granadera за официјален почесен марш што заземал свое место на јавни и церемонијални свечености. Затоа што секогаш бил изведуван на јавни настани на кои присуствувале и членовите на кралското семејство, Шпанците почнале да го нарекуваат Marcha Real, односно Кралски марш.
Официјална химна на Шпанија Кралскиот марш станал во 1997 година.
Текст
[уреди | уреди извор]Иако La marcha real денес официјално нема стихови, во минатото биле правени обиди тие да се напишат. Една верзија била користена за време на владеењето кралот Алфонсо XIII, а друга за време на диктатурата на генерал Франко. Сепак, ниту една од нив никогаш не била официјализирана.
Химната почнала да се изведува без текст од 1978 година, кога текстот што го одобрил генералот Франциско Франко бил отфрлен[2].
Претседателот на Шпанскиот олимписки комитет, Алехандро Бланко, во 2007 година изјавил дека чувствува потреба да се напише текст[3] за La marcha real, особено пред кандидатурата на Мадрид да биде домаќин на Олимписките игри во 2016 година.[4][5][6]
Голем број политичари, вклучувајќи го и премиерот Хосе Луис Родригес Запатеро, се изјасниле дека не сакаат Баскијците, Каталонците или Галисијците кои имаат тенденција да се идентификуваат со сопствените региони, наместо со шпанската држава, да се чувствуваат отуѓено. Посебно затоа што голем број на автономни покраини на Шпанија имаат свои химни.
Јавниот конкурс за текст за химната резултирал со 7.000 пријави. На 16 јануари 2008 година, само пет дена по објавувањето на победникот во јавноста, Шпанскиот олимписки комитет го повлекол предлогот, посебно по широката јавна дебата и критиките дека избраниот текст има националистички тон.[7][8]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Spain – Marcha Real“. NationalAnthems.me. Посетено на 26 јануари 2021.
- ↑ Divisive national anthem lyrics ditched Wed Jan 16, 2008
- ↑ «El Comité Olímpico Español encarga una letra para el himno nacional», El Mundo, 02/06/2007
- ↑ „Liverpool fans help inspire Spain to write words to anthem“. Reuters. 5 јуни 2007. Архивирано од изворникот на 2 февруари 2008.
- ↑ „Spain to add lyrics to wordless national anthem“. NBC News. 26 јуни 2007. Посетено на 26 јануари 2021.
- ↑ „Lost for Words“. The Economist. 384 (8539).
- ↑ „'¡Viva España! Cantemos todos juntos con distinta voz y un solo corazón'“ (шпански). Unidad Editorial. 11 јануари 2021 2008. Посетено на 26 јануари 2021. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Гаридо, Хектор М. (16 јануари 2008). „El himno de España vuelve a quedarse sin letra“ (шпански). Grupo PRISA. Посетено на 26 јануари 2021.