Кремлинген
Кремлинген | |
Замок Дештет | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Волфенбител |
Градоначалник | Детлеф Кац (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 59,25 км2 |
Надм. височина | 119 м |
Население | 13.289 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 224 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | WF |
Пошт. бр. | 38162 |
Повик. бр. | 05306 |
Портал | www.cremlingen.de |
Местоположба на Кремлинген во рамките на округот Волфенбител | |
Координати | 52°14′56″N 10°39′15″E / 52.24889° СГШ; 10.65417° ИГД |
Кремлинген (германски: Cremlingen) — општина во округот Волфенбител, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со Лере, Кенигслутер, Зикте и Брауншвајг. Делови од општината се наоѓаат на ридскиот масив Елм.
Географија
[уреди | уреди извор]Општината се наоѓа помеѓу Северногерманската Низина и средногерманските ридови.
Општински единици
[уреди | уреди извор]Кремлинген настанал во 1974 година со спојување на поранешните општини:
- Абенроде (500 жит.)
- Кремлинген (2.651 жит.)
- Дештет (1.512 жит.)
- Гардесен (585 жит.)
- Хемкенроде (384 жит.)
- Хордорф (1.105 жит.)
- Клајн Шепенштет (701 жит.)
- Шандела (2.284 жит.)
- Шуленроде (282 жит.)
- Ведел (3076 жит.)
бројот на жители од 1 јануари 2016
Историја
[уреди | уреди извор]Од 8 мај 1944 до 12 април 1945 година постоел концентрациски камп.[2] Кампот бил подкамп на концентрацискиот камп Нојенгаме.
До укинувањето во 1974 година, некогашните општини припоени во Кремлинген биле дел од округот Брауншвајг.
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Општината има две железнички станици во местата Шандела и Ведел на железничката линија од Брауншвајг до Магдебург; Ведел е опслужуван и од возовите кон Волфсбург.
Сојузниот автопат 1 поминува низ општината, а од крајот на септември 2006 година, Кремлинген има врска до сојузниот автопат 39, кој нуди врски до Волфсбург и Брауншвајг.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Кампот е забележан под бр. 1292 Шандела, Округ Брауншвајг, во официјалниот германски список
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Кремлинген на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)
|
|
Оваа статија за место во Долна Саксонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |