Прејди на содржината

Лагос

Од Википедија — слободната енциклопедија

Комерцијалниот центар на Лагос

Лагос, Нигерија Нигерија

Површина 300 км2
Население 10-15,5
(приб.)
Густина на насел. 31 000 жит./км2
Административна поделба Општина Лагос
Гувернер Бола Тинубу
Координати: 6°34′60″С, 3°19′59″И

Лагос, а многу ретко познат и како Еко според јорупскиот назив, е најголемиот град во Нигерија. Проценките за бројот на жителите на градот значително варираат, но генерално тие се движат во границите од 10 до 15,5 милиони луѓе, правејќи го притоа вториот најголем град во Африка (по Каиро).

Лагос прерасна од мала Јоруба населба во комерцијалниот и популациски центар на Нигерија. Тој ги преживеа периодите на доминација од две европски сили.

Лагос е поранешниот главен град на Нигерија кој денес е заменет со Абуџа, но градот останува комерцијален центар на Нигерија. Градот официјално го изгуби својот статус како главен град на 12 декември 1991 година.

Климата во Лагос е слична со онаа на остатокот од Нигерија. Има две дождливи сезони, а најголемите дождови паѓаат од април до јули. Послабата дождлива сезона е во октомври и ноември. Постои релативно суво време во август и септември и подолга сува сезона од декември до март. Месечното количество на дожд помеѓу мај и јули варира од преку 300 mm, додека во август и септември се намалува до 75 mm, а во јануари е најниско - 35 mm. Главната сува сезона е придружена со харматански ветрови од пустината Сахара, кои можат да бидат многу силни во декември и февруари.

Комерцијален центар останува островот Лагос, кој е поврзан со копното преку три големи мостови: Еко, Картер и Третиот Копнен Мост. Островите Икоји и Викторија се тесно поврзани со островот Лагос. Главните пристаништа се во Апапа, сместен спротивно од Лагос. Постојат многу други области на копното. Една од нив, Икеја, е местото каде се наоѓа Меѓународниот аеродром Муртала Мохамед..

Лагос е главното и водечко пристаниште на Нигерија. Пристаништето може да се подели во три главни делови: пристаниште Лагос, пристаниште Апапа и конзерванско пристаниште, сите сместени на Гвинејскиот Залив.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]