Прејди на содржината

Леон Штукељ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Леон Штукељ
Леон Штукељ во 1958 година
Лични податоци
Роден(а)12 ноември 1898(1898-11-12)
Ново Место, Австроунгарија
Починал(а)8 ноември 1999(1999-11-08) (возр. 100)
Марибор, Словенија
Спорт
ЗемјаКралство Југославија Југославија
СпортГимнастика

Леон Штукељ (12 ноември 1898 – 8 ноември 1999) — југословенски гимнастичар од словенечко потекло, освојувач на првиот олимписки златен медал за Југославија.

Штукељ е позната личност во словенската спортска историја. Тој е еден од малкуте словенски спортисти кои се искачиле на самиот врв на спортот, останувајќи таму од Светското првенство во 1922 во Љубљана па сè до Летните олимписки игри 1936 одржани во Берлин, на кои тој ја завршил својата спортска кариера.

Штукељ се натпреварувал на седум големи меѓународни натпреварувања и освоил вкупно дваесет медали: осум златни, шест сребрени и шест бронзени медали. На Олимписките игри тој освоил вкупно шест медали: два златни медали на игрите во 1924 во Париз, еден златен и два бронзени медали на игрите во 1928 во Амстердам, и еден сребрен медал на игрите во 1936 во Берлин.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Штукељ е роден во Ново Место, Австроунгарија (денес Словенија).

Леон Штукељ во Белград во 1930

Во 1927 година, тој ги завршил своите правни студии. Уште од рана возраст, тој бил активен член на спортското друштво Сокол. По завршувањето на својата спортска кариера тој станал судија, првично во својот роден град Ново Место. Потоа тој се преселил во Ленарт, а подоцна и во Марибор, каде живеел сè до неговата смрт. По Втората светска војна, Штукељ не бил поддржувач на ново формираниот комунистички режим на Југославија. Се претпоставува дека за време на Втората светска војна, тој бил дел од југословенското движење Четници, кое бил непријателски настроено кон Титовите партизани, и одржувал контакти со Британската управа за специјални операции.[1][2][3]. По војната, тој бил првично притворен а потоа и ослободен, но трајно му била одземена дозволата да биде судија. Тој работел како адвокатски помошник сè до своето пензионирање. Во 1989 година, тој ја издал автобиографијата Моите седум светски натпреварувања (Mojih sedem svetovnih tekmovanj).

Штукељ бил специјален гостин на свеченото отворање на Летните олимписки игри 1996 одржани во Атланта како тогаш-најстариот жив освојувач на златен олимписки медал, каде се ракувал со американскиот претседател Бил Клинтон. Тој исто така ги доделил медалите во машка конкуренција во гимнастика. Тој бил поканет да присуствува на свеченото отворање на игрите во 2000 во Сиднеј, но за жал, тоа не се случило.

На неговиот 100. роденден во 1998 година била организирана голема прослава во Словенија. Штукељ сè уште вежал редовно дури пред неговата смрт, која настанала четири дена пред да наполни 101 година.

Во знак на благодарност и сеќавање, две спортски сали во Ново Место и Марибор го носат неговото име.

Куќа на славни

[уреди | уреди извор]
  • (1997) – бил примен во Меѓународната гимнастичка куѓа на славни[4]
  • (2011) – бил примен во куќата на славните која ги слави словенските спортисти[5]
  1. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-06-28. Посетено на 2015-11-22.
  2. http://www.novosti.rs/vesti/naslovna/aktuelno.69.html:173252-Slovena269ke-straze--273enerala-Draze
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-07-18. Посетено на 2015-11-22.
  4. „LEON STUKELJ“. International Gymnastics Hall of Fame. Посетено на 12 May 2007.
  5. dolenjskilist.si

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]