Прејди на содржината

Маж

Од Википедија — слободната енциклопедија
Создавањето на Адам од Микеланџело (околу 1511)

Маж е човек од машкиот пол. Терминот маж е обично резервиран за возрасните луѓе од машки пол, со што терминот момче е вообичаениот термин за машко дете или адолесцент.

Како и кај повеќето други машки цицачигеномот на мажот обично наследува еден X хромозом од својата мајка и Y хромозом од таткото. Машкиот фетус произведува поголеми количини на андрогени и помали количини на естрогени од женскиот фетус. Оваа разлика во однос на количините на овие полови стероиди во голема мера е одговорна за физиолошките разлики меѓу мажите и жените. За време на пубертетот, хормоните кои го стимулираат производството на андрогинот резултираат со развој на секундарните полови одлики.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Зборот маж поттекнува од прасловенскиот мǫжь, од праиндоевропскиот mon-g- (од каде поттекнува и англискиот збор man).

Возраст и терминологија

[уреди | уреди извор]

Терминот машкост се користи за да се опише период во животот на човек од машки пол откако тој помине низ пубертет и ги има добиено машките секундарните полови одлики. Терминот машкост е поврзан со мажественоста и се однесува на машките родови улоги.

Биологија и пол

[уреди | уреди извор]

Кај човечките суштества постои полов диморфизам во однос на многу одлики, многу од кои немаат директен линк со репродуктивната способност. Повеќето изрази на полов диморфизам кај луѓето се во однос на висината, тежината и телесната структура, иако секогаш постојат примери кои не ја следат целокупната шема. На пример, мажите имаат тенденција да бидат повисоки од жените, но постојат многу луѓе од двата пола кои се со средна висина.

За време на почетокот на феталниот развој, ембрионите и од двата пола изгледаат полово-неутрални. Како и во случаите без два пола, како што се видовите кои се размножуваат бесполово, полово-неутралниот изглед е поблиску до женскиот изглед. Фетусот обично се развива во машки ако е изложен на значителен износ на тестостерон (типично бидејќи фетусот има Y хромозом од таткото). Инаку, фетусот стандардно се развива во женски, обично кога фетусот има X-хромозом од таткото, но исто така и кога таткото не придонесе ниту X ниту Y хромозом.

Некои примери за машки секундарни полови одлики кај луѓето, оние стекнати откако момчињата стануваат мажи, па дури и подоцна во животот, се:

  • повеќе срамни влакна
  • повеќе влакна на лицето
  • поголеми раце и нозе
  • пошироки раменици и гради
  • поголем череп и коскена структура
  • поголема мускулна маса
  • поистакнато Адамово јаболоко и продлабочување на гласот
  • поголема висина
Витрувиевот маж од Леонардо да Винчи ги прикажува пропорциите на мажот.[1]

Полови одлики

[уреди | уреди извор]

Во човештвото, полот на поединецот е генерално утврден во времето на оплодување од страна на генетскиот материјал во сперматозоидот. Ако сперма со X хромозом ја оплоди јајце-клетката, детето ќе биде девојче (XX); ако сперма со Y хромозом ја оплоди јајце-клетката, детето ќе биде машко (XY). Лицата чија анатомија или хромозомски состав се разликува од овој модел се нарекуваат интерсексуални.

Ова е познато како XY систем на полово определување и е типичен за повеќето цицачи, но постојат и неколку други системи за одредување на полот, вклучувајќи и некои кои не се генетски.

Терминот основни полови одлики се однесува на видот на гаметата која гонадата ја произведува: јајниците произведуваат јајце-клетки кај женските, а тестисот произведува сперма клетки кај машките. Терминот секундарни полови одлики се однесува на сите други полови разлики кои играат директна улога во обединувањето на спермата и јајце-клетката.

Репродуктивен систем

[уреди | уреди извор]
Човекова машка репродуктивна анатомија.

Машките полови органи се дел од репродуктивниот систем, кој се состои од пенис, тестиси, vas deferens и простата. Машкиот репродуктивен систем има функција да произведува сперма чии генетски информации можат да се обединат со јајце-клетката на жената. Проучувањето на машката репродукција и придружните органи се нарекува андрологија.

Karyogram на човечки машки користење Giemsa боење. Човековите мажи обично поседуваат некоја XY комбинација.

Полови хормони

[уреди | уреди извор]

Кај цицачите, хормони кои влијаат врз половата диференцијација и развој се андрогените (главно тестостеронот), кои го стимулираат подоцнежниот развој на јајниците. Во полово недиференцираниот ембрион, тестостеронот го стимулира развојот на вулфианските канали, пенисот и затворањето на лабиоскроталните набори во скротумот. Друг значаен хормон за половата диференцијација е анти-мјулеринскиот хормон, кој го инхибира развојот на мјулеринските канали.

Главно, мажите страдаат од многу од истите болести како и жените. Иако помалку жени отколку мажи се родени (соодносот е околу 1:1.05), поради подолг животен век постојат само 81 мажи на возраст од 60 или погоре за секои 100 жени на иста возраст. Жените обично имаат подолг животен век отколку мажите.[2] Ова се должи на комбинација од фактори: генетика (излишни и различни гени се присутни на половите хромозоми кај жените); социологија и особено изборите во однос на здравјето (како самоубиството или употребата на цигари и алкохол); присуството на женскиот хормон естроген, кој има кардиопротективен ефект кај жените пред менопауза; и ефектот од високите нивоа на андрогени кај мажите. Од вкупниот број на човечката популација во 2015 година, имаше 101.8 мажи за секои 100 жени.[3]

Дејвид од Микеланџело е класична слика на младешката машка убавина во Западната уметност.

Денес доста е познато за развојот на машките одлики. Процесот на полова диференцијација специфична за репродуктивниот систем на Homo sapiens произведува женски стандардно. SRY генот на Y хромозомот, сепак, вмешувајќи се во стандардниот процес, предизвикува синџир на настани кои водат кон формирање на тестиси, производство на андрогин и голем број на пред-натални и пост-натални хормонални ефекти опфатени со терминот маскулинизација. Бидејќи маскулинизацијата ги редиректира биолошките процеси од стандардниот женски пат, таа е поточно наречена дефеминизација.

Мажот како мотив во уметноста

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. The Vitruvian man
  2. „Why is life expectancy longer for women than it is for men?“. Scientific American. 2004-08-30. Посетено на 2009-10-17.
  3. „United Nations Statistics Division — Demographic and Social Statistics“. Посетено на 2017-02-04.
  4. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 66.

Дополнителна литература

[уреди | уреди извор]
  • Andrew Perchuk, Simon Watney, bell hooks, The Masculine Masquerade: Masculinity and Representation, MIT Press 1995
  • Pierre Bourdieu, Masculine Domination, Paperback Edition, Stanford University Press 2001
  • Robert W. Connell, Masculinities, Cambridge : Polity Press, 1995
  • Warren Farrell, The Myth of Male Power Berkley Trade, 1993 ISBN 0-425-18144-8
  • Michael Kimmel (ed.), Robert W. Connell (ed.), Jeff Hearn (ed.), Handbook of Studies on Men and Masculinities, Sage Publications 2004

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]