Ману Чао
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Ману Чао (шпански: [ˈmanu ˈtʃao]; born José-Manuel Thomas Arthur Chao; македонски: Хосе-Мануел Томас Артур Чао роден на 21 јуни 1961 во Париз) е француски пејач со шпанско потекло (Баскија и Галисија). Пее на француски, шпански, англиски, галисиски, арапски и португалски а понекогаш и на други јазици. Чао ја започна својата музичка кариера во Париз свирејќи на улица и настапувајќи со групите Hot Pants и Los Carayos, кои комбинираа повеќе јазици и музички стилови. Во 1987 со пријателите и неговиот брат Антоан Чао го формираат бендот Mano Negra, со кој постигнува голем успех, особено во Европа. Со распаѓањето на бендот во 1995 тој станува соло изведувач, и од тогаш редовно настапува на турнеи со неговиот бенд во живо, Radio Bemba.
Детство и младост
[уреди | уреди извор]Чао е роден во Париз, Франција, а неговите родители имаат потекло од Шпанија. Неговата мајка, Фелиса Ортега, е од Билбао, во покраината Баскија а неговиот татко, писател и новинар, Рамон Чао е од Вилалба, Галисија. Тие се селат во Париз за да ја избегнат диктатурата на Франциско Франко - дедо му на Ману бил осуден на смрт. Набргу по раѓањето на Ману, семејството Чао се сели во пооддалечените предградија на Париз, и Ману го минува поголемиот дел од детството во Булоњ-Бијанкур и Севр. Како што расте, тој беше опкружен со голем број уметници и интелектуалци, од кои повеќето се познаници на татко му. Чао вели дека голем број од искуствата од детството му биле инспирација за некои песни.
Кариера
[уреди | уреди извор]Раните почетоци и Mano Negra
[уреди | уреди извор]Под влијание на рок сцената во Обединетото Кралство, особено The Clash, The Jam и Dr. Feelgood, во средината на 1980-тите години Чао и други музичари формираат шпанско-англиска рокабили група Hot Pants. Во 1984 групата издава демо со наслов „Mala Vida”, кое добива многу пофалби од локалните критичари но сепак не добива многу внимание. Кога групата го издаде својот прв албум во 1986 година париската алтернативна музичка сцена згаснува, и Ману, неговиот брат Антоан Чао и пријатели како Алан од Les Wampas, го формираат бендот Los Carayos за да го обединат овој звук со стиловите рокабили и панк од Hot Pants. Los Carayos осум години им е во втор план на изведувачите кои издаваат три албуми во првите две години и последниот албум во 1994 година.
Во 1987, браќата Чао и нивниот братучед Сантјаго Касариего го основаат бендот Mano Negra, составен од повеќе раси. Почнувајќи во помала музичка куќа, групата издава преработена верзија од синглот „Mala Vida” од Hot Pants, кој брзо станува хит во Франција. Брзо потоа групата се префрла во Virgin Records, и наредната година го издаваат својот прв албум Patchanka. Иако групата не стекнува многу слава на пазарот каде се зборува англиски јазик, наскоро следи популарност низ останатиот дел од светот, достигнувајќи Топ 5 во Холандија, Италија и Германија. Бендот стекнува одредена слава во Јужна Америка со Карго турнејата во 1992, каде што имаат настапи во некои пристанишни градови на бина вградена во складишниот дел на бродот со кој патуваат. Исто така, Mano Negra има турнеја речиси по цела Јужна Америка во воз повлечен од употреба. За време на овие две турнеи, започнаат несогласувања меѓу членовите на бендот, и многу од нив, вклучувајќи го и братот на Ману, Антоан, ја напуштаат групата во 1994 година. По издавањето на нивниот последен албум, Casa Babylon, Ману Чао го сели бендот во Мадрид, но судските спорови со поранешните членови доведуваат бендот да се распадне во 1995 година.
Музиката на Mano Negra се одликува со енергични и живи ритми, кои се симболизирани во насловот на нивниот прв албум Patchanka, кој потекнува од зборот pachanga (што разговорно значи забава) и јасна неформалност која и дозволува на публиката да се вклучуи и да се чувствува блиску до нејзиниот звук. Во нивните албуми се присутни мешани музички жанрови.
Соло кариерата со Radio Bemba
[уреди | уреди извор]По пристигнувањето во Мадрид, Чао и останатите членови од бендот Mano Negra формираа нова група, Radio Bemba Sound System ( крстена по системот за комуникација во Сиера Маестра кој го користеа Кастро и Гевара во бунтовите за време на Кубанската револуција), настапувајќи со групи со различно потекло како што се: мексиканскиот бенд Tijuana No!, бразилскиот бенд Skank и аргентинскиот бенд Todos Tus Muertos. Целта била да се направи копија од звукот на уличната музика и барски сцени од различни култури; за таа цел, Чао и групата минуваат неколку години во патување низ Јужна и Средна Америка, снимајќи нова музика. Добиената музика драстично се разликува од Mano Negra; песните се главно на шпански јазик со само неколку француски песни а музичкиот стил се префрла од панк и алтернативни стилови до уличен ритам кој Чао сака да го постигне. Песните се издадени во албумот Clandestino во 1998 година на име на Ману Чао. Иако веднаш не стекнува успех, албумот стекнува популарност во Франција со хитовите „Bongo Bong” и „Clandestino” и албумот најпосле добва награда за најдобар албум на светска музика во 1999 на доделувањата на наградите Victories de la Musique. Продадени се преку 5 милиони примероци од албумот.
Вториот албум на Чао со Radio Bemba Sound System, Proxima Estacion:Esperanza се издава во 2001 година. Овој албум, кој го добива своето име по една мадридска метро станица (насловот се преведува „Следна станица: Надеж”) содржи сличен звук како Clandestino, но со поголемо карипско влијание од првиот албум. Албумот веднаш станува хит, и боди до успешна турнеја и во 2002 година со албум во живо Radio Bemba Soundsystem. Две години подоцна, Чао се навраќа на француските корени и издава албум на француски јазик Sibérie m'était contée, со вклучена книга со текстовите од песните и илустрации од Јачек Возниак. Следниот албум на Ману Чао, La Radiolina (што буквално на италијански значи мало радио, но и џебно радио) се издава на 17 септември 2007 година. Ова е првото меѓународно издавање по Proxima Estacion: Esperanza од 2001 година. Првиот сингл од албумот беше „Raining in Paradize”, кој беше достапен за преземање на неговото мрежно место пред да се издаде албумот. Разгледувањето на концертите покажува дека музиката од албумот La Radiolina веќе била изведена во живо уште во април 2007 година во шоуто Coachella.
Други дела
[уреди | уреди извор]Во 2003 година Чао започнува соработка со дуото Амаду и Маријам и подоцна го породуцираше нивниот албум Dimanche a Bamako („Недела во Бамако”) во 2004 година. Неговата песна „Me llaman Calle”, напишана за шпанскиот филм Princesas, освои номинација за најдобра оригинална песна на филмскиот фестивал Гоја. Песната беше издадена во албумот La Radiolina во 2007 година. Во песната „Calle go Lem” на групата Go Lem System се вментнати гласовите од оваа песна. Весникот Time ја прогласи песната „Me llaman Calle” за една од десетте најдобри песни за 2007 година и ја смести на осмото место. Писателот Џош Тирангиел забележува:
Топлото пеење на Чао на контра мелодијата на разиграното фламенко на Хосе Мануел Гамбоа и Карлос Хереро создава директна емоционална линија во јадрото на оваа балада со средно темпо. Со нејзината лесна мелодија и универзален ритам песната „Me llaman Calle” гордо се движи во сенката на Боб Марли, последниот човек кој ја направи светската музика разоружувачки едноставна.
Неговата песна „La vida Tombola” е направена за документарниот филм Марадона на српскиот режисер Емир Костурица. Ману Чао и Тонино Каротоне ја изведоа песната „La Trampa” за краткотрајната импровизациска комедија Drew Carey's Green Screen Show. Британските изведувачи Роби Вилијамс и Лили Ален ги преработија песните „Bongo Bong” и „Је ne t'aime plus” од албумот Clandestino, и ги снимија како една песна „Bongo Bong and Je ne t'aime plus” и ја издадоа како сингл од албумот Rudebox. Ману Чао му ја пееше својата песна „La vida Tombola” од албумот Ла Радиолина на фудбалската легенда Диего Марадона на улиците на Буенос Аирес.
Стил и влијанија
[уреди | уреди извор]Ману Чао пее на француски, шпански, галицијски, португалски, арапски, англиски и волоф јазик (јазикот кој се зборува во Сенегал, Гамбија и Мавританија) а често меша и повеќе јазици во една иста песна. Неговата музика е под влијание од панк, рок, француски шансони, ибероамериканска салса, реге, ска и алжирско раи. Овие влијанија ги добиваше од доселеници во Франција, од неговите ибероамерикански корени, а најмногу од неговите патувања во Средна Америка како номад, следејќи го распаѓањето на Mano Negra. Многу од текстовите на песните на Чао зборуваат за имиграција, љубов, животот во гето, дрога и носат левичарски пораки. Ова ги одразува политичките гледишта на Чао - тој е многу близок со запатистите и со неговиот портпарол Маркос. Неговиот бенд Mano Negra веројатно е упатување на анаристичка група. Има многу следбеници меѓу европските лево ориентираните и анти-глобализациските движења. Историчарот на панкот и регето Вивиен Голдман ја коментира неговата работа: „Пишував за Good Charlotte и за The Police. Тие ги усвоија белезите на панкот. Тие не се лоши групи, но аспектот на панкот повеќе се манифестира од некој како Ману Чао. Тој е еден од најпанкерските изведувачи на кои можам да се сетам.”
Чао има тенденција да искористува музика и текстови од претходни песни за да направи нови. Текстот на современата хит песна во Франција „Bongo Bong” е преземен од поранешниот хит на Mano Negra „King of the Bongo”, која е во сличен стил со The Clash. Музиката од песната „Bongo Bong”, пак, Чао ја искористил и во неколку други песни како што е „Је ne t'aime plus” од истиот албум и „Mr. Bobby” и „Homens” од албумот Proxima Estacion: Esperanza. Исто така, музиката од песната „La Primavera” од истиот албум се искористи и во неколку други песни од плочата, текстови на неколку песни од албумот Sibérie m'était contée се повторуваат неколкупати со различна музика, што доведе до интерпретација на текстот на повеќе начини во зависност од музиката. Неколку музички теми и клипови се појавуваат албумот на Амаду и Маријам Dimanche a Bamaco во продукција на Чао, кои се продуцираа во од прилика истото време.
Иако Чао е доста познат во Европа и Латинска Америка, тој го немаше истиот успех во земјите каде што се зборува англиски јазик. Турнеите во Соединетите Американски Држави не беа толку успешни како на другите места и се чини дека Чао ги фокусираше своите напори на места од каде што неговиот музички стил влече корени. Иако тој ретко настапува во САД, Чао често свиреше таму во 2006 година, вклучувајќи и главен настап во шоуто Lollapalooza во Чикаго во 2006 година. Неговиот последен настап на турнејата од 2006 година во САД беше добротворен концерт во Prospect Park Bandshell во Бруклин, Њујорк на 7 август. Тој се врати на истото место летото 2007 година за да направи два концерта како дел од мултикултурните концерти „Во чест на Бруклин”. Публиката ја следеше двочасовната изведба, повикувајќи го двапати на бис. Ману Чао се појави и во Merriweather Post Pavilion во Колумбија, Мериленд на распродадениот концерт на 23 јуни 2007 година. Ова беше полуспонтана средба меѓу Thievery Corporation и Ману Чао овозможена од новото пријателство кое се разви на Lollapalooza во 2006 година. Тој ги имаше главните настапи на фестивалите Austin City Limits Music Festival и Оutside Lands Music Festival во паркот Голден Гејт во 2008 година.
|