Слободно ѕидарство
Слободни ѕидари, масонство или масони (слободни ѕидари) е братска организација што се појавила кон крајот на XVI и почетокот на XVII век. Масоните денес постојат во различни видови низ целиот свет, со членство од околу пет милиони луѓе (вклучувајќи околу 480.000 во Англија, Шкотска и Ирска, и нешто помалку од два милиони во Америка).[1][2]
Сите видови масони делат исти морални и метафизички идеали, кои во најголемиот број случаи вклучуваат изјава за верување во Бог.[3]
Братството административно е организирано во Големи ложи, а секоја од нив си има свои јурисдикции. Исто така постојат дополнителни тела, кои се организации што се во тесна врска со масоните, но со своја независна администрација.
Историја
[уреди | уреди извор]Потеклото и првите почетоци на масонството е тема на дебатирање и претпоставки. Постојат некои докази кои укажуваат дека постоеле масонски ложи во Шкотска кон крајот на 16 век,[4] а сигурни докази велат дека во Англија постоеле ложи кон средината на 17 век.[5] Поемата позната како „Региус Манускрипт“ (или „масонски ракопис“) се датира од околу 1390 година, и тоа е најстариот познат масонски текст.[6]
Првата Голема ложа, (Големата ложа на Англија), е формирана на 24 јуни 1717 година, кога четири постоечки ложи во Лондон се сретнале на заедничка вечера. После тој настан, останатите англиски ложи многу брзо се придружиле.
Големите ложи на Ирска и Шкотска се формирани во 1725 и 1736 година. Масонството е однесено и во британските колонии во Северна Америка во текот на 1730-те години, и таму се оформени различни локални Големи ложи. После осамостојувањето на Америка, Големите ложи на Америка се оформени во секоја држава. Оформена е и Голема ложа на САД, со Џорџ Вашингтон (кој бил член на ложата во Вирџинија) како прв Голем мајстор, но оваа идеја кратко траела. Повеќето Големи ложи не сакале да се приклучат во вакво тело.[7]
Не постојат вистински разлики меѓу масонските практики на ложите во минатото и денес.
Најстарата надлежност во континенталниот дел од Европа ја има Големата ложа на Франција, формирана во 1728 година. Повеќето ложи од земјите од англиско говорно подрачје ги прекинале контактите со оваа ложа околу 1877 година—кога Големата ложа на Франција го сменила условот за своите членови во врска со верувањето во Бога, и го прифатила атеизмот.
Според ваквата историја, масонството се вели дека е составено од две гранки:
- Големата ложа на Англија (UGLE), и
- Големата ложа на Франција (GOdF).
Во повеќето латински земји доминира стилот на работа на Големата ложа на Франција. Во најголемиот дел од светот, доминира стилот на работа на Големата ложа на Англија, иако постојат ситни варијации.
Принципи и активности
[уреди | уреди извор]Масоните често се нарекуваат „тајни здруженија“, со што се согласуваат и самите масони, велејќи дека тој термин повеќе одговара од терминот „езотериско здружение“, бидејќи поголемиот дел од нивните активности се тајни.[8] Тајните активности во модерните масонски ложи се начините за препознавање меѓу членовите, како и одредени делови од ритуалите.[9]
Зачленување
[уреди | уреди извор]Кандидатот за масон мора да влезе во ложата од неговата држава. Треба да биде прашан од веќе постоечки член, дали сака да биде масон. Доколку се согласи, станува кандидат за член. Во некои ложи се практикува можниот кандидат да биде прашан трипати.[10] Останатите членови го одобруваат неговото членство со ставање на „бели топчиња“ во кутијата за гласање. Доколку се појави едно „црно топче“, кандидатот ќе биде одбиен. Бројот на негативни гласови за одбивање на кандидат не е ист кај сите ложи, но најчесто еден глас против е доволен.
Општи услови
[уреди | уреди извор]Општите услови за станување масон се:[8]
- Стапување во организацијата по своја слободна волја.
- Верба во Врховно битие. (Се остава простор за толкување на обликот на битието)
- Возраст од најмалку 18 години (или 25 години во зависност од правосудството на државата).
- Добро реноме, добри морални вредности.
- Да биде психо-физички здрав. (Во минатото, ложите ги одбивале кандидатите кои имале физички недостатоци).
- Да биде роден како слободен, не како роб. (Некои ложи го исфрлиле овој услов.)
- Да биде способен да ги прифати карактерните правила на ложата, кои зависат од ложа до ложа.
Отстапувањето од една или повеќе од овие услови се смета за показател за неправилна масонска организација. Сепак, може да се отстапи од некои од овие услови во случај на син на масон,[11] кој може да биде примен во организацијата пред да наполни 18 години.
Во некои Големи ложи во САД од кандидатот се бара претходно да живее според правилата на масонската организација минимум шест месеци.[12]
Религија
[уреди | уреди извор]Од кандидатот се бара да изјави дека верува во постоење на Бог. Сепак, масоните отворено изјавуваат дека не претставуваат религија. „Не постои одреден масонски Бог“, ниту посебно име за него за потребите на масоните.[13][14]
Кандидатот треба да верува во Бога, но оставено е на него самиот како ќе го објасни и како ќе го нарече својот Бог. Ова значи дека масони можат да бидат припадници на сите религии: христијанство, јудаизам, ислам, будизам, хиндуизам, итн.
Сепак, масонските организации во Скандинавија примаат само христијани во своите редови.
Жени
[уреди | уреди извор]Од 1723 година, прифатено е дека масон може да биде само маж. Најголемиот број масонски ложи не примаат жени во своите редови. Сепак, пред 1723 година, постојат неколку жени кои станале масони. Во денешно време, жените си форимираат свои ложи по углед на машките, и ги практикуваат истите ритуали. Женските масонски организации ги има низ цел свет.
Критики и спротивставување
[уреди | уреди извор]Анти-масонеријата се состои од радикално различни критики на неупатени групи, кои најчесто се во непријателство со масоните заради нешто. Тука спаѓаат религиозните групи (римо-католици и евангелисти), политичките групи (социјалисти и комунисти)[се бара извор], како и теоретичарите за светски заговор.
Противниците ги сметаат масоните за зла моќ.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ # Hodapp, Christopher. Freemasons for Dummies. Indianapolis: Wiley, 2005. p.52.
- ↑ UGLE https://web.archive.org/web/20040206160546/http://www.ugle.org.uk/masonry/YQA-about-freemasonry.htm
- ↑ Griffin, Mark (2002). „Freemasonry and Religion“. United Grand Lodge of England. Архивирано од изворникот на 2004-01-30. Посетено на 2007-05-08.
- ↑ Ripa Montesano, Domenico V. (2009). Vademecum di Loggia,. Rome Italy: Edizione Gran Loggia Phoenix. ISBN 978-88-905059-0-4. OCLC 17546610.
- ↑ Coil, Henry Wilson (1961). William M. Brown, William L. Cummings, Harold Van Buren Voorhes (уред.). Coil's Masonic Encyclopedia (Revised and Updated by Allen E. Roberts, 1995. изд.). Richmond, Va: Macoy Pub. & Masonic Supply Co. ISBN 9780880530545. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link) - ↑ „The Regius Manuscript“. Masonicsites.org. Архивирано од изворникот на 2014-02-08. Посетено на 2008-11-07.
- ↑ Bullock, Steven C.; Institute of Early American History and Culture (Williamsburg, Va.) (1996). Revolutionary brotherhood: Freemasonry and the transformation of the American social order, 1730-1840. Chapel Hill: University of North Carolina Press. ISBN 9780807847503. OCLC 33334015.
- ↑ 8,0 8,1 United Grand Lodge of England (2005) [1815]. „Aims and Relationships of the Craft“. Constitutions of the Antient Fraternity of Free and Accepted Masons (pdf). London: Freemason's Hall. стр. x–xii. OCLC 18976592. Посетено на 2007-05-08.
- ↑ Freemasons. Emulation Lodge of Improvement (London, England) (1991). Emulation Ritual. London: Lewis Masonic. ISBN 9780853181873. OCLC 40357899.
- ↑ {{наведено списание | year = 2001 | title =Ill. Ernest Borgnine, 33°, G.C., Receives 50-Year Pin | journal = The Scottish Rite Journal | url = https://web.archive.org/web/20010528020249/http://www.srmason-sj.org/council/journal/jan01/cijan.html | issn = 1076-8572 | accessdate = 2006-07-12.
- ↑ Falconer, Dan (2003-04-16). „Freemasonry: The Lewis“. Pietre-Stones Review of Freemasonry. Посетено на 2007-04-22. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Become a Mason: Requirements“. Grand Lodge of Illinois, Ancient Free & Accepted Masons. Архивирано од изворникот на 2007-08-06. Посетено на 2007-05-08.
- ↑ „Is Freemasonry a religion?“. United Grand Lodge of England. 2002. Посетено на 2007-05-08.
- ↑ Smart, Earnest (2005). „Faith and Freemasonry“. Masonic Quarterly Magazine (13). Посетено на 2007-05-07.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Повеќе за Freemasonry на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- Голема ложа на Македонија Архивирано на 5 ноември 2012 г. (македонски)
- Масонски книги (англиски)
- Библиотека и музеј на масоните - Голема ложа на Англија (англиски)
- Центар за истражувања на масонството Архивирано на 6 февруари 2010 г. (англиски)
|